Не може да се збори за хедонизам, а да не се спомене Епикур(од каде што потекнува хедонизмот), па ако се земе тоа филозофско учење во предвид, самиот наслов на темата е контрадикторен. Хедонизмот во никој случај не му се спротиставува на моралот. Она за што тука се дискутира може да се нарече сладострастие, егоизам, похота и сл. наспрам морал, но не и хедонизам версус морал.
Основниот постулат на хедонизмот како филозофско учење е:"Најголемото добро е желбата, а најголемото зло е болката".Знаејќи го само ова многу лесно е да се извлече погрешен заклучок дека хедонизмот е исто што и задоволување на страстите и себичната потреба за лично удоволување на желбите без да се осврнеме на другите околу нас и на последиците од нашите постапки. Но, ако малку се информираме за хедонизмот како за филозофско учење ќе видиме дека тоа у најмала рака нема благе везе со неговата суштина.
Затоа што самиот Епикур велел дека резултатот од чинот кој задоволува одредена наша желба, мора секогаш да се мери преку неговите евентуални попратни дејствија. Прост пример...Ти се јаде чоколадо, идеш и купваш 300 грама и ги јадеш одеднаш. Она што ќе следи е лошење и повраќање. Или па сакаш да си пројдеш весела вечер, идеш се препијуваш со алкохол, си трошиш џепарац за целиот месец, и као врв повраќаш врз јакната на твојот другар. Тоа не е хедонизам, него безумност, похлепа, итн. На таквите задоволства хедонистите не би ни плукнале, затоа што сметале дека чинот кој носи задоволство на краток рок е безначаен во споредба со чинот кој носи поголемо, помоќно и задоволство на подолг рок.
Уште повеќе, за хедонистите, ужување не претставуваат само сетилните задоволства. Тие се всушност многу ниско на скалата на хедонистите. Она што се вреднува кај нив се нештата како пријателство, уметност, верност и сл. А меѓу најважните се прибраноста, воздржаноста и смиреноста на духот. И баш тие најмногу помагаат да се избегне болката.
Значи под хедонизам не се подразбира безглав, стихијен, хаотичен и себичен нагон за задоволување на личните потреби, туку една рамнотежа и умереност во се, за да би можеле да бидеме среќни и да ја избегнеме болката. Штом моето задоволство му причинува незадоволство или болка на оној до мене, тогаш според мерилата на хедонистите јас сум на погрешен пат.
Затоа хедонизмот на никаков начин не се коси со моралот, и темата вака поставена не е оправдана филозофски.
Но ако се зема како референтен поим колоквијалното(извитоперено, да нагласам) значење на хедонизмот кое се поистоветува со инстиктивно и егоистично задоволување на нагоните, тогаш и има некој смисол. Само во тој случај е од теоретски и филозофски аспект погрешно формулирана темава.