Моралот и хедонизмот

С

Сатори

Гостин
Морал: Моралот е човечко мислење и дејствување во кое се применува критериумот на доброто и злото.
Хедонизам: Хедонизмот е тежнеење кон задоволството кое само по себе е примарна и главна цел на секое делување.

Според некои морални стандарди, етички правила се доаѓа до заклучок дека ако го правиме тоа што е добро, нашата хирархија на вредности ја подредиме според се што општеството го смета за правилно (оставаме настрана дека денешните вредности се изменети) сето тоа ќе ни донесе среќа и душевно задоволство, сатисфакција.
Хедонизмот е осуден од страна на моралистите, не го сметаат за доволно умерен и не е.
Но зарем не ни пружа задоволство, сатисфакција, некој вид на душевен мир?
Зарем не не прави среќни?
Кога една од главните теории на моралните личности е дека треба да тежнеат кон среќа.Како тогаш би го осудувале тоа што не прави среќни, за да го правиме тоа што е морално без да знаеме дали на крајот од денот тоа ќе ни донесе било какво задоволство?
Што мислите колку тие две работи можат да се оделат?
Дали е неопходно да се делува само во еден правец?
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Чувства или Разум?
Моралот го унапредува општеството зошто поставува јасни правила за негов развој , а Хедознимот ги издигнува единките бидејќи ги ослободува нивните чувства слободно да дејствуваат правејќи ги среќни и задоволни.
 
Така некако и јас ги разбирам работите, само поентата е дека треба да се спојат ти две работи, а малку тешко иде тоа.
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
тие две работи се спротивставени една на друга,а спротивностите не предвижуваат кон напредок.Така да веќе постои некаков природен баланс меѓу нив, само зависи како ќе го сватиш тој баланс.
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Пауло Коелјо-Вештицата од Портобело

Девица-е онаа чија потрага произлегува од нејзината целосна независност, и се што ќе научи е плод на нејзината способност лично самата да се соочи со предизвиците.
Маченица-го открива начинот на самосознавање во болката, предавањето и страдањето.
Светица-во љубовта без граници, во способноста за давање без да бара нешто за замена, ја наоѓа вистинската причина за живеење.
Вештица-го оправдува своето постоење со потрагата по целосното и безкрајно задоволство.

Хедонизам...мој избор!

Бљак нели ?? срање кроз густо грање ?? Кур се тресе у ладна вода ???
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Mорал.....хмм..... или таканаречена Етика.
Ај прво да видиме што етика (морал).
Прво и основно етика е релативна категорија што може да се види од историјата каде во зависност од периодот и историските случувања етиката била различно дефинирана.
Еве неколку основни дефиниции во етиката (моралот):
-Утилитаризам: Добро е тоа што ни е од корист
-Нормативна етика: Добро е тоа што според одреденстандарад е дефинирано како добро.
-Обврзителна етика: Добро е тоа што има добри цели има (тука вашна е намерата а не крајниот резултат) ; ова е според Кант
-Персонална етика: добро е тоа што една особа во согласност со своите познавања смета дека е добро.

Според ова горе може да се види дека Хедонизмот до одредена мера и од некои морални аспекти, кои исто така ја дефинираат етиката однсно моралот, е добро нешто.
Така да не се согласувам дека етиката и хедонизмот си противата еден на друг, бидејќи и во хедонизмот има етика а и во етиката хедонизмот во дадени ситуации е обележан како добар.
 
, Вака,
покрај толку дефиниции за етиката, можам да заклучам дека
таа се дефинира различно тргнувајќи од објектот или од субјектот.
е сега ,субјективната етика не ми се раликува од хедонизмот.(И двете го гледаат субјектот како најбитен).
Па така да , можеш да кажеш дека и хедонизмот претставува дел од етиката (и тој се бави со тоа што е добро а што лошо).
а субјективното и објективното се во спротивност и даваат различни резултати кон општеството.така да можеби и не е правилно да кажуваме дека во хедонизмот има етика и во етиката хедонизам .туку.дека и двете можат да се разгледуваат како етички прашања (се замараат за тоа што е добро а што не).и од тука прозлегува дека дефинитивно ќе бидат во спротивност субјективната етика и објективната
 
Но проблемот во целата таа приказна е дека нормативната етика е таа која сите (општеството) ја признаваат, каде хедонизмот е сам по себе осуден затоа што наводно не се совпаѓа доволно во стандардите.
Со што субјективната етика сама по себе може да биде осудена како недоволно етичка.
Значи повторно се враќаме на тоа дека тие две работи имаат многу заеднички работи, поврзани се да, но се спротиставени.
И да, би требало да се разгледуваат како оделни етички прашања, но повторно ќе се дојде до истиот заклучок.
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Но проблемот во целата таа приказна е дека нормативната етика е таа која сите (општеството) ја признаваат, каде хедонизмот е сам по себе осуден затоа што наводно не се совпаѓа доволно во стандардите.
Со што субјективната етика сама по себе може да биде осудена како недоволно етичка.
Значи повторно се враќаме на тоа дека тие две работи имаат многу заеднички работи, поврзани се да, но се спротиставени.
И да, би требало да се разгледуваат како оделни етички прашања, но повторно ќе се дојде до истиот заклучок.
Кои две работи ?Мислиш на персоналната етика и хедонизмот?
и на кој ист заклучок мислиш?Дај малку поконкретно некако многу општо почна да пишуваш:smir:
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Чувства или Разум?
Моралот го унапредува општеството зошто поставува јасни правила за негов развој , а Хедознимот ги издигнува единките бидејќи ги ослободува нивните чувства слободно да дејствуваат правејќи ги среќни и задоволни.
ImperatoR,
Иако генерално се согласувам со тебе, сепак имам само една мала забелешка.
Хедонизмот е потрага по задоволство. Не е потрага по среќа.
Доколку некој смета дека хедонизмот, потрагата по задоволство, издигнува и ослободува тогаш нека се сети на наркоманот. Тој е во постојана потрага по задоволство, но дали е среќен? Истото важи и за алкохоличарот.
Може како додатен пример да послужи и сексот како потрагата по задоволство. Личноста која е во постојана потрага по задоволување на својот анимален инстинкт за репродукција и хедонистички го практикува тоа задоволство не може да ја почуствува интимноста и среќата на љубовта.

Среќата сепак е збир на задоволства кои умерено се испрактикувани.

Патем да напоменам дека постои валиден морален кодекс кој не е сменет од памтивек. Ако не ми верувате тогаш одговорете си каде на оваа планета крадењето, лажењето, измамата, страшливоста, насилството и други слични начини на однесување се вреднуваат како морални.

Поздрав:helou:
 
С

Сатори

Гостин
Кои две работи ?Мислиш на персоналната етика и хедонизмот?
и на кој ист заклучок мислиш?Дај малку поконкретно некако многу општо почна да пишуваш:smir:
Сакав да кажам дека нашата сопствена етика секогаш ќе биде хедонистичка.
Го правиме тоа што го сакаме, трагаме по среќа, ги почитуваме нашите правила(ако ги имаме) и се тоа со краен исход да бидеме задоволени.
Токму затоа и велиме дека сите ние имаме различни вредности, НО тие мораат да се вклопат во општествените вредности, за да бидат величени или осудени или само вообичаени и нормално прифатени.
Што се случува кога тоа во кое ние веруваме почнува малку повеќе да ги преминува границите и да станува впечатливо?
Наводно хедонизам, неморалност и неетичност од наша страна затоа што сме сакале да се задоволиме сами себе.
Осуда.Појава на некој вид неконформизам од страна на хедонистот.
Заклучокот, според мене, е дека не може да се стави хедонизмот со етиката во ист кош, иако имаат иста цел (да го направат човекот среќен), начинот на кој среќата треба да се постигне кај нив е тотално различна.
Исто и исходот, со хедонизмот добиваме моментална сатисфакција, со етичкиот начин на живот или ќе ја добиеме на крај(добро завршена работа, помош на некој пријател, гласање за омилената партија од истите етички причини) или можеби нема да ја добиеме.
Затоа никогаш нема да дојде до морал во хедонизмот и обратно.
Ако си хедонист битно ти е само да се задоволиш, ако си моралист битно е ти е како ќе дојдеш до тоа задоволство.
 
С

Сатори

Гостин
ImperatoR,
Иако генерално се согласувам со тебе, сепак имам само една мала забелешка.
Хедонизмот е потрага по задоволство. Не е потрага по среќа.
Доколку некој смета дека хедонизмот, потрагата по задоволство, издигнува и ослободува тогаш нека се сети на наркоманот. Тој е во постојана потрага по задоволство, но дали е среќен? Истото важи и за алкохоличарот.
Може како додатен пример да послужи и сексот како потрагата по задоволство. Личноста која е во постојана потрага по задоволување на својот анимален инстинкт за репродукција и хедонистички го практикува тоа задоволство не може да ја почуствува интимноста и среќата на љубовта.

Среќата сепак е збир на задоволства кои умерено се испрактикувани.

Патем да напоменам дека постои валиден морален кодекс кој не е сменет од памтивек. Ако не ми верувате тогаш одговорете си каде на оваа планета крадењето, лажењето, измамата, страшливоста, насилството и други слични начини на однесување се вреднуваат како морални.

Поздрав:helou:
Се тоа погоре кажано е океј, но зарем задоволството не пружа среќа?
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Се тоа погоре кажано е океј, но зарем задоволството не пружа среќа?
Лејди Сатори,
Задоволствата се основен дел од среќата.
Задоволство е едноставна форма на кратко и благопријатно чувство. Сега моментално се фиксам со кофеин и никотин, народски кажано пијам кафе со цигара. Оваа нездрава практика ми пружа задоволство, но дали сум среќен е друго и мошне посложено прашање кое зависи од многу други и различни фактори. Не е само задоволството во прашање кога станува збор за среќата.

Ако си хедонист битно ти е само да се задоволиш, ако си моралист битно е ти е како ќе дојдеш до тоа задоволство.
Вистина, дефинитивно.
Сепак една забелешка сакам да истакнам. Моралист е непријатна личност, колективист кој смета дека неговото е единствено и вистинито.
Наместо моралист правилно е да се каже морална личност и не го отфрлај моралот како нешто непожелно.

Патем, не ти се чини дека начинот на кој ќе се дојде до задоволство е сепак многу битна работа и влијае врз доживувањето на благопријатноста.

Поздрав:helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
“Сакам да нема хедонисти“ :lud: :zid: :pos:

Не, озбилно... јас сум против хедонизам. Ако општествено не го разглабам, ми пречи многу бидејќи човек сам ќе се уништи.
А на улица исто така мора да има правила(морални вредности), бидејќи индивидуалноста(хедонизмот), води до безредие. А тоа не ми се допаѓа.
 
С

Сатори

Гостин
Лејди Сатори,
Задоволствата се основен дел од среќата.
Задоволство е едноставна форма на кратко и благопријатно чувство. Сега моментално се фиксам со кофеин и никотин, народски кажано пијам кафе со цигара. Оваа нездрава практика ми пружа задоволство, но дали сум среќен е друго и мошне посложено прашање кое зависи од многу други и различни фактори. Не е само задоволството во прашање кога станува збор за среќата.
Да, да се разбираме, само јас морам да тргнам од сама себе за да зборувам за нешто и од мојата перцепција, мене задоволството ми е страшно многу битно затоа што тоа ми е единствен пат кон среќа.
Барем единствениот кој до сега сум го открила, да направам нешто за некој друг, да направам нешто за себе, за мама и за тато се тоа ме прави задоволна, напоредно со тоа и среќна.

Вистина, дефинитивно.
Сепак една забелешка сакам да истакнам. Моралист е непријатна личност, колективист кој смета дека неговото е единствено и вистинито.
Наместо моралист правилно е да се каже морална личност и не го отфрлај моралот како нешто непожелно.

Патем, не ти се чини дека начинот на кој ќе се дојде до задоволство е сепак многу битна работа и влијае врз доживувањето на благопријатноста.

Поздрав:helou:
Повторно се тоа има смисла, но „целата ги оправдува средствата“, не?
На некои од нас начинот им е важен, не некои не.:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom