Новинарите му свртеа грб на Груевски

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Денес, на прес конференцијата на Владата,штом премиерот почна со говорот,новинарите ги симнаа и исклучија камерите и ја напуштија салата во знак на солидарност со вчера претепаниот новинар на Ал сат Игор Љубовчевски.

media.a1.com.mk/media/video/07/bojkot-na-vlada-27-09.wmv
Eat that Гујо:pos2: :pos2:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.000
Поени од реакции
51.173
целосно ги поддржувам:zver:браво
Добро тебе таков ти е перидот нон-стоп си за подршка некоја:bilokojzbot:

Тој новинар го тепале Алфите(а кој друг) Македонските каубојци на 21 век и стварно мислам дека таа јанкуловска треба да ги распушти тие луѓе,стварно претераа.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Снимателите ги спуштија камерите, новинарите ја напуштија денешната прес-конференција на владата. По првиот шок од ваквата реакција, медиумите добија поддршка од владата, го разбирале револтот.
„Владата на РМ сосема го разбира овој гест, ние се солидаризираме со вашиот процес и со вашиот протест и најавуваме дека ќе бидат целосно расчистени сите детали поврзани со немилиот настан, којшто се случи во текот на вчерашниот ден, вашиот револт е сосема оправдан како јавност и како медиуми“, изјави Ивица Боцевски, портпарол на Влада.
Министерката Јанкуловска вети целосно расчистување на сите случаи. Суспендирани се четворица припадници на Алфите, кои го тепале снимателот на „Ал Сат“ Игор Љубовчевски. Засега кривична пријава има само за еден од нив, Рамадан Имери.
„Утврдено е дека лицата кои учествувале во настанот непотребно употребиле сила, која била несоодветна и согласно тоа ние веќе ја почнавме постапката, тоа значи дека врз основа на постапката за утврдување на степен на одговорност сите соодветни механизми ќе бидат искористени“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.
Прекршочна пријава му е поднесена на Бекир Исени од Танушевци, член од претседателството на ДУИ кој му удри шлаканица на новинарот на А1 Лирим Дулови.
На информативен разговор се повикани и двајцата од собраниското обезбедување. Потврдиле што се случило, го виделе шамарот, но се правдале дека интервенирале отпосле за да спречат поголем инцидент.
Еден час подоцна, премиерот доби шанса од медиумите.
„Го разбирам вашиот гест денеска што го направивте и чувствата кои ги споделуваме. Сакам да ве информирам дека уште утрово ги преземавме сите можни мерки што една држава може да ги преземе во една таква ситуација, кога е нападнат новинар“, вели Никола Груевски.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Многу зрела реакција на новинарите, браво за нив....
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
И Груевски пак им попушти....и сеа баш да видам со ќе цивкаат СДС(после неуспешниот обид на планот и со новинарите)...

Иначе потсетете се дека пишуваше дека на новинарот му е скршено ребро...а на вести му го даваат грбот со модринки за мали деца....плус тоа и ја крева мајцата за да ги покаже повредените места на грбот....

Да ве прашам ја вас.....

Човек што има скршено ребро ќе може ли да ја крева мајцата со двете раци и да ги покажува повредите или....кхм

пак ли бе СДС бе...срамота бе да ви се плукнам у партијата....

Ама сигурно сте ја слушнале поговорката : "Кажи му го на народот тоа што сака да го слушне"...е тоа го прават моментално познатите СДС.!!!!

:tapp:
Само не бев сигурен во кој пост ќе се спомне СДСМ,и нормално обвини пошто и ова,како и денот,ноќта,топлото,ладното итн итн е исценирано од нив.:tapp:
 
T

The Blob

Гостин
Од човек на кој претходниот коментар му беше: Eat that Гујо, помалку кретенски одговор не ни очекував. Ти беше онај кој ја сврти „реката на таа воденица“. НГ е лично крив што овој јадел ќотек (дали и колку јадел не коментирам)? Give me a break. Кажа во постот колку си задоволен од тоа што се случи, па дури и ти е смешно. И после нема да ја обвинуваат СДСМ дека е наместена работава? Еве веќе се радуваат комуњариве
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Zasto ne si replicirate vo postoeckata tema,sea pocnavte sekoe mislenje u nova tema da go kazuvate bombasticno.
A novinarite grbot na Gruevski mu go imaat zavrteno odamna, uste pred da stane premier.............
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Еј ЧУДО, уште не ми јасно како успеале сите да постапат како во секоја нормална држава.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Незнам зашто сите мислите дека секој гест е лицно за Грујо. Остајте го чоекот на мира малце. Новинарите свртеа грб на владата на РМ а не лицно на грујо затоа што владата (МВР) ги командува алфите.

А тоа дека СДСМ само лаже тоа не е нова работа. Во секое излаганје ако пратите ке приметите дека има барем по една лага али ај нема везе таква си е нашата опозиција!!
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
[acko]®;873864 напиша:
Незнам зашто сите мислите дека секој гест е лицно за Грујо. Остајте го чоекот на мира малце. Новинарите свртеа грб на владата на РМ а не лицно на грујо затоа што владата (МВР) ги командува алфите.

А тоа дека СДСМ само лаже тоа не е нова работа. Во секое излаганје ако пратите ке приметите дека има барем по една лага али ај нема везе таква си е нашата опозиција!!
A ДПМНЕ лажат?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Eat that Гујо:pos2: :pos2:
Сеуште си тинејџер така да овој коментар ти е дозволен.
Иначе не знам зошто на Груевски му се навртија новинарите кога тој уште сабајлево(пред реакцијата на новинарите)наредил да се казнат виновниците за тепањето на новинарот.И после СДСМ ќе вика дека во МК Груевски спроведувал диктатура.Епа да видам некој во Куба на прес на Кастро да ги спушти онака камерите.:nenene:
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Grujo rece
-go vazbivam vasiot gest.....:pos2: ...protest be gresen, kakov gest, gest na dobra volja za bojkot :pos2:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
како само се збуни грујо не знаеше шо се случува се изнасмеав
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
И протестот е ГЕСТ ако не ти се јасни поимите е друго.

Комплетно го оправдувам потегот на новинарите !!! тоа е само ГЕСТ на изразување незадоволство и сите го прифатија и поздравија вклучувајќи ја и владата на РМ

Новинарот несмеел да биде ЧЕПНАТ а не пак ситни модринки да има тоа е напад и неможе да се суди според тоа дека биле гребнатинки за мали деца ... тоа е НАПАД врз службено лице НОВИНАР во извршување на својата должност и за осуда е само доколку се бутне а не пак и модринки да има.

Полицијата суспендирала 4 припадници на алфите а за командирот на акцијата при тепањето на новинарот е поднесена кривична ... што е сосема нормално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom