Добро утро.
Мирен.
Без капс локови и црвени букви ќе постигнеш многу повеќе. И на форум и кај министерот.
А дека бевте експерименталци, бевте. Ама зошто не кревавте џева на почетокот? Зошто родителите ваши не скокнаа да протестираат?
Еве серпико покажува уште еден аспект на тоа што го кажував, имено во 5 до 12 не се прават протести за нешто. Ако сакавте нешто требаше најкасно минатата година да правите ама не вие си спиевте на увцето дека еве веќе три години нема матура и нас ќе не остават така, само малку ќе се побуниме ко другите генерации. Епа жал ми е ама требаше порано да го правите ова и тоа додека бевте трета, бидејќи сега прашањата што ги вадите дека не се знаат многу работи за матурата ги вадеа и генерациите пред вас и од министарство за 3 години научија кои се причините и нелогичностите воглавно, ситни нелогичности ќе има секогаш, така да тие ќе се средуваат сукцесивно според искуствата.
И немојте да кажувате никој не ви кажал, што сакате вие некој да ви дојде не врата и специјално за вас да ви прочита дека ќе полагате матура на крај? Абе ајде се гледа дека уште не сте се соочиле со реалниот суров свет во кој живеете.
Инаку јас многу добор знам како последна генерација од старата програма што имаше да полага матура дека генерацијата после мене требаше да полага државна матура ама некаде на пола година увидоа од министерство сами дека не се спремни па не ја спроведоа, инаку почнувајќи од таа генерација почнуваат експерименталните, што значи вие сте веќеќ четврта експериментална генерација која за која е веќе зрела програмата за да се спорведе првата државна матура.
Многу ми е жал што вака сеуште не можете да ги согледате условите и состојбите и позициите објективно.
@Пере мене не мораш да ми ги објаснуваш тие аргументи, на овие матурантиве објасни им го тоа, и не знам како не ми е јасно како не согледуваат повеќето кои си ги заслужиле оценките дека неполагањето матура иде само на нивна штета.
Ако не сте спремни за матура очигледно е едка не сте ни спремни за на факултет, бидејчи на факултет нема бунење пред професори и декани и ректори дека не треба да се полага некој испит бидејќи професорот првпат во животот прави испит и нема да има реално оценивање.
тоа србите го викаат: Нече мочи ове ночи.