СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОТЕСТИ - ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК!

Статус
Затворена за нови мислења.
R

reactive89

Гостин
незнам колку илјади пати кажав ама ќе кажам уште еднаш протести во четврток од цела македонија ако не ни одговорат на ултиматумот шо им го испративме
кој ултиматум бре, требаше да дојдете а не ултиматум да испраќате... или веќе кога одлучивте да испраќате да кажевте оти нема да дојдете да не идеме ко муви без глави денес таму и да сме двајца без тројца...

сепак потпаливте огнот и ни го бутнавте со се јајца :nesum: :nenene: :bravo: за тоа!!!
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Ќе земеме книга ама тебе тие лесно да збориш не полагаше матура
сега сакаш ние да учиме:nenene::uvo:
Ќе ме расплачеше за малку бе да не пукнеш со постов :icon_lol:
Која корист ја имаме ние од тоа што вие ќе полагате или нема да полагате државна матура-никаква,освен што тоа е подобро за вас како не го разбирате тоа не ми е јасно,доколку си слаб со оценки државната матура може да те извлече за подоцна да можеш да се запишеш на факултет зашто нели и таму ги укинаа приемните...
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
ти си од скопје,така?
ако си од скопје на состанокот во четвртокот во охрид меѓу другите имаше претставници и од ск па така да би требало да знаевте а и на форумот што е против матура се знаеше така да...:toe:
 
Еден да знаеше за тоа брат верувај сите ќе дознаеја, зашто пребрзо се шират вестите...али како и да е бидна што бидна... се надеваме ние скопјани оти другпат нема да не извисите и оти ќе ги испоните вашите ветувања... :salut:
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
http://drzavnamatura.up-with.com/Aaaii-f9/Ioaaiecaoea-t329.htm
еве ти линк од форумот поточно од темата каде што се договара што како за во 4 али гледам последниве постови викаат дека ќе имало и утре протести...
ај да не пцујам
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ај што нема шанси да ви ја простат матурата годинава, ај што успеавте некои олеснувања што ја ослабнува вашата преговарачка позиција, уште сте и меѓусебно некоординирани, значи другата страна согледува дека лесно ќе ве растури.
Како да ви кажам млади сте енергични ама губите на кондиција кој постарите многу повеќе ја имаат. Што да ви кажам, ја губите војната која однапред се знаеше едка е изгубена, бидејќи тие што повеќе ги бива им одговара матурата за да не борат со некои како вас за место на факултет и следствено ја немате интелегенцијата на ваша страна да ве организира како што треба. Пак се потврдува старата поговрка дека сите војни се завршени уште пред да почнат, се друго е фарса.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Годинава сите ваши соученици не ве поддржуваат. Не сте обединети и како што рече Bacillus gagous не сте координирани.
Не сте отворени за компромис, не сакате компромис....ма вие уште не знаете што сакате ама ајде.
Убаво се гледа дека ова има политичка позадина. 10 дена не бевте во училишните клупи и одма на протести. Вие уште не знаете каде ви се ташните а не па да одите по улуци.
:toe: :uvo:
 
city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
кој ултиматум бре, требаше да дојдете а не ултиматум да испраќате... или веќе кога одлучивте да испраќате да кажевте оти нема да дојдете да не идеме ко муви без глави денес таму и да сме двајца без тројца...

сепак потпаливте огнот и ни го бутнавте со се јајца :nesum: :nenene: :bravo: за тоа!!!
jas nema so da se zalam za ucenje deka ne ucam ali stvarno treba da se soberat site srednoskolci u skopje i da praat protest P.S. jas ke idam tamu da gi vidam devojcinjata hahaa:vozbud:
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Bacillus gagous дипломатска војна не се добива со фрлање јајца се добива со аргументи.

1. Аргумент на децава дека немаат време.
Влада - За матурата се знаеше уште пред 3 години

Заклучок: Аргументот паѓа во вода.

2. Не сакаме толку МНОГУ предмети.
Влада- Имате два предмети задолжителни Македонски и Математика/Англиски два од струка и + практична работа.

Заклучок: Не знаете Македонски? Не знаете Математика? ај математика не ви оди, Англиски незнаете состав да напишете???? И сакате да одите на економски факултет а економика на РМ незнаете? или пак на правен уставно уредување?
-Аргументот е повторно во вода.

3.Премалце време имаме за учење.
Влада: Матурата ќе се полага во мај/јуни
Октомври, Ноември, Декември, Јануари, Февруари, Март, Април, Мај = ОСУМ МЕСЕЦИ па ве молам на факултет 6-7 испити се полагаат во 3 недели.

Прашање од владата:
Драги ученици дали некои ги има симнато тестовите од интернет да види што има.
Одговор - Нееее каде ги има тие ?

Генерален заклучок: Не заинтересираност !!! време за учење има матурата е прекрасна работа за тој што учел за тој што не учел е ноќна мора бидејќи нема да може да оде на факс. да си го перче таму 3 години ПРВА. фраер да се прај.
Овие штрајкови се организирани од тие што знаат дека нема да поминат а нема да поминат бидејќи НЕ УЧЕЛЕ тие што учеле само во знак на солидарност испаѓаат на штрајк ама тие сеедно им е ЗНААТ ДЕКА ЌЕ ПОМИНАТ.

Лесно ни е нас не сме полагале.... е лесно ние кога некој со една 4 не е примен на некој од факултетите бидејќи другиот е скрос одличен по заслуга на чичко му и тој ќе оди ... а другиот ќе седи дома.

Државната матура е една од препораките на ЕУ за побрзо вклучување на мк во глобалната европска фамилија па вие најмалце ќе бидете тие кои ќе го попречат приближувањето на МК кон ЕУ.
 
Duffy Duck

Pilot Lovac
Член од
12 мај 2006
Мислења
196
Поени од реакции
10
Jas da ve prasam. Kolku od vas go procitale zakonot za matura? Najdete go, ke probam vo elektronska forma da vi go prikazam i posle zborete protiv nas maturantite. ZAKONOT E UBAVO NAPISAN, AKO VLADATA GO POCITUVA jas sakam da polagam MATURA!!! TRETINA OD TOA STO GO PREDVIDUVA ZAKONOT NE E SPROVEDENO!!! USTE EDNAS!! CELOTO MOE OBRAZOVANIE BEVME EXPERIMENTALNI ZAMORCINJA!! STO MOZEA DA SMENAT, SMENIA!!! NEKA GI POSTAVAT RABOTITE KAKO STO TREBA I SITE KE SAKAAT DA POLAGAAT MATURA!!! NO VO OVOJ MOMENT

STOP ZA MATURATA!!!!!!!!!
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Добро утро.

Мирен.

Без капс локови и црвени букви ќе постигнеш многу повеќе. И на форум и кај министерот.

А дека бевте експерименталци, бевте. Ама зошто не кревавте џева на почетокот? Зошто родителите ваши не скокнаа да протестираат?
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Добро утро.

Мирен.

Без капс локови и црвени букви ќе постигнеш многу повеќе. И на форум и кај министерот.

А дека бевте експерименталци, бевте. Ама зошто не кревавте џева на почетокот? Зошто родителите ваши не скокнаа да протестираат?
Еве серпико покажува уште еден аспект на тоа што го кажував, имено во 5 до 12 не се прават протести за нешто. Ако сакавте нешто требаше најкасно минатата година да правите ама не вие си спиевте на увцето дека еве веќе три години нема матура и нас ќе не остават така, само малку ќе се побуниме ко другите генерации. Епа жал ми е ама требаше порано да го правите ова и тоа додека бевте трета, бидејќи сега прашањата што ги вадите дека не се знаат многу работи за матурата ги вадеа и генерациите пред вас и од министарство за 3 години научија кои се причините и нелогичностите воглавно, ситни нелогичности ќе има секогаш, така да тие ќе се средуваат сукцесивно според искуствата.
И немојте да кажувате никој не ви кажал, што сакате вие некој да ви дојде не врата и специјално за вас да ви прочита дека ќе полагате матура на крај? Абе ајде се гледа дека уште не сте се соочиле со реалниот суров свет во кој живеете.
Инаку јас многу добор знам како последна генерација од старата програма што имаше да полага матура дека генерацијата после мене требаше да полага државна матура ама некаде на пола година увидоа од министерство сами дека не се спремни па не ја спроведоа, инаку почнувајќи од таа генерација почнуваат експерименталните, што значи вие сте веќеќ четврта експериментална генерација која за која е веќе зрела програмата за да се спорведе првата државна матура.
Многу ми е жал што вака сеуште не можете да ги согледате условите и состојбите и позициите објективно.

@Пере мене не мораш да ми ги објаснуваш тие аргументи, на овие матурантиве објасни им го тоа, и не знам како не ми е јасно како не согледуваат повеќето кои си ги заслужиле оценките дека неполагањето матура иде само на нивна штета.

Ако не сте спремни за матура очигледно е едка не сте ни спремни за на факултет, бидејчи на факултет нема бунење пред професори и декани и ректори дека не треба да се полага некој испит бидејќи професорот првпат во животот прави испит и нема да има реално оценивање.
тоа србите го викаат: Нече мочи ове ночи.
 
F

filmadzijka

Гостин
Ќе земеме книга ама тебе тие лесно да збориш не полагаше матура
сега сакаш ние да учиме:nenene::uvo:
Мислам дека последниот ред од цитираниот пост зборува повеќе отколку што сакал да каже авторот.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Ќе ме расплачеше за малку бе да не пукнеш со постов :icon_lol:
Која корист ја имаме ние од тоа што вие ќе полагате или нема да полагате државна матура-никаква,освен што тоа е подобро за вас како не го разбирате тоа не ми е јасно,доколку си слаб со оценки државната матура може да те извлече за подоцна да можеш да се запишеш на факултет зашто нели и таму ги укинаа приемните...
Ја знам од минатата генерација најголемите скапаници шо беа со двојки и тројки се запишаа на факултет шо одеа со една тетратка у школо и сега ќе си завршат а некој од нас нема да се запише,не дека сум одличен ама вака е полесно.:wink:
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Bacillus gagous дипломатска војна не се добива со фрлање јајца се добива со аргументи.

1. Аргумент на децава дека немаат време.
Влада - За матурата се знаеше уште пред 3 години

Заклучок: Аргументот паѓа во вода.

2. Не сакаме толку МНОГУ предмети.
Влада- Имате два предмети задолжителни Македонски и Математика/Англиски два од струка и + практична работа.

Заклучок: Не знаете Македонски? Не знаете Математика? ај математика не ви оди, Англиски незнаете состав да напишете???? И сакате да одите на економски факултет а економика на РМ незнаете? или пак на правен уставно уредување?
-Аргументот е повторно во вода.

3.Премалце време имаме за учење.
Влада: Матурата ќе се полага во мај/јуни
Октомври, Ноември, Декември, Јануари, Февруари, Март, Април, Мај = ОСУМ МЕСЕЦИ па ве молам на факултет 6-7 испити се полагаат во 3 недели.

Прашање од владата:
Драги ученици дали некои ги има симнато тестовите од интернет да види што има.
Одговор - Нееее каде ги има тие ?

Генерален заклучок: Не заинтересираност !!! време за учење има матурата е прекрасна работа за тој што учел за тој што не учел е ноќна мора бидејќи нема да може да оде на факс. да си го перче таму 3 години ПРВА. фраер да се прај.
Овие штрајкови се организирани од тие што знаат дека нема да поминат а нема да поминат бидејќи НЕ УЧЕЛЕ тие што учеле само во знак на солидарност испаѓаат на штрајк ама тие сеедно им е ЗНААТ ДЕКА ЌЕ ПОМИНАТ.

Лесно ни е нас не сме полагале.... е лесно ние кога некој со една 4 не е примен на некој од факултетите бидејќи другиот е скрос одличен по заслуга на чичко му и тој ќе оди ... а другиот ќе седи дома.

Државната матура е една од препораките на ЕУ за побрзо вклучување на мк во глобалната европска фамилија па вие најмалце ќе бидете тие кои ќе го попречат приближувањето на МК кон ЕУ.
Ти фли уште да напишеш дека зад ова стои СДСМ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom