Мораш да имаш Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка.
PayPal account треба да регистрираш на словенскиот PayPal,
до кој можеш да пристапиш преку следниов линк:
https://www.paypal.com/si
Опширно објаснување за отворање на PayPal account имаш во пост #366.
PayPal се користи за посредништво при купување преку Интернет од сајтови кои нудат опција
да платиш преку PayPal, или кои што не нудат било кој друг метод за плаќање, освен преку PayPal.
Кога купуваш нешто од било кој сајт кој дозволува или задолжително бара да платиш преку PayPal,
откако ќе го внесеш твоето PayPal корисничко име и лозинката, PayPal системот автоматски ќе ти одземе
толку пари колку што треба да платиш од Visa Electron дебитната картичка од НЛБ Тутунска Банка
и ќе ја реализира електронската наплата преку Интернет.
Но PayPal најмногу е потребен во главно за купување од eBay
http://www.ebay.com/, кој е сопственик
на PayPal и се труди како знае и умее да го форсира PayPal што е можно повеќе.
Голем дел од продавачите на eBay вршат испорака во Македонија, но не дозволуваат плаќање за одреден
производ и/или услуга преку било кој друг метод, освен преку PayPal.
Многу се ретки продавачите на eBay кои вршат испорака во Македонија, а дозволуваат плаќање
преку кредитна или дебитна картичка со CVV2 или CVC2 код или преку некој друг систем за електронска
наплата преку Интернет кој ги нуди своите услуги и во Македонија, како Moneybookers, AlertPay и други.
Бидејќи PayPal едно време ги нудеше своите услуги и во Македонија, но од поодамна не има ставено
на црна листа на информатички небезбедни држави, мораме да го користиме словенскиот PayPal како
алтернатива, барем додека PayPal не почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија.
Други сајтови од кои што можеш да купуваш, а испорачуваат во Македонија се:
http://www.alibaba.com/ и
http://www.aliexpress.com/, кои дозволуваат плаќање од Македонија преку кредитна или дебитна картичка
со CVV2 или CVC2 код и вршат испорака во Македонија.
http://www.amazon.com/, дозволува плаќање од Македонија преку кредитна или дебитна картичка со CVV2
или CVC2 код, но врши испорака во Македонија само на книги, музика и филмови.
Како и други сајтови кои дозволуваат плаќање од Македонија преку кредитна или дебитна картичка со CVV2
или CVC2 код, а истовремено вршат испорака во Македонија.
Колку за потсетување:
Плаќање преку кредитна или дебитна картичка со CVV2 или CVC2 код е едно и не бара плаќање преку PayPal,
додека плаќање преку PayPal е исто што и плаќање преку кредитна или дебитна картичка со CVV2 или CVC2 код,
но задолжително бара плаќање преку PayPal.