Тепачка во македонскиот парламент: ДУИ Vs. ПДП! :)

Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Nikoj ne go brani asterix, naprotiv so petni zili se trudat da mu zalepat deka toj e krivecot sto ete fizicki pocnal da gi resava rabotite te teuta te polozani more sto tepac ke bese taci pola komandanti na UCK im gi ispotepa vo eden den ..
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Абе не ми е јасно зошто го браниш Тачи?
Јас само реално гледам на ситуацијата...Не го оправдувам никој во случајов, бидејќи е ова монтиран скандал...додека некој повикува на смирување на страстите, друг некој повикува на протести и немири...WTF?!

Не го бранам Тачи ама сум алергичен на шпекулации и лаги! Прегледај го внимателно видеото постирано неколку страни поназад, ќе дојдеш до моментот каде што ќе видиш дека тоа што си го напишал, „није истина“...

Не ме интересира повеќе кој кого тепал, не ме интересира ништо што е општо означено како нецивилизирано - мене ме интересира само една работа:

ЗОШТО ОВА СЕ СЛУЧУВА ВО ПЕРИОД КОГА СЕ ОЦЕНУВА ПОЛИТИЧКАТА СИТУАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА НА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ИЗНЕСЕ ОЦЕНКАТА ОД СТРАНА НА ЕВРОПА ВО НОЕМВРИ???

Ваков инцидент, пулените на сдсм - ДУИ пробуваат да направат веќе година дена, конечно им успеа...А СДСМ ако имаа барем малку памет или совест, немаше да ја разгоруваат дополнитело ситуацијата туку ќе ги користеа сите средства да ја смират истата, како што тоа се обидува да го направи Владата!!!
 
Член од
1 август 2006
Мислења
91
Поени од реакции
1
Е за жал, со муабетото си 100% исправен...
Општа намештаљка од ДУИ.. демек ако нас не не прашате.. 1.800.000 заложници ке имаме
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Типично и веке досадно, за се ама буквално за се е крив СДСМ, епа ако е така зошто некој зорле го туркаше тој закон во собрание у очи оценки од ЕУ, кога законот не е со знакче на ЕУ.:toe:

Ако ја испровоцирале целата ситуација ДУИ и СДСМ зошто тогаш ДПА и ДПМНЕ наседнуваат на провокации????:toe:

И Тачи со сила да не го тераа да влегува на кординација и да прави таму што правел (да не шпекулирам)?????

И ме зачудува каде е Премиерот и министерката лично да се појави и да смири ситуација, или нема за сликање и него го нема?
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
@ ABC

Ја мислев на нешто друго. ДПА и ДУИ како Албанци не сакаат да влеземе во НАТО зашто тогаш НАТО гарантира за територијалниот интегритет на Македонија - нешто што они не го сакаат. Замисли Србија ако беше во НАТО пред 1999 дали ќе смееја да писнат за Косово. :) Така и за кај нас...

Уште во далечната 1991 Македонија можеше да влезе во ЕУ, ама и тогаш на албанците не им одговараше изгледа, па го одбија пријателството на Германија. Убаво си кажа АБЦ, на НИКОЈ во собрание, влада или опозиција не им одговара влез во НАТО/ЕУ, дека тогаш треба домаќински да се работи. А домаќини не сме.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Абе астерикс, кој кого брани тука не ми е јасно (уствари јасно ми е, ама со сила будала се праам). Јас барем албански знам, снимката повеќе од 10 пати ја гледав, Дојди на да се разбереме на друго место. Тоа го има...тоа го кажа. И што бранам јас тука? или па Трн? Изгледа не си се дружел ти со постарите, кога работите се решавале на страна, со разговор, и со тупаници, ти си изглеа нова генерација, посегаш по оружје, па затоа не ти е јасно што знаци тргање на страна.



П.С сите случувања покажуваат на тоа друже...али the smartest thing the devil ever did was to make other believe he didn't exist.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
ај постирај те го видеото ме мрзи да барам:smir:
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Абе астерикс, кој кого брани тука не ми е јасно (уствари јасно ми е, ама со сила будала се праам). Јас барем албански знам, снимката повеќе од 10 пати ја гледав, Дојди на да се разбереме на друго место. Тоа го има...тоа го кажа. И што бранам јас тука? или па Трн? Изгледа не си се дружел ти со постарите, кога работите се решавале на страна, со разговор, и со тупаници, ти си изглеа нова генерација, посегаш по оружје, па затоа не ти е јасно што знаци тргање на страна.
Види бе другар настапот на Тачи беше страшен па кој и да беше немаше да излезе надвор да ,разговараат, плус појачан од Елмази, Положани се посра, па и кога го удри меоже пуштил во гаки.:vozbud:

Во секој случајк Тачи не е било кој, лидер на парламентарна партија која е на Власт, мора да биде писмејкер а не подбуцнувач.
Во секој случај нема еднострана одговорност, оваа работа тлееше со месеци наназад и еруптираше сега
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Види чоек, кога некој така дрско мава некого, ондак биди муж, и очекувај дека и тебе ќе те мавнат.. па сеа, око за око ваљда? или не?
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Мразам да зборам за политика, но сепак на некои мислења не можам да се изначудам.. Па по која логика бе викате дека за ова била крива опозицијата односно СДСМ.. Каде ја гледате нивната кривица!?
За овие случувања винивни се ДПА и ДУИ.. тие се провоцирале меѓу себе, се тепале и не знам што..
А голема одгооворност тука има и владата, поради неморалноста и неспособноста да се справи со настанатата ситуација.. поради тоа вината се префрла на други..
А за последиците од ова се знае, ќе бидат катастрофални за Македонија..
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
250
Поени од реакции
1
@ Трн Во Око
Зашто се смееш на реченицата од Intel дека Теута ја даде изјавата ??? не си ми јасен или тоа е единственото што ти остана или пак можеби имаш спонтана реакција штом го видиш никот Intel???

И незнам кој клип го гледас ти но ова е она што го даваат на вести
Тачи: „зошто не доаѓаш да разговараме денеска, да се разбереме
Положани: „На други место, другпат. Нема проблем. “
Положани: „Зошто ме удри со ногата, зошто ме удри?“
Елмази: „Кој те удри? Зошто лажеш? Кој те удри?“
Тачи: „Зошто лажно обвинуваш?“
Изгледа ти малку ги смени улогите на предизвикувач и предизвикан, а се виде и кој гази.

:) колку што знам јас тоа е работа на новинарите да се бутаат и да известуваат или грешка сум. А за јавувачот иди до кај новинарот и прашај го мене не ми е битно.

Незнам зашто бараш собраниски записник кога на координациите од претходниот ден тоа се договараше како да завржи седницата - со збор на лидерите на опозициските партии!!! Кој му даде збор на Вејсели???
Еве што е договорено

За ТИПО ке биде

Не сакам да шпекулирам од кога смеет да се шетаат вооружени луге во Собранието бидејки не работам таму и не знам со сигурност но знам која е процедурата за влез и кој таму смее да носи оружје. А некој ако има тетка / чичко нека ни каже како било и како е сега.
А собраниските служби гледавме како реагираа низ ходниците во салата за сите нас останува непознаница, или ти си пратеник па беше внатре да ни кажуваш како реагирале.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
@ Трн Во Око
Зашто се смееш на реченицата од Intel дека Теута ја даде изјавата ??? не си ми јасен или тоа е единственото што ти остана или пак можеби имаш спонтана реакција штом го видиш никот Intel???
Извор Макфакс:
Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи побарала лекарска помош откако била вербално нападната од лидерот на ДПА Мендух Тачи
А по целата збрка, Арифи даваше и коментар пред новинарите во собранието, кажувајќи дека имало разменувања на зборови но НЕ спомна никакви шамари! ....Башка, лицето и беше читаво, немаше црвенило :)

Мислам, за која банална работа го трошиме времето на форумов...:dozd: Дај малце поконструктивно, погоре дадов апел да се смени насоката на дискусијава, да не биде „кој кого зошто удрил“ туку и нагласив на што треба да се задржиме пошто ова изгледа премногу сериозно за нашата интеграција и оценката која треба да ја даде ЕУ за нашата политичка кохабитација!
 
A

Ali Pasha

Гостин
Види чоек, кога некој така дрско мава некого, ондак биди муж, и очекувај дека и тебе ќе те мавнат.. па сеа, око за око ваљда? или не?
Имаш право! Бидејќи “проститутката“ Вејсели сега е под туторство на макрото Тачи, (а предходно беше под надзор на макрото Ахмети), имал потполно право да “ја брани“ од “воините“ на другиот табор (ха-ха-ха Положани воин)...
Него алал да му е на Тачи! Направи се што требаше и мораше за да не спушти една платформа (море какво една - 10) пониско сите нас, целото општество, без разлика на етникумите, за да може да игра така како што знае најумешно (насилство и криминал)! А телињата од ДУИ уште не се свесни дека играт по неговите ноти...
... Ова се гледа од епилогот не сета траги-комедија, кога само нивните “насилници“ беа фатени со “прас“ во раце. Небаре дека таму немаше вооружени активисти од ДПА (неколку коли од Тетово тргнати наменски за овој “настан“, а да не збориме за кондовската група, секогаш спремна за ваков вид “журки“), а ВМРО институционално ги вооружи неговите воини (остана само СДСМ, без војници, ама тоа е ОК, бидејќи рејтингот не им дозволува таков лукс)...
И да, имаа право предходните дискутанти, кога тврдеа дека албанците не сакаат стабилна ситуација за Македонија да не влезе во НАТО. Исто така и други дискутанти имаа право, кога тврдеа дека на власта не и одговара да влеземе во НАТО структурите, бидејќи нема да можат да се однесуваат непрофесионално, и да крадат кај што ќе стигнат. Но сигурно влез во НАТО не и одговара и на опозицијата, бидејќи тогаш некој друг ќе ги земе заслугите.
Не ни одговара и нам лично, на граѓаните, на пр. на македонецот Зоран, бидејќи ќе треба да работи 8 ефективни часа во администрацијата, а не цело време да се натпреварува со албанецот Агим, за колку време да ја реши ситуацијата со играта со минските полинја, или Солитер. Да не зборам за влахот Таки, кој што нема веќе да може да калкулира со данокот на профит, да го сведе на минимум. (улогите на Таки, Агим и Зоран, слободно може да се сменат, описот на надлежности одговара за сите, дури и за србинот Синиша, и турчинот Осман).
Дур не стануваме свесни дека треба да исполниме некои елементарни норми за да живееме достоинствено, никој нема да не прими нигде. Не знам за пеколот, ама на друго место нигде, а кога ќе ги исполниме тие норми, тогаш и нема потреба да не примат службено, бидејќи тогаш фактичи сме таму, заедно со другиот дел од цивилизацијата.:baeh:
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
250
Поени од реакции
1
Ај и јас веќе нема да полемизирам околу оваа тема, убаво викаш дека тоа е најмалку битно многу поважно е сега да се исчисти срамот и да се казнат СИТЕ виновници. За да се испере образот пред светската и домашната јавност.
А што се однесува до Теута еве од А1 нејзина изјава
„Господинот Тачи ми се обрати мене со погрдни зборови, кажувајќи дека ние мора да седиме до крајот на седницата, инаку сите ќе бидеме ликвидирани и дека прва на тој список сум била токму јас Теута Арифи. Исто така, на излезот од салата бев и физички нападната, но на тоа интервенираше обезбедувањето кое беше надвор“, вели Теута Арифи, ДПА.
Една грешка има она е од ДУИ но за другото не знам не присуствував таму и треба да им веруваме на изјавите и на пишувањата на новинарите.
Но ете МВР ќе ги земе снимките од камерите и ќе ги казни напагачите - се надевам.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
А што ќе кажете за овој деген?

Срамна режија и лоша изведба

И кој беше оној што скокаше како мајмун во Собранието? Тоа ли е познатиот режисер, угледниот професор, поранешен амбасадор и актуелен претседател на парламентот? :) Човекот не само што дефинитивно не знае да го води парламентот, туку не знае ниту да се однесува соодветно со својата возраст и позицијата. За што сега жали спикерот Георгиевски? Што, невешто, да не речам како млад мајмун, се истрчал со најавата за проширување на конфликтот од Собранието и во Градскиот трговски центар или што преку својот портпарол се обидел да ги оневозможи новинарите да ја извршуваат својата задача, вршејќи селекција на тие што ќе влезат во неговиот кабинет и на тие што ќе чекаат некој да им ја прераскаже неговата изјава, во која тој ги повика пратениците да „се воздржат од неадекватно однесување и говорење“. На него ли да се угледаат?

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=370&ArticleID=14894
 

Kajgana Shop

На врв Bottom