Па ти кажав, со 6-7 коли дојдоа Албанци, ко на филм (кочење, вртење) пред собрание, излегоа со калашникови и пиштоли и почнаа да пукаат. Нормално во Алфите кои беа околу собранието. 5 минути беше хаос, после тоа само тензија имаше.
Е ова ако се случило, тогаш стварно треба полицијата малце да се стегне, да употреби мерки, не викам да прави триста инциденти, ама да се фатат (ако не се веќе и фатени тие што пукале) и да се потпритиснат малце, во смисла на „кој што како зошто“ да се дојде до корен на работата, па да се мавнат пријави на пратеници (ако има) кои го организирале тоа пукање. Ако не, тие што пукале во затвор по итна постапка за да играат шах таму, да дадат пример како треба со луѓе што се „распиштолуваат“.
П.С. Немојте со коментари од типот Албанци нека се испотепаат, ова се знае кој го почна „со име и презиме“ (Латас), и сите треба да се потрудат да го запрат да не се шири(полиција, суд, ...).
Нека не сере Шеќерка оти на пратеничка и било неугодно, него да и рече на таа пратеничка да се смири (како и на останатите колеги).
Најповеќе ме бендиса изјавата на груевски, кој рече СИТЕ учесници (партии) да ги смират страстите, не е време за вакви работи, а СДСМ и ЛДП упорно серат (не можам да ги слушам, ѓубриња големи).
На друг план БЦ изненадува заедно со Срѓан Керим, ама ако во парламент има вакви несогласувања, можни се поголеми последици за Македонија.