Фан Клуб: Валенсија

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Новиот стадион ќе биде еден од најубавите во Европа. Според планот, требаше да е готов во 2011 година. Но заради кризата, до кога е продолжен рокот?
Нема рок. Ќе се бараат купувачи па откога ќе се најдат ќе продолжи изградбата. Сепак се очекува или следната или таа после неа да биде отворен.

Инаку денеска, како што кажав, со парите од Силва, Валенсија го купи 25 годишниот Аргентинец Алберто „Тино“ Коста од Француски Монпеље за 6 милиони евра.
Тино Коста се очекува да биде новиот Рубен Бараха. :)

 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Компилација од голови на новиот левоног играч на Валенсија:

 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
Валенсија вака-така без разлика што си ги продаде најдобрите играчи, пак ќе склопи добар тим, кој ќе се бори за ЛШ и следната сезона..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.128
Поени од реакции
75.067
Едно не ми е јасно, ако имате долгови и ги продавате најдбрите играчи, ондак што кур даваат пари за изградба на целосно нов стадион :jaj:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Едно не ми е јасно, ако имате долгови и ги продавате најдбрите играчи, ондак што кур даваат пари за изградба на целосно нов стадион :jaj:
зошто кога ќе се изгради новиот стадион Валенсија ќе се пресели таму да игра... а стариот стадион како што слушнав ќе биде продаден за околу 350 милиони евра
 
B

boki10messi

Гостин
зошто кога ќе се изгради новиот стадион Валенсија ќе се пресели таму да игра... а стариот стадион како што слушнав ќе биде продаден за околу 350 милиони евра
А, за изградба на нов колку треба?
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Едно не ми е јасно, ако имате долгови и ги продавате најдбрите играчи, ондак што кур даваат пари за изградба на целосно нов стадион :jaj:
Ситуацијата со стадионот е следната: Во тоа време кога започна да се гради стадионот претседател на Валенсија беше Валенсискиот бизнисмен и инвеститор на недвижности Хуан Солер. Бидејки тоа него најмногу и го интересираше како претседател започна со изградба на огромен стадион поголем за 20.000 седишта од сегашниот. Валенсија не беше во криза тогаш, а барањата за претплатници на сезонски билети се огромни како и во моментот кога повеќе од 20.000 луѓе се ставени на листа на чекање доколку некој не го обнови својот билет. Па така без обезбедување на комплетната сума за изградба на Новата Местаља и продавање на парцелите на старата, Солер започна да го гради новиот стадион. Е тогаш се случи светската криза која најмногу ја погоди Шпанија, па така никој не сакаше да ги купи парцелите на старата Местаља за огромна сума знаејки дека ќе треба да почека неколку години за да го користи тој простор.
Тоа е тоа, се очекува подобро време и купец на парцелите со што долгот би се сведел на минимум, и би се довршил новиот стадион. :wink:

--- надополнето ---

А, за изградба на нов колку треба?
За целосно довршување се потребни 250 милиони евра.

--- надополнето ---

Мануел Љоренте: Хуан Мата не е за продажба!



„Хуан Мата не е за продажба бидејки е фудбалeр од голема важност за тимот“. Тоа беа зборовите на претседателот на Валенсија, Мануел Љоренте, во изјавата на Шпанското радио 90.1.
По продажбата на Виља и Силва, изгледа дека третата ѕвезда во тимот ќе остане. Според претседателот има само еден начин фудбалерот да го напушти тимот. „Ако играчот дојде и си ја плати својата клаузула, тогаш очигледно ќе може да си замине“ призна Љоренте во текот на интервјуто. Треба да се напомене дека клаузулата на Хуан Мата изнесува 40 милиони евра.
Љоренте исто така потсети дека интересот на Реал Мадрид за Давид Силва спласнал со доаѓањето на новиот тренер Мурињо, па затоа Канарскиот играч заврши во Манчестер Сити. „Мадрид беше многу заинтересиран се до промената на тренерот, но оттогаш не слушнавме ништо од нив“ – призна Љоренте.
Во врска со парализираната изградба на новиот стадион, претседателот на клубот од Местаља даде изјава која внесува надеж кај навивачите на Валенсија во врска со Новата Местаља. „Се надевам дека работите на новиот стадион ќе продолжат наскоро и сметам дека во септември е можно да се случи тоа“.

Инаку еве каква е внатрешноста на парализираната Нова Местаља :)

 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Денеска беше претставено второто засилување за новата сезона на Валенсија: Дефанзивецот Рикардо Коста :)







Оваа недела се очекува и презентација на останатите тројца нови играчи: Мехмет Топал, Софиан Фегули и Тино Коста.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
валенсија според мене е фаворит број 1 за титулата во шпанија. во какви не гомна беше и на крајот се излезе добро.... браво за валенсија
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
валенсија според мене е фаворит број 1 за титулата во шпанија. во какви не гомна беше и на крајот се излезе добро.... браво за валенсија
секоја чест за овааа екипа на валенсија но ваква глупост немам одамна прочитано...:kesa:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Во денешната состојбa во фудбалот во која дефинитивно владеат парите, а не самиот фудбал, тешко е да се очекува некоја трета екипа да ги изненади богатите Реал Мадрид и Барселона.

Сепак да не заборавиме дека во сезоната 2003/04 сите очекуваа галактикосите на Перез, како Зидан, Фиго, Бекам и Раул да ја освојат лигата но на крајот шампион беше Валенсија со Миста во нападот...
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
реков според мене.... баш сакам валенсија да освои....:toe:
тоа што е твоја желба во ред е...и јас сакам премиер лигата да ја освои Ливерпул ама да се лажам дека е фаворит бр. 1 тоа според мене е заблуда......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom