Едно не ми е јасно, ако имате долгови и ги продавате најдбрите играчи, ондак што кур даваат пари за изградба на целосно нов стадион :jaj:
Ситуацијата со стадионот е следната: Во тоа време кога започна да се гради стадионот претседател на Валенсија беше Валенсискиот бизнисмен и инвеститор на недвижности Хуан Солер. Бидејки тоа него најмногу и го интересираше како претседател започна со изградба на огромен стадион поголем за 20.000 седишта од сегашниот. Валенсија не беше во криза тогаш, а барањата за претплатници на сезонски билети се огромни како и во моментот кога повеќе од 20.000 луѓе се ставени на листа на чекање доколку некој не го обнови својот билет. Па така без обезбедување на комплетната сума за изградба на Новата Местаља и продавање на парцелите на старата, Солер започна да го гради новиот стадион. Е тогаш се случи светската криза која најмногу ја погоди Шпанија, па така никој не сакаше да ги купи парцелите на старата Местаља за огромна сума знаејки дека ќе треба да почека неколку години за да го користи тој простор.
Тоа е тоа, се очекува подобро време и купец на парцелите со што долгот би се сведел на минимум, и би се довршил новиот стадион. :wink:
--- надополнето ---
А, за изградба на нов колку треба?
За целосно довршување се потребни 250 милиони евра.
--- надополнето ---
Мануел Љоренте: Хуан Мата не е за продажба!
„Хуан Мата не е за продажба бидејки е фудбалeр од голема важност за тимот“. Тоа беа зборовите на претседателот на Валенсија, Мануел Љоренте, во изјавата на Шпанското радио 90.1.
По продажбата на Виља и Силва, изгледа дека третата ѕвезда во тимот ќе остане. Според претседателот има само еден начин фудбалерот да го напушти тимот. „Ако играчот дојде и си ја плати својата клаузула, тогаш очигледно ќе може да си замине“ призна Љоренте во текот на интервјуто. Треба да се напомене дека клаузулата на Хуан Мата изнесува 40 милиони евра.
Љоренте исто така потсети дека интересот на Реал Мадрид за Давид Силва спласнал со доаѓањето на новиот тренер Мурињо, па затоа Канарскиот играч заврши во Манчестер Сити. „Мадрид беше многу заинтересиран се до промената на тренерот, но оттогаш не слушнавме ништо од нив“ – призна Љоренте.
Во врска со парализираната изградба на новиот стадион, претседателот на клубот од Местаља даде изјава која внесува надеж кај навивачите на Валенсија во врска со Новата Местаља. „
Се надевам дека работите на новиот стадион ќе продолжат наскоро и сметам дека во септември е можно да се случи тоа“.
Инаку еве каква е внатрешноста на парализираната Нова Местаља