Фан Клуб: Валенсија

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Победа за Валенсија во првиот натпревар во претсезоната, 2-0 против Ал-Хилал со головите на Матје 4 мин. и Солдадо 92 мин. :)
Унаи Емери како и минатата претсезона играше со два различни состави двете полувремиња со различни 11 фудбалери.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.017
Поени од реакции
5.342
Искрено ми се допаѓа составот што го имате.. Ги продадовте двајцата најдобри играчи но сепак успеавте да склопите добар тим! Мене овој тим ми изгледа многу поопасен само да им се даде време да се уиграат и ке бидат одлични! Спортски позз! :)
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Еве како Унаи Емери и играчите го поминаа денот после првата победа во претсезоната во Словенија:

Одлична одлука за зближување и подобро запознавање на играчите :)
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007

Победа на Валенсија против Хановер со головите (и асистенциите) на Солдадо и Хоакин, и одлична игра на тимот. Германците типично постигнаа гол во последната секунда. :) Утревечер натпревар со шампионот на Франција Марсеј.
Еве ги и головите на Валенсија:

van Postar

поштен ко поштар
Член од
8 јули 2010
Мислења
173
Поени од реакции
16
За жал изгубивме од Марсеј со голот на Бен Арфа во 80 минута со оглед на тоа што ги продадовме Силва и Виља сепак имаме одличен состав
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
За жал изгубивме од Марсеј со голот на Бен Арфа во 80 минута со оглед на тоа што ги продадовме Силва и Виља сепак имаме одличен состав
Ова беше само пријателска средба, се играше турнир во чест на прерано починатиот поранешен претседател на Марсеј чиј трофеј премногу им значеше на Французите, ова беше втор натпревар во два дена за играчите на Валенсија кои имаа проблеми при патот од Германија до Франција, Унаи Емери пробуваше нова формација 4-3-3, голот дојде после замената на шест играчи во одбраната на Валенсија кои сеуште не беа воиграни, тимот и покрај се' одигра одлично против шампионот на Франција, а новите засилувања како Тино Коста, Софиан Фегули, Мехмет Топал, Адуриз и Солдадо се покажаа одлично и беа меѓу најдобрите во тимот. Виља Силва како и Марчена од денеска се историја за Валенсија. :)

--- надополнето ---

Карлос Марчена: Направив сѐ за овој грб
 
van Postar

поштен ко поштар
Член од
8 јули 2010
Мислења
173
Поени од реакции
16
Да да добро се покажаа новите играчи т.е. изиграа на ниво сепак се надевам дека далеку ќе стигнеме во ЛШ и реално пак немаме шанси за 1 место во Примера со 3 место ке сум презадоволен и 1/8 или 1/4 финале во ЛШ...да не ги продадевме Виља Силва и Марчена ке очекував повеќе сега Жоакин треба да ги предводува
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.290
Поени од реакции
8.483
Мата ќе биде човекот оваа сезона :) очекувам конечно Банегеа да покаже што знае :)
 
B

boki10messi

Гостин
Оваа сезона мислам оти ќе биде една од потешките за вас, многу нови играчи, најдобрите си отидоа, додека да се уиграат ќе треба многу време, меѓутоа, ако се има стрпление ќе дојдат и резултатите.
 
blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
У моментов тече натпреварот со Шити :D не е толку битно сеа да се победи колку што е битно што подобро да се воиграме за следната сезона.Се согласувам дека ова ќе биде тешка сезона за нас но верувам дека засилувањата што ги донесовме ќе покажат како се бранат боите на Валенсија. Солдадо-Мата тандемот верувам дека ќе распали сезонава и дека ако ништо друго барем ќе го повториме 3тото место од лани и ќе правимезбрки во ЛШ.
Amunt Valencia :D!!!
 
се согласувам со тебе во потполност и не се баш сите играчи нови некои веќе имаат играно така да пак сме доволно добри за 3 место
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Евер Банега ја наследува 21-та на Силва, а Хоакин 7-та на Виља

Броевите на сите играчи:
1. Сезар
2. Бруно
3. Мадуро
4. Наваро
5. Алексис
6. Албелда
7. Хоакин
8. Домингез
9. Солдадо
10. Мата
11. Адуриз
12. Фегули
13. Гуаита
14. Висенте
15. Деалберт
16. Дел Орно
17. Топал
18. Фернандез
19. Пабло
20. Р. Коста
21. Банега
22. Матје
23. Мигел
24. Т. Коста
25. Моја
28. Алба
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Кога играте со Фиорентина ?
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
У моментов тече натпреварот со Шити :D не е толку битно сеа да се победи колку што е битно што подобро да се воиграме за следната сезона.Се согласувам дека ова ќе биде тешка сезона за нас но верувам дека засилувањата што ги донесовме ќе покажат како се бранат боите на Валенсија. Солдадо-Мата тандемот верувам дека ќе распали сезонава и дека ако ништо друго барем ќе го повториме 3тото место од лани и ќе правимезбрки во ЛШ.
Amunt Valencia :D!!!
Се молите у Мадриѓаниве а? :)

Имате добар тим, иако ви заминаа Виља и Силва веруем дека и без нив ќе успеете да бидете 3-то место сезонава.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Кога играте со Фиорентина ?
Вечерва во 21:30, кога и ќе биде презентацијата на тимот за новата сезона.

Се молите у Мадриѓаниве а? :)

Имате добар тим, иако ви заминаа Виља и Силва веруем дека и без нив ќе успеете да бидете 3-то место сезонава.
Роберто Солдадо роден во Валенсија, Хуан Мата во Бургос. :) Никој не е Мадриѓанец, само играа во Мадридската школа. :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom