ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Доколку некој не верува,доволно е да излезе на улица или на пазар а не да седи зачмаен во кабинетот на ресорното министерство и ќе се соочи со ваква реална состојба која е предзнак дека инфлацијата веќе е присутна барем со 30% иако официјално неа и ја нема.:
По најавата за поскапување на основните прехранбени производи уште пред два месеца, пазарот го зафати хаос. Трговците сами зголемија некои цени иако, и покрај најавата, не го направија тоа во практика и производителите. Сепак, сите калкулираат и најавуваат дека ако досега немало поскапувања, нагорни промени на цените сигурно ќе има до крајот на годинава.
Во целата ситуација најмногу губат потрошувачите кои обидувајќи се да ја наполнат прехранбената кошница, постојано се во потрага и правење математика, каде кој производ е поевтин за крајната сметка да биде во рамки на скромниот семеен буџет.
Последниов период најголем ценовен скок е регистриран кај маслата за јадење, кои се во просек од 20 до 30 денари поскапи. Забележливо е и поскапувањето кај млечните производи, посебно увозните каде што има раст на цената за 50 - 70 денари по килограм, кај месните преработки за 20 - 30 денари, кај белите печива 3 - 5 денари. Најдрастична е разликата во цени на зелените пазари.
„Поскапувањето на некои производи е два-три пати поголемо од минатата година, но се' е пазар, па намалената понуда поради сушата ги крена цените на сите производи. Гравот годинава се продава по 150 денари, а минатата година беше 100, скапи се и доматите, кои за разлика од минатата година ова време кога се продаваа по 15 - 20 денари, сега можат да се најдат по 50 - 60 денари“, велат пазарџиите.
Според она што може да се регистрира на пазарите, промена има и кај зелката која сега чини 40 денари, а минатата година беше 10 денари, оризот може да се најде за 70 денари, а минатата година се продаваше за 40 - 50 денари. Разлика во цените има кај пиперките за ајвар од 20 денари минатата година, а сега се продаваат за 30 денари, феферонките од 20 денари минатиот септември, сега се 30 - 40 денари, а за 20 денари се поскапи и бабурите. И за овошјето годинава треба повеќе да се плати. Праските нектарина кои минатата година се продаваа за 20 денари, сега чинат 60 - 70 денари, грозјето кое сега се нуди за 30 - 40 денари, минатата година имаше цена меѓу 15 - 20 денари.