Здраво! Имам еден проблем. Имам Asus N61-jv, ми беше вклучен на батерија и си работеше нормално. Го исклучив, и беше исклучен околу 1-2 часа, и следниот пат кога го вклучив светна само power копчето, и сијаличката која е за инндикација на процесорот свети бледо, и се однесува како воопшто да не е вклучен, меѓутоа се слуша работа на вентилаторите. Пробав да го вклучам и на адаптер, пробав и да извадам батеријата од него, почекав околу 1 час, пак исто. Видов по форумиве да се притисне копчето околу 1 минута без напојување, пак несака. Некој да не знае што би можело да е проблемот, да не има некоја финта нешто???