Имам голем проблем
Веќе неколку недели компјутеров кога ќе го пуштам бучи и за некојси 5-7 минти престанува тоа грдо бучење. Океј, некој ми рече имал прашина одпозади го исмукав ама пак бучеше и го баталив.
После почна од време на време многу да загрева одозгора мислам кај напојувањето, и знаеше некогаш да се рестартира сам, последниве денови се појавуваше кога многу ќе се загрееше син екран, забележав дека видеата малце сецкаа, кога имаше повеќе табови отворено знаеше да се замрзне и да се рестартира.
Сабајлево скрос се сјеба, се рестартира и неќеше да се дигне никако, се укључуваше тоа диск клининг/чекинг незнам точно (CHDISX) и тие трите чеккори ги поминуваше неколку пати и пак ја повторуваше постапката, пак се рестартираше. Едвај некако сеа успеав да го дигнам колку да пишам постов.
Иначе компјутерот е стар 3 години, пред 1,5год му рикна напојувањето и е сменето, сега по 1,5 година или е напојувањето или хард дискот е заебан пошто кога се појавува син екран пишува нешто DISC ERROR.
Според симптомиве ако може некој да ми каже шо му е, каде може најефтино да се сервисира, или може сам да си купам делови и сам да ги сменам, ако не е нешто многу тешко.