Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Ако може некој совет...одамна го немав користено двд-ромот(и режач плус), али да пуштам еден филм, кога не ми го чита. Сменив 3-4 филма и ниеден не ми ги читаше. Што може да му е? На кој начин се чисти ласерот ако уопште може да се исчисти?
 
DVD-RW Philips

Често ми се случува да имам проблем со снимање на цд-а со Nero и режачот Philips SPD2414T. Ми покажува грешка "Illegal Disc". Пробував разни цд-а и кога сака наснима кога не, не бива. Само ги почне цд-ата и ги упропасти. Барав за ова на разни форуми и Google и прочитав дека треба да го апдејтувам фирмверот, ама го проверив и тој е најнов така да таа верзија отпадна. Па ако може вие некако да ми помогнете, а инаку користам Nero Express 10 и Windows 7 Ultimate.
 
Скинат е едниот крај на мрежниот кабел...како може да се стави ново конекторче ? Кој може да го направи тоа ?
 
Ми треба совет. Се двоумам дали да купам лаптоп или обичен компјутер... Во перформансите се комај комај исти. Ми треба ваше мислење дали е подобро лаптоп или обичен?
 
Ако не треба да го шеташ лево-десно факт е дека е подобро десктоп од милион причини. Нема да можеш да стримаш постојано видео од него додека го носиш на плажа, во кафуле, во WC, и сл., но затоа ќе можеш поевтино да го надградуваш во догледно време, да не и се секираш на тастатурата дали ти се истурило кафе, да штекнеш поголем монитор, поевтино сервисирање и др.
 
Имам неколку прашања..
Со што треба да го надградам компијутеров (ако може) за да не ми сецкат додека работам. На пример сега додека пишувам на кајганава ми сецка ради то шо имам уклучено мсн и медиа плеер истовремено. Значи сакам да не сецка кога ке уклучам повеќе програми. А да не прајме муабет ако спуштам некој филм и да играм игра истовремено.. А тоа не е нетот имам супер нет.
Препорачајте ми некоја добра графичка за поефтини пари.
И уште да прашам дали секој монитор одговара на секој компијутер? Или треба некој други кабли да се мењаат, зашо на пример ако имаш од старите монитори ко шпорети што се и да сакаш да ставиш плазма ќе може?
Благодарам однапред.
 
Ми треба совет. Се двоумам дали да купам лаптоп или обичен компјутер... Во перформансите се комај комај исти. Ми треба ваше мислење дали е подобро лаптоп или обичен?

Запрашај се дали воопшто ти е потребен тиква компјутер кој што ќе можеш да го носиш под мишка секаде. Ако одговорот е "не", тогаш купи си десктоп.

Имам неколку прашања..
Со што треба да го надградам компијутеров (ако може) за да не ми сецкат додека работам. На пример сега додека пишувам на кајганава ми сецка ради то шо имам уклучено мсн и медиа плеер истовремено. Значи сакам да не сецка кога ке уклучам повеќе програми. А да не прајме муабет ако спуштам некој филм и да играм игра истовремено.. А тоа не е нетот имам супер нет.
Препорачајте ми некоја добра графичка за поефтини пари.
И уште да прашам дали секој монитор одговара на секој компијутер? Или треба некој други кабли да се мењаат, зашо на пример ако имаш од старите монитори ко шпорети што се и да сакаш да ставиш плазма ќе може?
Благодарам однапред.

Кога веќе ти кочи компјутерот на сурфање, мсн и музика, тоа значи дека на велико си ја пречекорил временската граница на користење на еден компјутер. Со други зборови - плаче(рика ко магаре) за нов!
 
Скинат е едниот крај на мрежниот кабел...како може да се стави ново конекторче ? Кој може да го направи тоа ?
Мислам дека и на пазар може да ти го направат тоа, ти треба само ново конекторче, што исто така може и на пазар да го најдеш и нема да те фати повеќе од 10 - 20 денари.
треба само клешти за кабел... не најобични
 
Кога веќе ти кочи компјутерот на сурфање, мсн и музика, тоа значи дека на велико си ја пречекорил временската граница на користење на еден компјутер. Со други зборови - плаче(рика ко магаре) за нов!

Не го сваќај буквално тоа дека коче на сурфање и мсн, не дека не кочи ама сепак се усеќа по малку на некогаш. Повеќе кочи кога работам со некоја приграма или да имам уклучено музика и да играм некоја игра кочи многу. Јас си знам дека рика ко магаре за нов ама то за брзо време не бидвит, затоа прашвам дали можам некако да го надградам да е малку побрз, процерос ли треба незнам шо треба и барам некој да ми каже па лека пополека да го вратам во по добро стање.
 
Надоградба ВООПШТО нема да се исплати на таква крнтија, чувaj (т.е. собирај) пари за нов :)
 
Американците си имаат изрека : "You are beating a dead horse!"
 
Абе не заебавајте не ми е до толку канта. Само сум работел и на многу подобар компијутер па веднаш се чуствува разлика колку е подобро на него и дури тогаш заклучуваш дека твојот компијутер ти сецка.

Зумирајте и ќе ја видите сликава, малку ке ви е матно но се надевам се се снајдите.
 
Attachments

  • Untitled.jpg
    Untitled.jpg
    14,1 KB · Прегледи: 25
Абе не заебавајте не ми е до толку канта. Само сум работел и на многу подобар компијутер па веднаш се чуствува разлика колку е подобро на него и дури тогаш заклучуваш дека твојот компијутер ти сецка.

Зумирајте и ќе ја видите сликава, малку ке ви е матно но се надевам се се снајдите.
Не се снајдовме. -.-
Стави слика ко што треба.
 
Не се снајдовме. -.-
Стави слика ко што треба.

Да, ама јасно се гледа дека има Celeron процесор, и мислам дека има 1,25GB RAM. Дури и да има матична на пр со P965 чипсет (старудија, но сепак подобар од 945 чипсетот), повторно не му се исплати надоградба на компјутер стар 3-4 год. (отприлика)

@kklimeasterix Друже, чувај пари за нов!!!!!
 
Nov PC i3, geforce Gt220 1gb, 2gb ram MONITOR SAMSUNG LCD SyncMaster B2230 na momenti na monitorot dobivam kako nekakov vidovi na branovi i slikata pocnuva da mrda. Refresh rate go menuvav i na 60 i na 75 herzi problemot ostanuva. Dali moze i da e do setings-ite na grafickata ili sosema nesto drugo? Dali nekoj imal vakov problem na LCD monitor i dlai moze da mi kaze kako da go popravam ovoj problem?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom