- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Најбрзиот економски развој се случува токму во 50-тите години. А стопанскиот пораст е се до смртта на Тито. После тоа започна економската, а по економската и политичката криза...Од 1945 до 1960 се стабилизираше СФРЈ. Имаше национализација, затварања и слични работи. Земјата беше тотално неразвиена и тек се создаваа научни кадри.
Значи да речеме дека се живеело добро од 1960 нагоре.
Во 1980 умре Тито и тогаш требаше да се враќаат и кредитите за убавиот живот од пред тоа. Дојдоа Милка Планинц, Мика Шпиљак, Стане Доланц и најупотребуван збор стана економска стабилизација.
Се стабилизираше СФРЈ 10 години за во 90 финално да се распадне.
Ете колку се живеело убаво, 20 години!
Да земам денес кредит на милион евра и јас ќе живеам прекрасно ама кога ќе треба да го вратам, мамата.
Живот на вересија, тоа беше СФРЈ.
Инаку дали добриот живот бил овозможен преку задолжување на идните генерации?
Југословенскот долг никогаш не надмина 25 милијарди долари. Сега само на Хрватска надворешниот долг тежи повеќе од 40 милијарди.
Државите наследнички заедно се околу седум пати повеќе задолжени, во споредба со долгот што го наследија. (700% раст на задолжувањето). А со најновите задолжувања поради кризата долгот најверојато е уште поголем.