Дали се живееше подобро пред осамостојувањето?

Кога се живееше подобро?

  • Вкупно гласачи
    92

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Од 1945 до 1960 се стабилизираше СФРЈ. Имаше национализација, затварања и слични работи. Земјата беше тотално неразвиена и тек се создаваа научни кадри.

Значи да речеме дека се живеело добро од 1960 нагоре.

Во 1980 умре Тито и тогаш требаше да се враќаат и кредитите за убавиот живот од пред тоа. Дојдоа Милка Планинц, Мика Шпиљак, Стане Доланц и најупотребуван збор стана економска стабилизација.

Се стабилизираше СФРЈ 10 години за во 90 финално да се распадне.

Ете колку се живеело убаво, 20 години!

Да земам денес кредит на милион евра и јас ќе живеам прекрасно ама кога ќе треба да го вратам, мамата.

Живот на вересија, тоа беше СФРЈ.
Најбрзиот економски развој се случува токму во 50-тите години. А стопанскиот пораст е се до смртта на Тито. После тоа започна економската, а по економската и политичката криза...
Инаку дали добриот живот бил овозможен преку задолжување на идните генерации?
Југословенскот долг никогаш не надмина 25 милијарди долари. Сега само на Хрватска надворешниот долг тежи повеќе од 40 милијарди.
Државите наследнички заедно се околу седум пати повеќе задолжени, во споредба со долгот што го наследија. (700% раст на задолжувањето). А со најновите задолжувања поради кризата долгот најверојато е уште поголем.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Не знам кога е тој момент...јас демократија нит сум видел, нит па имам надеж дека ќе видам...
Ќе видиш само ако дочекаш да бидеш некогаш во власта,сети се само на старите комунисти како се однесуваа демократски за времето на Југославија?
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
како се живееше...вака

- дете од 6-7 години морше да стави црвена марама и плава титовка и да даде заклетва дека станува титов пионер.
- најчесто крштевките се правеа дома немој случајно да ве видат во црква, последните години тоа веќе се занемаруваше.
- колективизација ако имаш 4 крави 3 ќе ти ги земе задругата, ако имаш 2 ниви од 1 хектар , ќе ти остават 2 декара.
- кариера...само како член на СКЈ
- аут од пазарно работање на стопанството
- контролирано национално идентифицирање подредено на системот
- серија на девалвации
- кредити кои на крај испаднаа за нова куќа рата да е колку вредност на кутија цигари
- филм на тв сабота од 20 часот
- години кога кафе немаше ни за лек..замена дифка или наут
- период бел леб ``лепа бена`` ако станеш до 08 часот..ако не `ржен
- јабана девизни заштеди на граѓани
- воен рок морнарица 3 години, па 2 година па на крај војни за туѓи интереси
- подарување на ``прохор пчински``
- точење бензин , пар непар според регистарски број на колата
- рестрикции на струја од по 6 сати дневно
- акција ..имаш куќа врати стан ))))))
- задолжителен марксизам во средно
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
како се живееше...вака

- задолжителен марксизам во средно

Убаво што не потсете на тоа !

Една од најдобрите работи беше што марксизмот беше задолжителен!

Сега на професорите им е забрането да зборуваат за таа идеологија која еве се докажува дека е единствено потребна и кон која мораме да почнеме да се движиме !
Сега ние студентите ако не побараме часеви плус на таа тема тешко дека ќе добијаме , со што ги ускратуваат оние помалку загрижените за читање дополнителна литература , да дознаат колку позитивна работа е марксизмот ,колку добар и потребен систем е комунизмот -во оваа време кога тие поиме неправедно добиваат негативни епитети!
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Во моментов во Македонија има МНООООГУ ПАРТИСКИ кадри кои се ставени за узда (гласаат по директива) и МНООООГУ ДЕМОРАЛИЗИРАНИ луѓе на кои им е седно, па не гласаат повеќе (земено му е правото на глас).
Значи по твое и мое во Македонија не постои демократија, туку преовладева системот или правилото на џунглата, моќниот има тотална контрола над подчинетите, како ќе каже големиот.................
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
И се ќе беше добро ако не беа сите Југословени, и историјата одеше малку подалеку од препрливувањето на Дунав. Нешто кое и ден денес огромен број од нас, неможеме да го извадиме од глава.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
како се живееше...вака

- дете од 6-7 години морше да стави црвена марама и плава титовка и да даде заклетва дека станува титов пионер.
- најчесто крштевките се правеа дома немој случајно да ве видат во црква, последните години тоа веќе се занемаруваше.
- колективизација ако имаш 4 крави 3 ќе ти ги земе задругата, ако имаш 2 ниви од 1 хектар , ќе ти остават 2 декара.
- кариера...само како член на СКЈ
- аут од пазарно работање на стопанството
- контролирано национално идентифицирање подредено на системот
- серија на девалвации
- кредити кои на крај испаднаа за нова куќа рата да е колку вредност на кутија цигари
- филм на тв сабота од 20 часот
- години кога кафе немаше ни за лек..замена дифка или наут
- период бел леб ``лепа бена`` ако станеш до 08 часот..ако не `ржен
- јабана девизни заштеди на граѓани
- воен рок морнарица 3 години, па 2 година па на крај војни за туѓи интереси
- подарување на ``прохор пчински``
- точење бензин , пар непар според регистарски број на колата
- рестрикции на струја од по 6 сати дневно
- акција ..имаш куќа врати стан ))))))
- задолжителен марксизам во средно
Не спомна само една работа:
- задолжително во кревет после гледањето на цртаниот филм во 19:15 :)
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
како се живееше...вака

И какви придобивки имаш денес кога наведените ти точки ги немаш денес

  1. самиот си правиш пар не пар за бензин
  2. рестрикција -не плакање на сметки за струја (исклучување)
  3. невидена сиромаштија сам си купуваш црн леб -бил по здрав за јадење
  4. војска не одиш не способен за бранење на Македонија
  5. немаш ни кука ни стан па нема што да вракаш
  6. девизно штедење сон за многу омладинци
  7. кариера само партиски (вработување)
  8. кредитирање партиски или никако
  9. крстење секој ден пред ТВ или со читање дневна штампа
  10. крстен сум во црква без никакви проблеми од СКЈ со присуство на член од КПЈ
  11. што фајде што денес на 100 програми имаш филмови со кој ја убиваш омладината у мозак, а со тоа произведуваш дебили, наркомани, криминалци, и дебело ретардирани во мозок па до таму и во мал мозак дегени,
  12. подарување на западна МАКЕДОНИЈА
  13. А марксизмот ке се врати на голема врата од западна страна
  14. и што уште да ти пишам дека и денес има незадоволни грагани од денешниот систем како што има од прошлиот систем
  15. П.С. нема задоволни од животот или како милуваш од политичкиот систем можеби грешам :toe::toe:
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
По среќно би рекла.:smir:
 
јас ве потсетив на една ``идила ``.....а за тоа како живеам сега, па може да кажам дека и покрај сите тешкотии дури и екстремни сум така задоволен што живееам во сопствена држава која била сон на многу генерации македонци претходно. квалитетот на живот сега во голем дел зависи од тоа како знаеме/незнаеме да си ја водиме државата.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Подобро се живеело порано, се сеќавам на одмор идевме по цел месец или по два пати, имаше пари и стандард, ти текне кај сакаш оди со југословенски пасош, а постарите си купиле станови даваа кредити за стан да си купиш и ситно отплаќаш без да приметиш, сега има слобода но се обогатија само бившите комуњари не оти се способни него приватизираа општествена сопственост.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Подобро се живеело порано, се сеќавам на одмор идевме по цел месец или по два пати, имаше пари и стандард, ти текне кај сакаш оди со југословенски пасош, а постарите си купиле станови даваа кредити за стан да си купиш и ситно отплаќаш без да приметиш, сега има слобода но се обогатија само бившите комуњари не оти се способни него приватизираа општествена сопственост.
Доколку така се купувало ко што велиш, зошто нивните деца немаат каде да живеат?

Доколку некој купувал стан, морал претходно некаде да живее нели, што се случило со претходното место, за да денеска да бидат сместени 2 фамилии во стан и сл. ?

По некоја логика, таа благосостојба би требало денеска да биде материјализирана со најмалце 2-3 стана.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
јас ве потсетив на една ``идила ``.....а за тоа како живеам сега, па може да кажам дека и покрај сите тешкотии дури и екстремни сум така задоволен што живееам во сопствена држава која била сон на многу генерации македонци претходно. квалитетот на живот сега во голем дел зависи од тоа како знаеме/незнаеме да си ја водиме државата.
Идилата беше и помина како се живеело не треба никој да го негира или напага, секое време си носи свое бреме.
Република Македонија не изгуби ама баш ништо од територијата за време на колапсот на екс ЈУ и тогаш беше македонска република и денес е истата само за разлика самостална и тогаш живеев слободно како и денес без голема разлика само што годините се повеке.
вистината е тоа што не знаеме како да ја задржиме и водиме државата и да дадеме еден нормален стабилен живот на граганите...................
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Една полемика меѓу intel и ABC ме мотивираше да го отворај овој топик... Што мислите, дали во Македонија се живееше подобро пред осамостојувањето?

Мое лично мислење е дека тогаш беше многу побезбедно и се живееше со многу помалку стресови... Богаташи немаше многу, но затоа немаше ниту сиромаштија... Немаше невработеност, на лекар се одеше без коверти со евра и без претходно да се купуваат шприцови и завои во аптека, во школо немаше подмитување учители и професори, одењето на одмор во Грција и во Бугарија беше достапно речиси за секого итн. итн.
1.Точно дека имало помалце стресови причината за експоненцијоналното зголемување на продажбата на антидепресиви, зголемениот број на самоубиства и случаи на домашно малтретирање може директно да се лоцира во криминалната приватизација која освен материјално разнебитување остави духовен пустош.

2.Бирократите од тој систем станаа богаташи во овој систем.
Немаше невработеност зошто Тито направи договор со неврзаните земаше кредити од Америка (17 милијарди долари имаат денешна вредност од 100 милијарди долари кои беа доволно да се покријат дупките кои зад себе ги оставаше непрофитабилното пролетерско работење)

3.Здравството било достапно за секого но за жал не нудело еднаков третман.
Затоа денес родителите ги тераат своите деца да се запишат на факултет "Учи синко факултет да не се мачиш да бидеш директор кога ќе отидеш на лекар да третираат како паша, а не како работничка стока"

4.За образовниот систем немам некои примедби освен што требало задолжително да се учи марксизам тоест со сила се наметнувале декадентни теории.

1.Од први јануари 2010 ќе се укине шенгенскиот ѕид и Македонските граѓани ќе имаат еднаков третман како што некогаш имале "Југословените".
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Доколку некој купувал стан, морал претходно некаде да живее нели, што се случило со претходното место, за да денеска да бидат сместени 2 фамилии во стан и сл. ?

Па така колку за информација, во тогашно време имаше недостаток на работна рака за новите фабрики, па се случи голема миграција село, град.па така селата останаа празни а градовите пренаселени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom