Ама вие претерувате малце.
ne mozam da se pomiram da imam devojka a da imala so nekoj pred mene.znam deka go nosi u srce i misli na nego i koga ke go vidi i se vrtat peperutki u stomak.i za toa do sega sum imal takvi mnogu ama do deka dade posle toa ja batalam.
И што ќе правиш сега, цел живот ќе бараш невини само за да бидеш сигурен дека не „го носи првиот во срце“? Што ќе се случи ако наидеш на прекрасна девојка во која лудо ќе се заљубиш, ама по извесно време откриваш дека ете- веќе имала секс со еден? Ќе ја откачиш? Или ќе ја дружиш дур не ти „даде“ па после ќе ја баталиш?
Аман бе мажи, а мислев дека ние жените претеруваме во врска со тој фамозен прв пат. Ме изненадувате. За химен се работи побогу. Прв сексуален однос, тоа е нешто што мора на секоја девојка да и се случи, не знам зошто толку голема фама се дига околу тоа.
Да, знам, девојките обрнуваат малце премногу внимание на оваа работа, ама тоа е така додека не се случи. После тоа, откако ќе има и втор партнер, и трет и да не редам понатаму... Полека но сигурно сите добри секс-партии ќе ја засенат онаа најпрвата, историската, и таа ќе остане само како добар или не толку добар спомен. :wink:
тоа е како правило ПРВИОТ НИКОГАС НЕ СЕ ЗАБОРАВА(поготово за девојките) и мн се каам за таа работа!! и сите машки треба да знаат дека ако земале нечија невиност ТАА СЕКОГАШ КЕ ГО ПАМТИ!!!!!!!!
Епа дај тогаш да ги спалиме искусните девојки, ако не па.
Секоја девојка го памти првиот, точно. Исто како што го памти и првиот бакнеж, првата цигара, првиот кец, првата барбика и слични први глупости на кои жените (ни јас не сум исклучок) обрнуваат внимание...

Нормално дека нема да го заборави. Ама многу повеќе ќе го памти првиот пат генерално, отколку што ќе се стави акцент на човекот со кој се случил тој прв пат.
Ќе го памти, добро. Ама тоа не значи дека никогаш нема да го преболи, дека вечно „во срце ќе го носела“ и дека дур има секс со вас ќе мисли на него.
Не претерувајте толку, тоа и не е толку важна работа, дали имала секс пред вас и со кого имала. Важно е додека имате секс и двајцата да уживате во тоа, се понатаму се детали со кои беспотребно ќе се замарате.
Зашто би се омажила некој ако сеуште лета по ТОЈ?
Бракот претставува нешто свето,помеѓу двајца кои се сакаат и планираат да основаат семејство,а како може семејство без љубов или некој трет помеѓу?
Абе Мавечко, сосема ти е на место теоријава, само проблемот е што во пракса ова многу поинаку функционира... Бракови без љубов се денес речиси вообичаена работа... Ама тоа е веќе друга тема.