Повторно не си во состојба да разбереш.*интелектуален капацитет*
Повторно генерализираш, ти објаснив дека дејностите на црквените органи и христијанските верници се два различни поими но не беше во состојба да разбереш. во врска со догмата, во современиот свет, помеѓу интелектуалците, но и помеѓу оние без никакво образование, зборот „догма“, има сосема поинаква и поразлична смисла од нејзиното вистинско значење. Догма е нешто негативно, опскурно, застарено, нешто што заробува, нешто немодерно, декадентно. Во оваа смисла, тој збор и се употребува, па дури во некои речници тој вака семантички и се толкува. Честопати, на теолозите им се посочува дека сега е време да се прават реформи во Црквата, а тие реформи најпрво треба да започнат со тотално отстранување на догмите, како нешто што апсолутно ја ограничува слободата. Модерниот свет, светот во кој сè е дозволено, не може да толерира вакви нешта. Либералниот систем, кој царува во човечките општества, бара да се спроведе либерализам и во самата религија. Светот во кој сè е релативно, па дури и самата вистина, не може да трпи вакви застарени „тортури“ како што е наметнувањето на догмите. Догмите се нешто апсолутно непотребни, бидејќи и без нив човекот може да биде добар и праведен, па затоа Црквата, во која сè уште се присутни догмите, треба да најде начин да го преструктуира својот религиозен систем, во систем во кој ќе нема никаков авторитет, како видлив, така и невидлив.
Како што објаснив и во претходниот пост само нискоинтелегентен човек може да се моли на Бог да му падне на лото, и да очекува добивка, овој пример не ти е соодветен, еве пак повторувам, дали можеби од лично искуство зборуваш:nesvest:?
Суштината на верата е многу посуптилна од материјалните богатства, тоа што ти и твоите ниски интелектуални капацитети не можат да го разберат не значи и дека не може да се разбере.
Клиповите не ги гледав, немав потреба, искажи се со зборови ако можеш а не клипови да пушташ.