Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Слушај сега ваму малку објективно да погледнеме на работите, точно е дека имате послаба подготовка одколку гимназијалците, и затоа не можат никогаш тие од средно стручно да се мерат со гиманзијалци, не важи баш за сите средни стручни, економските стручни се исклучок.1. Затоа што македонски ние имаме три часа неделно а во гимназиите имаат по четри часа неделно и во програмата има некои дела кои не ни се земени и тестот е правен спрема нив.
2. Англиски ние учиме два учебници за 4 години а тие учат 4 за 4, и друго шо е најинтересно ке имало во матурата да напишиш тема за нешто од толку до толку збора а ние до сега немаме работено такво нешто.
3. НЕ Сме подготвени.
Тоа е и нормално, бидејќи сите послаби ученици од основно се запишуваат во средно стручно што соодветствува на нивните способности да се совлада одредено количество на материјал, затоа и на тие од стручните намерно и се дава помалку материјал во истиот временски период да би имале време убаво да го совладаат.
Значи да се разбереме селекцијата колку добро вие ќе бидете способни да ја подготвите матурата се прави уште при запишувањето во средно (и не ми викај нови стари програми , бидејќи средни стручни и гимназии имало уште од времето на татако ми и тогаш се деле исто учениците). Така да ако има некој исклучок во средните стручни кој има поголем капацитет може да побара помош од професор и совет за да би се подготвил подобро за матурата а не само да ја положи.
Не ми е намерата да кажам дек едните се глупи а другите паметни, но реалноста е таа да секој треба да ги согледа своите способности и аналогно на тоа да си го избере степенот на образование до кој ќе иде. Тоа функционира и во германија и нема никаков проблем. Мора да разберете дека не сите се за на факултет, мора да има и многу со средно стручно кои ќе ги работата токму тие работ за кои тие со диплома од факултете се преквалификувани.
А ова што се случи со последниве три генерации да се запишуваат на факс ниту со матура ниту со приемни е само една тотална анархија и деградирање на образовниот систем.