Државна матура

Статус
Затворена за нови мислења.

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
1. Затоа што македонски ние имаме три часа неделно а во гимназиите имаат по четри часа неделно и во програмата има некои дела кои не ни се земени и тестот е правен спрема нив.
2. Англиски ние учиме два учебници за 4 години а тие учат 4 за 4, и друго шо е најинтересно ке имало во матурата да напишиш тема за нешто од толку до толку збора а ние до сега немаме работено такво нешто.
3. НЕ Сме подготвени.
Слушај сега ваму малку објективно да погледнеме на работите, точно е дека имате послаба подготовка одколку гимназијалците, и затоа не можат никогаш тие од средно стручно да се мерат со гиманзијалци, не важи баш за сите средни стручни, економските стручни се исклучок.
Тоа е и нормално, бидејќи сите послаби ученици од основно се запишуваат во средно стручно што соодветствува на нивните способности да се совлада одредено количество на материјал, затоа и на тие од стручните намерно и се дава помалку материјал во истиот временски период да би имале време убаво да го совладаат.
Значи да се разбереме селекцијата колку добро вие ќе бидете способни да ја подготвите матурата се прави уште при запишувањето во средно (и не ми викај нови стари програми , бидејќи средни стручни и гимназии имало уште од времето на татако ми и тогаш се деле исто учениците). Така да ако има некој исклучок во средните стручни кој има поголем капацитет може да побара помош од професор и совет за да би се подготвил подобро за матурата а не само да ја положи.
Не ми е намерата да кажам дек едните се глупи а другите паметни, но реалноста е таа да секој треба да ги согледа своите способности и аналогно на тоа да си го избере степенот на образование до кој ќе иде. Тоа функционира и во германија и нема никаков проблем. Мора да разберете дека не сите се за на факултет, мора да има и многу со средно стручно кои ќе ги работата токму тие работ за кои тие со диплома од факултете се преквалификувани.

А ова што се случи со последниве три генерации да се запишуваат на факс ниту со матура ниту со приемни е само една тотална анархија и деградирање на образовниот систем.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Добро бе сега шо ги карате децата, нервозни се не му се полага. Ако нека побегат сеа неколку дена од сколија, таман рачка си најдоја. Не зависи од штрајкувањето дали ќе се полага или не, зависи од фактите шо се на страна на министерството како шо гледам, а и да не се голем кур.

Сега од понеделник на сколија да си одите помина жустрото, џабе ќе форсирате. Ќе ви помини бе за еден месец, ќе прифатите дека то е ви го „пикнаја“ нема бегање.

Јас лани изгорен бев да се полага матура, за инает не за друго. Сеа ќефој сум дека ве заебаја :baeh:. Форсирајте сеа на сколија дека матурата е супер да се полага, шема е. Ќе нервирате некој ќе ви филозофира, вие ќе пукате сеири.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Не ми е намерата да кажам дек едните се глупи а другите паметни, но реалноста е таа да секој треба да ги согледа своите способности и аналогно на тоа да си го избере степенот на образование до кој ќе иде. Тоа функционира и во германија и нема никаков проблем. Мора да разберете дека не сите се за на факултет, мора да има и многу со средно стручно кои ќе ги работата токму тие работ за кои тие со диплома од факултете се преквалификувани.

Абе аман и ти сега колку си демократичен кажи си шојма врска, кој е глуп и нема општа култура не треба да оди на факултет. Не се сите за факултет, кој си положи си положи. Ти ако си глуп или необразован сеедно, значи не си за на факултет или местото ќе ти го земи некој попаметен пообразован. Шојма врска по шо програма учиш ти, шо ми е гајле мене ко не си научил. Демек со хендикеп си не е фер, шо си одбирал тогаш таква сколија?

Битно е да се напрај глобализирано оценување, за да можи да се запишат помал број на студенти и то да бидат тие шо треба шо заслужиле. Неможиш ти мене да ми споредваш оценка од гимназија, со оценка од техничко кај шо 90% незнат основни работи, еден помалку глуп да е 5 ќе има.

Вака е најфер, најреално, тој шо е глуп ќе го боли. Жал ми е ама то е неговата реалност и крај краева никој не му е крив (сем мајката природа шо се пошегувала со него).
 
Член од
27 март 2007
Мислења
735
Поени од реакции
316
С О О П Ш Т Е Н И Е
од 16-та седница на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија на вчерашната седница, со која претседаваше претседателот на Владата Никола Груевски го разгледа и го усвои Предлог-законот за изменување на Законот за средно образование.
Причини за донесување на овој закон произлегуваат од потребата да се измени законската одредба со која се регулира терминот на отпочнувањето на полагањето на испитите од државната матура, училишната матура и завршниот испит за учениците во средното образование чија примена требаше да започне од учебната 2007/2008 година.
Пролонгирањето на терминот е заради не усогласеност на наставните планови и програми според кои се образуваат учениците од завршната година на средното образование во учебната 2006/2007 година, со веќе изготвените пилот-испитни прашања од државната матура, училишната матура и завршниот испит, што би предизвикало добивање на нереални резултати на знаењата на учениците доколку се примени член 114 од Законот за средното образование.
Според досега донесените одлуки на Уставниот суд на Република Македонија кои се однесуваат на оваа проблематика, учениците спротивно на нивните легитимни очекувања не дознале за воведувањето на државната матура, училишната матура и завршниот испит при запишувањето во средното образование.
Истото, не е во согласност со Уставот во однос на правната сигурност како елемент на принципот на владеење на правото, како и во однос на уставната забрана за повратно дејство на законите и другите прописи.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
и шо?сеа е одложена матурата и оваа генерација нема да полагаат?ја ќе бидам од тие првите што ќе полагаат?!лелелелелелелле,е сеа ме фати паника:ija::shok::nesvest:
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Бате а кога беше таа седница на влада 16та?
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
С О О П Ш Т Е Н И Е
од 16-та седница на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија на вчерашната седница, со која претседаваше претседателот на Владата Никола Груевски го разгледа и го усвои Предлог-законот за изменување на Законот за средно образование.
Причини за донесување на овој закон произлегуваат од потребата да се измени законската одредба со која се регулира терминот на отпочнувањето на полагањето на испитите од државната матура, училишната матура и завршниот испит за учениците во средното образование чија примена требаше да започне од учебната 2007/2008 година.
Пролонгирањето на терминот е заради не усогласеност на наставните планови и програми според кои се образуваат учениците од завршната година на средното образование во учебната 2006/2007 година, со веќе изготвените пилот-испитни прашања од државната матура, училишната матура и завршниот испит, што би предизвикало добивање на нереални резултати на знаењата на учениците доколку се примени член 114 од Законот за средното образование.
Според досега донесените одлуки на Уставниот суд на Република Македонија кои се однесуваат на оваа проблематика, учениците спротивно на нивните легитимни очекувања не дознале за воведувањето на државната матура, училишната матура и завршниот испит при запишувањето во средното образование.
Истото, не е во согласност со Уставот во однос на правната сигурност како елемент на принципот на владеење на правото, како и во однос на уставната забрана за повратно дејство на законите и другите прописи.

Е добро де јас како што го разбрав текстот ова се однесува на овие сега што терба од октомври да почнат со факултет.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Па вака сеа владата да одржува една седница неделно а таа е избрана лани во јули при што првата нејзина седница е во август да речеме значи 16тата би била ноември или декември месец МИНАТАТА ГОДИНА така да немојте да ширите ДЕЗИНФОРМАЦИИ т.е информации кои се СТАРИ и да се факате за сламка.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Абе кај нас повеќето сакаат матура, Орце колку толку не е тапа гимназија и сите ученици се сигурно подобри од некои „школи„ кај што сите се 5.00, али глупа е целата програма. Најбоље, според мене, би било да има задолжителен македонски и да се бира помеѓу англиски, математика и некој предмет од општествен смер, социологија на пример. Затоа што јас ако се запишувам на англиски, ќе полагам македонски и англиски, тоа е сосема во ред... Али зошто да се малтертирам со уште два глупи предмета што нема да ми требаат... Истото важи и за другите, а така ќе се диференцираат и ќе се знае кој каде има предност... Али џабе више дискутираме на темава, моите драги соученици отворено кажуваат дека сакаат само да губат часови, вие поголемите една, две години не сте ни полагале за да можете да ни солите памет, а тие најголемите што се' не полагале, па никој нема лице, а не ни треба да има, за да им се жали дека матурата ќе биде тешка...:toe:
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Точно, горната одлука е од декмеври 2006 и беше за учебната 2006/2007 кај која имаше само пробно тестирање.

За учебната 2007/2008 ќе се полага и џабе ви се аргументите дека сте биле вие по различна програма кога 100% е јасно дека вие сте првата генерација по новото реформирано образование - тие пред вас 3 генерации беа по тотална различна програма бидејќи кај нив имаше промени од година во година додека кај вас уште кога бевте 1 година се беше јасно дефинирано и истото и сега важи за тие сега што се и 1 и 2 и 3 - така што седнете и учете со време ....

ДРЖАВНА МАТУРА ЌЕ СЕ ПОЛАГА!!!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Сепак мислам дека ќе се одложи полагањето за една година. Сите овие матуранти бројте ги како гласачи, ако ги заебе сеа владава, има да им се плачи мамето за две години, а Грујо не е будала да напрај таква глупост кога веќе се докажа дека барем тој досега знае што прави со Македонија.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе кај нас повеќето сакаат матура, Орце колку толку не е тапа гимназија и сите ученици се сигурно подобри од некои „школи„ кај што сите се 5.00, али глупа е целата програма. Најбоље, според мене, би било да има задолжителен македонски и да се бира помеѓу англиски, математика и некој предмет од општествен смер, социологија на пример. Затоа што јас ако се запишувам на англиски, ќе полагам македонски и англиски, тоа е сосема во ред... Али зошто да се малтертирам со уште два глупи предмета што нема да ми требаат... Истото важи и за другите, а така ќе се диференцираат и ќе се знае кој каде има предност... Али џабе више дискутираме на темава, моите драги соученици отворено кажуваат дека сакаат само да губат часови, вие поголемите една, две години не сте ни полагале за да можете да ни солите памет, а тие најголемите што се' не полагале, па никој нема лице, а не ни треба да има, за да им се жали дека матурата ќе биде тешка...:toe:
Да имаш право се создава малку абсурдна ситуација за тие што сакаат на филилошки или економски да се запишуваат бидејќи со двата задолжителни предмети се доволни за упис. Но погледни на тоа од друг аспект па, а тоа е дека ако си избереш уште два полесни предмети какода речеме социологија и филозофија, па ти се сголему спектарот на факултети на кои можеш да се запишеш.
Матурската семинарска чинам може и по македонски и по англиски и по математика или пак по кој и да било друг предмет да биде без разлика дали сте го избрале како еден од двата опцинални при матурата.
Како и да е тие се тие нелогичности кои се јавуваат кои воглавно само преку искуство се дознаваат па со тек на време се поправаат, односно им се наоѓа решение. Инаку мислам дека ако орце се спремниу да полагаа тогаш гарант се и ЈБТ и Корчагин и Карев спремни, проблеми може да има кај стручните и послебите гимназии како Георги Димитров, Зеф љуш Марку и сл.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Што знам ја полагав и матура и приемен, и не се жалевме, никому ништо. А вие мислам дека нема да имате приемни, па сега да немате ни матура, епа многу сакате. Полагав исто тоа македонски состав од литература, бранев тема филозофија, и полагав информатика како изборен. Мислам дека и вие ќе имате слично нешто, сменето ќе вие незнам колку. Ама сепак сте знаеле од прва година дека ќе полагате матура, ние знаевме пред 2 години, а камо ли па вие. Мислам дека се бунат оние кои учеле кампањски и не им е познат материјалот, можда и грешам. Али тие протести на ништо не ви личеа сепак.:toe::helou::helou: Инаку ја бев во таа генерација која беше пола пола, односно ни вршеа разни експерименти и глупости, оба било по нова програма, ова по стара бла бла. А додека вие знаевте уште од почеток. Епа мора да се направи некоја селекција со таа матура.
 
Член од
21 август 2007
Мислења
295
Поени од реакции
8
Сепак мислам дека ќе се одложи полагањето за една година. Сите овие матуранти бројте ги како гласачи, ако ги заебе сеа владава, има да им се плачи мамето за две години, а Грујо не е будала да напрај таква глупост кога веќе се докажа дека барем тој досега знае што прави со Македонија.
Другата година ќе штрајкуваат повторно и пак ќе се одложи и така до недоглед. Нема одлагање. Две години до избори има да се заборави тоа.
Нормално дека не сакаат да полагаат кога се знае како ги добиваат високите оценки. 80 % поминуваат одлични. Со толкав процент државава ќе процвета од паметни деца. Истото се случува и со студентите. Сите завршуваат факултет. А доволно е да прошеташ низ студентските домови па да видиш кој се студира и завршува високо образование
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom