Mesaja
Dot.
- Член од
- 14 јуни 2005
- Мислења
- 5.532
- Поени од реакции
- 16
Колку за фалење... дека го симнал...ама зарем тој е нечив омилен албум?по неколку дена од неговото официјално излегување?мммм.чудно.
Колку за фалење... дека го симнал...ама зарем тој е нечив омилен албум?по неколку дена од неговото официјално излегување?мммм.чудно.
Финтата со Металица е дека во живо сите песни звучат далеку подобро него на снимка, јас лично се уверив во тоа пред два дена на промотивниот концерт за новиот албум во берлин.Death Magnetic е прилично солиден албум, и врши работа.
Фала богу не наликува на Load/Reload.
Поагресивно, малку враќање кон корените. Само многу долги песни, неам појма колку време траат т.е. се губам во тракиве. Една песна 5 минути, сите други над 6,7 и повеќе.
Ама пак, им чини албумов, имаат нешто креативност во нив.
Или подобро кажано ако веќе ги спомнуваш Металика тогаш најдобар албум и покрај новиот сепак останува Master of puppets но многу добро следен од ride the lightning.да,јас сеуште го немам симнато,ниту планирам.но,сметам дека постојат метал албуми кој се далеку повредни,побитни и се по во позитивна смисла од новиот албум на металика бе.да ти е омилен албум новиот на металика,значи дека не слушаш баш многу музика и дека не пратиш баш многу музика.не е за фалење баш тоа.т.е. не е ни официјално искочен,како што знам на 12 му е официјално излегување.
Баш пред 3-4 дена го преслушав албумов. Многу успешно ми ја доловија атмосферата од втората светска војна. Дури повеќе атмосфера ми направија од Call Of Duty
Hail Of Bullets - Of Frost And War
Нов бенд, формиран годинава со горенаведенот деби албум, кој деновиве постојано ми прави друштво.
Меѓутоа, членовите на бендот имаат квалитетен музички историјат, така шо тука се работи за одличен бенд.
Како тематика е опфатена воена идеологија, парафраза и комплетно доловување на битката помеѓу Русија и Германија за време на втората светска војна.
Веќе имам напоменато дека имам мала замерка за вокалот пошто очекував подлабок и побрутален growl, како на пример Карл од Bolt Thrower.
Меѓутоа, инструменталниот дел тотално ги задоволува моите потреби и од технички и од мелодичен аспект, па така поставува еден баланс и прави корекција на оноа шо вокалот не може да го доведе до исправка.
Мрачни рифови и менување на темпа, комплетно остварување на својата замисла и вметнувајќи ве на фронтот додека го слушате албумов.
Влијанија од повеќе олд скул бендови кои ќе ги забележите при слушањето од Obituary до Bolt Thrower.
Прологот започнува со интрото Before The Storm(Barbarosa), како најавување за масакрот шо следува на фронтот, а епилогот Berlin го најавува крајот на војната и трагичната завршница на Германија.
Албум кој мора да го има секој приврзаник на дет металот.
Се сложувам !Heaven Shall Burn - Iconoclast.... албумов е КОСКА...
одличен е албумотHeaven Shall Burn - Iconoclast.... албумов е КОСКА...
да, според мене за оваа 2008 година е еден од најдобрите заедно со RAREFORM-AFTER THE BURIAL...барем досега :salut::salut::salut:одличен е албумот