Стипендии

MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
10 милиони денари од МОН за стипендии за постдипломски студии
12.02.2010 - 16:02
Трипати повеќе стпендии ќе се доделуваат за постдипломците од природно математичките и техничко технолошките науки. Конкурсот веќе е распишан.

Стипендиите се во износ од 4.500 денари и ќе се исплаќаат 12 месеци во годината. Министерството за образование се одлучи на ваков потег за стабилен и побрз развој во образованието.

За да добиете стипендија за студии од втор циклус треба да исполнувате неколку услови. Да имате дипломирано додипломски со оценка минимум 8, 50 и студиите да се акредитирани. Да сте запишани прв пат во втора година во академската 2009/ 2010. Треба да се освојат најмалку 2/3 од предвидените кредити по ЕКТС системот.

Од идната недела и средношколците ќе ги добијат парите за стипендиите кои доцнеа неколку месеци.
Ај малку да ми го подобјасни некој болдираното, и општо шо е финтата со стипендиите за постдипломски студии?
Јас сум апсолвент сега, и доколку дипломирам со просек над 8.50 автоматски добивам стипендија штом се запишам на постдипломски ?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
710

Јок. Нема смисла тоа. Сите со просек > 8.5 ќе се запишеме на постдипломски, ќе лапаме пари цела година и ќе се ладиме на студиите.. шо нема смисла.
Ти конкретно си 3+2, така? Според мене, болдираното значи дека од првата година на постдипломски условот е да имаш освоено 2/3 кредити од тоа што е предвидено, а втора година да ја запишеш прв пат, значи прв пат... :) значи се разбираме :)
Мислам дека има и друга стипендија, која бара повеќе услови, а е многу помоќна од оваа "обичнава". Ама за таа не сум доволно информирана. Некој?
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
37
Поени од реакции
0

Мислам дека има и друга стипендија, која бара повеќе услови, а е многу помоќна од оваа "обичнава". Ама за таа не сум доволно информирана. Некој?[/QUOTE]

Каде има објавено конкурс за стипендии за посдипломски,и до кога трае ако мозе некој да ми пише позз
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.061
Поени од реакции
74.695
Конечно вчера ми стигна потврда од МОН дека че земам стипендија, а кога ќе ни ја дадат.... Е тоа е енигма :)
Инаку да прашам, колку треба да ти биде просекот за да ти се продолжи стипендијата???
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Ми стигна примерокот од договорите. Уште парите да стигнат :wink:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Јок. Нема смисла тоа. Сите со просек > 8.5 ќе се запишеме на постдипломски, ќе лапаме пари цела година и ќе се ладиме на студиите.. шо нема смисла.
Ти конкретно си 3+2, така? Според мене, болдираното значи дека од првата година на постдипломски условот е да имаш освоено 2/3 кредити од тоа што е предвидено, а втора година да ја запишеш прв пат, значи прв пат... :) значи се разбираме :)
Мислам дека има и друга стипендија, која бара повеќе услови, а е многу помоќна од оваа "обичнава". Ама за таа не сум доволно информирана. Некој?
До лани беше таа моќна стипендија со месечен износ од околу 8500/9000 не знам точно. Но доделуваа 50сетина стипендии.
Е сега зголемен е бројот на стипендии што се даваат ама износот е 4500 денари. Дека со Болонскиот систем има многу повеќе постдипломци и зголемен е бројот на стипендии што се доделуваат.
Така да нема моќни помоќни итн. туку едноствно сменети се само условите и паричниот износ.
Иначе ја има на страната на министерството.
И има еден куп глупи документи што треба да се дадат.
Јас си мислев дека за додипломски студии требало многу документи и живци трошење, ама ова е бетер :)
 
MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
До лани беше таа моќна стипендија со месечен износ од околу 8500/9000 не знам точно. Но доделуваа 50сетина стипендии.
Е сега зголемен е бројот на стипендии што се даваат ама износот е 4500 денари. Дека со Болонскиот систем има многу повеќе постдипломци и зголемен е бројот на стипендии што се доделуваат.
Така да нема моќни помоќни итн. туку едноствно сменети се само условите и паричниот износ.
Иначе ја има на страната на министерството.
И има еден куп глупи документи што треба да се дадат.
Јас си мислев дека за додипломски студии требало многу документи и живци трошење, ама ова е бетер :)
Во моментов ми иди да испцујам еднаш убо убо... али ќе се воздржам.
Па од вкупно 4 семестри на постдипломски, со смешнава "стипендија" би можел да си платиш само еден :) Фино.
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Конечно вчера ми стигна потврда од МОН дека че земам стипендија, а кога ќе ни ја дадат.... Е тоа е енигма :)
Инаку да прашам, колку треба да ти биде просекот за да ти се продолжи стипендијата???
Исто толку колку што ти требаше да конкурираш. 8.00 или 8.50, во зависност од тоа на кој факултет си
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Луѓе што бидна со студентските кредити? До каде е работава?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.061
Поени од реакции
74.695
Исто толку колку што ти требаше да конкурираш. 8.00 или 8.50, во зависност од тоа на кој факултет си
Да, да знам тоа. Само не ми е јасно дали треба да имаме просек од 8.00 и нагоре, само од предметите од втора година, или заедно со тие од прва. Значи дали се гледа просекот само од изминатава година, или треба да се одржи севкупниот просек???:smir:
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Севкупниот просек, а не поединечно по години:wink:
 
Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Трипати повеќе стпендии ќе се доделуваат за постдипломците од природно математичките и техничко технолошките науки. Конкурсот веќе е распишан.
Браво, супер потег со оглед на тоа што има се повеќе постдипломци. Јас за малку не го исполнувам потребниот просек, премногу е над 8,5 особено за државни факултети. Јас сум на ПМФ и од шест студенти во група на пост-дипломски само еден има дипломирано со над 8,5 просек. Од друга страна на приватните има многу поголем број студенти со повисок просек и се во предност. Ем не се прави разлика помеѓу магистерски 4+2 и мастерс 3+2. Меѓутоа секако бел бумбар за стипендииве :smir:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.061
Поени од реакции
74.695
Севкупниот просек, а не поединечно по години:wink:
Уф ми олесна у пичку материну. Како ја усрав оваа година, мислев дека тепшко ќе фатам просек 8.00, али вака севкупно, ако не се случи нешто непредвидено, пак ќе се радувам на парите (ако воопшто се израдуваме некогаш на овие од оваа година:vozbud:):pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom