Канибализам

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola.b
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Знам дека Евреите и Муслиманите не смеат да допрат свинско, додека хиндуистите несмеат да јадат телешко.

Ме интересира дали канибализмот е стриктно забранет во некоја од религиите.

Претпоставувам дека повеќето посетители на овој форум се православни, па може да се ограничи прашањево само на христијанството.
 
Ја неколку пати ја отворив темава и не знаев што да кажам......сеуште не знам што да кажам......мислам.....мислам дека некои племиња практикувале да ги јадат остатоците од нивните мртви, од почит или заборавив од која друга причина.....али зар стварно има потрба да се напише стриктно дека е забрането да се јаде својот вид?
 
Не е крив никола што не пробал човечко месо,или пак сакаше да каже дека сите сме добиток,тогаш браво...
 
lol, kanibalizam e jadenje lugje.. ako sum dobro informirana
кучето кое јаде куче - канибализам
мравката која јаде мравка - канибализам
марсовецот кога јаде мрсули - канибализа.

Значи јадењето луѓе се вика човекојадство, Лавот кога јаде луге не го викаат канибал нели???


п.с. темава - во психологија треба да иде!
 
Знам дека Евреите и Муслиманите не смеат да допрат свинско, додека хиндуистите несмеат да јадат телешко.

Ме интересира дали канибализмот е стриктно забранет во некоја од религиите.
Па Никола најблизу до канибализам во христијанството си ако буквално го сфатиш чинот на причестувањето. Поточно лебот и виното ги симболизираат телото и крвта на Исус. Поради ова раните христијани биле обвинувани за канибализам.
Претпоставувам дека повеќето посетители на овој форум се православни, па може да се ограничи прашањево само на христијанството.
Поради тоа што повеќето се овде хриситијани мислам дека нема потреба да ја објаснувам вистинската страна на причестата.Надвор од христијанството најблизу до канибализмот се Масоните

и ќе ги јадете телата на синовите свои, и телата на ќерките ваши ќе ги јадите
Трета Мојсеева 26:29

И ти ќе ги јадеш чедата од утробата своја, плотта на синовите и ќерките свои......
Петта Нојсеева 28:53

И нема да им го даде последокот, што излегува меѓу бедрата нејзини,на децата, што ги родила, зашто,при скудноста во се, таа ќе ги јаде тајно,....
Петта Мојсеева 28:57

...... Секој ќе го јаде месото од својата мишка
Исаија 9:20

Ќе ги нахранам твоите угнетувачи со нивното сопствено месо, ќе бидат напоени со сопствената крв како со ново вино...
Исаија 49:26

И ќе ги нахранам со телата на синовите нивни и со телата на ќерките нивни, и секој ќе го јаде телото на својот ближен...
Јеремија 18:9

Затоа татковците ќе ги јадат синовите свои среде тебе, а и синовите ќе ги јадат татковците свои....
Језекиил 5:10

Да некои од овие цитати се однесуваат на канибализмот како дел од човековата природа, но никако како дел од христијанството како религија. Никаде во Библијата не е запишано дека ние треба да практикуваме јадење луѓе. Сите цитати се од Стариот завет, каде канибализмот е спомнуван во многу потешки облици, кои пак се како резултат на ситуациите во кои се наоѓале луѓето,а некои од овие цитати воопшто не се однесуваат на тоа, туку се само буквалистички претставени.
 
Јас нема да јадам луѓе се додека постои лебот, а потоа:борба за живот, појакиот ќе победи!
 
Јаделе луѓе демек, ако некој заебан ловец или тепач или некој шо сите жени фи ќаруел и овие откако ќе рикне му го јадат месото со надеж дека ќе ја добијат неговата заебаност и фраерлук. То е ето уствари.
 
Сите старозаветни стихови кои беа посочени претходно немаат никаква директна релација со људождерство,ами имаат подлабоко пророчко значење(освен вториот стих кој е предупредување за народот на Израел ако отстапат од заветот ...тоа и тоа ќе им се случи од околните душмански народи)
 
Едно е да се применувале и да има податоци за ова,друго е да се одобрува или заповеда.
 
Како може бе канибализмот да не е забранет кога тоа е јадење на луѓе....Тоа е најпозната карактеристика за примитивните племиња односно домородците но сеуште е застапено помеѓу нив оти такви племиња уште постојат...мислам дека треба тие да се истребат бе...ги има во мексико во австралија и на многу други места ама таму мислам дека се најзастапени....
 
Канибализмот на страна од тоа како и дали се практикувал религиозно во минатото, денес не би требало да се гледа како верски акт туку како совршено шизофреничен:)
 
Зарем не сме на ниво на развој кога самата помисла на канибализам би ни била глупа, проста, одлика на заостанатост ????
треба да се истребат сите кои барем навестуваат канибализам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom