Денеска ни беше спомнат терминов и решив да погуглам и да побарам по кајганава шо знаете за канибализмот.
Интересна работа,со оглед на тоа што во некои култури се практикува јадењето на останките од некој предок за тој предок да биде во вас,така наместо да се оди на гробишта и да се бара помош од предокот,веќе тој е во вас и го повикувате каде и да сте..
Знам дека звучи грозно,но доморотските верувања кои постоеле во минатато,сеуште постојат и овие „обреди“ сеуште се практикуваат.
Познато е кај животните дека практикуваат канибализам,но они се на пониско интелектуално ниво од човекот,што канибализмот кај човекот го прави уште поинтересна појава.