Еве совети за сите оние кои треба да се возат на мотор
- Никогаш не се качувајте на мотор без опрема;
- Во кривина не го исправајте телото спротивно од возачот, доколку тој се навалува во лево или десно, следете го. Колку и да изгледа страшно немојте да се исправате!;
- Викањето -"ПАЗИ!" на секои три метри само ќе му попречи во концентрацијата, смирете се и уживајте во возењето, тој што го вози моторот знае што прави;
- Штипење, кубење и заривање нокти во слабина за да закочи возачот е погрешен начин, едноставно кажете му дека не сакате брзо возење;
- Не се преместувајте и не правете нагли движења, ова посебно важи при поминување низ кривина бидејќи движењето на вашето тело може да го исфрли возачот од рамнотежа и да паднете;
- Не го предизвикувајте возачот, барањето да вози побрзо од она на што е навикнат најчесто завршува лошо за двајцата;
- Држете се за моторот онака како што ви покажал возачот, не експериментирајте во текот на возењето како е подобро;
- Пред да се качите или симнете од моторот, секогаш чекајте возачот да ви даде знак дека е во ред да го направите тоа. Никогаш не се качувајте или симнувајте без да го известите возачот!;
- Гледајте во патот, бидете подготвени да реагирата според потребите на патот и зададената ситуација. Многу е полесно да се избегне несреќа доколку сте подготвени за тоа;
- Внимавајте на ауспухот. Најчесто е поставен од десната страна на моторот па подобро е да се качите и симнете од левата страна, изгореница од ауспух изгледа навистина лошо, а болката е голема;
Целиот текст на:
http://motori.com.mk/sodrzini/razni-sodrzini/korisni-tekstovi/1683-soveti-za-sovozachi