- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
Najnovite informacii sepak se deka e vo tek akcija na spasuvanje na Branko Crvenkovski.
ПОРАНЕШНИОТ ГУВЕРНЕР НА НБМ ПРОГОВОРИ
Трпески: Се се правеше тајно, на затворени седници на Владата
Знам дека со ова што го зборувам ќе се наруши угледот на Македонија, но морам да го кажам, бидејќи веќе сум доведен до последен здив, проговори поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија Љубе Трпески, на вчерашното рочиште за случајот Експорт-импорт банка. Тој, заедно со австрискиот бизнисмен Методија Смиленски, е обвинет за злоупотреба на службената положба во врска со проневерите од НБМ од над 40 милиони долари државни пари. Повеќе од шест часа вчера Трпески ја даваше својата одбрана пред судот. - Владата на Љубчо Георгиевски ме задолжи да обезбедам 40 милиони долари од девизните резерви за откуп на државниот долг. Народната банка на Македонија и Министерството за финансии во однос на откупот на долгот од Лондонскиот клуб на кредитори имаа добивка, а не загуба. Беше направен откуп на обврзници, со што се оствари заштеда од 17 милиони долари. Сето ова се правеше тајно и преку агенти што се избираа на затворени седници на Владата - рече Трпески. Оваа практика, според него, постоела уште од Владата на Бранко Црвенковски, а траела до 2003 година, кога премиер бил Владо Бучковски. Агентите (меѓу кои и Методија Смиленски) со одлука на Владата биле задолжувани од НБМ од странски банки да ги откупуваат долговите со девизните резерви на Македонија. - Агентите беа ангажирани за да се постигне пониска сума. За трансакциите не смееше да знае никој поради преговорите со ММФ. Фирмата на Смиленски „Симаг холдинг“ беше избрана уште во 1992 година, што значи дека ниту јас, ниту пак Георгиевски не сме го измислиле Смиленски. Факт е дека бев должен да ги спроведувам одлуките за кои не смееше да знае никој - рече Трпески. Поранешниот гувернер приложи и документи потпишани од поранешниот премиер Георгиевски со кои се докажува дека Владата имала соработка со фирмата „Симаг холдинг“ на Смиленски, која била користена за да се чуваат обврзниците од НБМ. Според Трпески, со истиот документ Георгиевски се обврзал дека ќе ги поддржува и бизнис-партнерите на Смиленски во Македонија. - Носител и прв потписник на договорот со „Симаг холдинг“ е Владата. Гувернерот, од друга страна, не е во позиција да одбива одлуки на влада. Обвинителството треба да знае дека НБМ не е независна институција - рече Трпески во своја одбрана. Во случајот со Експорт-импорт банка Трпески се товари за злоупотреба на службената положба, а Смиленски за поттикнување. Според обвинението, поранешниот гувернер во 2000 година и одобрил на Експорт-импорт, банката на Смиленски, 40 милиони долари за откуп на државниот долг. Со парите биле купени обврзници, но наместо да го плати државниот долг, Смиленски ги вратил долговите на своите компании.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1196&ArticleID=76999