Дали е време да се покрене обвинение за ОКТА?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Najnovite informacii sepak se deka e vo tek akcija na spasuvanje na Branko Crvenkovski.

ПОРАНЕШНИОТ ГУВЕРНЕР НА НБМ ПРОГОВОРИ

Трпески: Се се правеше тајно, на затворени седници на Владата

Знам дека со ова што го зборувам ќе се наруши угледот на Македонија, но морам да го кажам, бидејќи веќе сум доведен до последен здив, проговори поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија Љубе Трпески, на вчерашното рочиште за случајот Експорт-импорт банка. Тој, заедно со австрискиот бизнисмен Методија Смиленски, е обвинет за злоупотреба на службената положба во врска со проневерите од НБМ од над 40 милиони долари државни пари. Повеќе од шест часа вчера Трпески ја даваше својата одбрана пред судот. - Владата на Љубчо Георгиевски ме задолжи да обезбедам 40 милиони долари од девизните резерви за откуп на државниот долг. Народната банка на Македонија и Министерството за финансии во однос на откупот на долгот од Лондонскиот клуб на кредитори имаа добивка, а не загуба. Беше направен откуп на обврзници, со што се оствари заштеда од 17 милиони долари. Сето ова се правеше тајно и преку агенти што се избираа на затворени седници на Владата - рече Трпески. Оваа практика, според него, постоела уште од Владата на Бранко Црвенковски, а траела до 2003 година, кога премиер бил Владо Бучковски. Агентите (меѓу кои и Методија Смиленски) со одлука на Владата биле задолжувани од НБМ од странски банки да ги откупуваат долговите со девизните резерви на Македонија. - Агентите беа ангажирани за да се постигне пониска сума. За трансакциите не смееше да знае никој поради преговорите со ММФ. Фирмата на Смиленски „Симаг холдинг“ беше избрана уште во 1992 година, што значи дека ниту јас, ниту пак Георгиевски не сме го измислиле Смиленски. Факт е дека бев должен да ги спроведувам одлуките за кои не смееше да знае никој - рече Трпески. Поранешниот гувернер приложи и документи потпишани од поранешниот премиер Георгиевски со кои се докажува дека Владата имала соработка со фирмата „Симаг холдинг“ на Смиленски, која била користена за да се чуваат обврзниците од НБМ. Според Трпески, со истиот документ Георгиевски се обврзал дека ќе ги поддржува и бизнис-партнерите на Смиленски во Македонија. - Носител и прв потписник на договорот со „Симаг холдинг“ е Владата. Гувернерот, од друга страна, не е во позиција да одбива одлуки на влада. Обвинителството треба да знае дека НБМ не е независна институција - рече Трпески во своја одбрана. Во случајот со Експорт-импорт банка Трпески се товари за злоупотреба на службената положба, а Смиленски за поттикнување. Според обвинението, поранешниот гувернер во 2000 година и одобрил на Експорт-импорт, банката на Смиленски, 40 милиони долари за откуп на државниот долг. Со парите биле купени обврзници, но наместо да го плати државниот долг, Смиленски ги вратил долговите на своите компании.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1196&ArticleID=76999
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Gvujo ima uste nekoe vreme da go iskopira Gaj Julie, posle gotovo...ke sedne i toj na nekoja klupa :):)!!
Dali magareska , dali nekoja druga....ili treta..... od nego zavisi..
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Фрлената ракавица од професорот по меѓународно право на Правниот факултет, д-р Љубомир Фрчковски, кој посочи дека под спорниот анекс-договор стои потписот на тогашниот министер за финансии, Никола Груевски, вчера го предизвика на реплика премиерот. „Немам потпишано никаков анекс-договор за ОКТА. Тоа е дел од валканата игра на СДСМ“, изјави премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашното одбележување во МАНУ на десетгодишнината од упокојувањето на Мајка Тереза.
„Единаесет години ги чувствувам на себе луѓето од СДСМ и нивните приврзаници, криминални групации, платеници и слично, така што тоа не е ни прво ни последно. Утре да ме обвинат дека сум го убил Кенеди, нема да ме изненади. Во овие единаесет години тие покажаа дека кога се на власт, не работат ништо, а кога се во опозиција, работат само на оцрнување на противникот, наместо енергијата да ја насочат кон нешто креативно и добра идеја, нешто што ќе им помогне на Македонија и на народот“, рече Груевски.
А Љупчо ама Шврговски подзаборавил што треба да каже и онака во транс вели:
„Мора да се има предвид дека станува збор за исклучително сложен и обемен предмет кој бара големо ангажирање. Но, сакам да потенцирам дека на добивањето на купопродажниот договор за ОКТА чекавме цели три години“, додава Шврговски. На прашањето дали ги добиле и сите анекси, тој одговара - „дел од нив“.
Oстанува да се види дали ќе имаме завршница во некаков одбрамбен стил на Б.Ц. или на Гвујо доколку се покажат точни обвинувањата како овие:
„Груевски со својот потпис предизвикал директна штета на Македонија од 20 милиони долари. Тој самиот како министер во Владата на Љупчо Георгиевски го бранеше договорот со ОКТА како ’најдобрата инвестиција во Македонија‘“, рече Шекеринска. Таа истакна дека пратеничката група на СДСМ веќе има поднесено барање за закажување седница на која ќе се расправа за случајот со ОКТА, но дека досега од претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, таква седница не е закажана.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Gvujo ima uste nekoe vreme da go iskopira Gaj Julie, posle gotovo...ke sedne i toj na nekoja klupa :):)!!
Dali magareska , dali nekoja druga....ili treta..... od nego zavisi..
Gaj Julius Cezar prvo se ima ispecheno na terenot vo Galija kako general!

Potoa stana politichar no i toa ne mu pomogne da ne go "terminiraat".

Koj nash politichar se ima ispecheno vo borba kako Izraelskite politichari? Takvi ni trebaat vo momentov!
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Фрлената ракавица од професорот по меѓународно право на Правниот факултет, д-р Љубомир Фрчковски, кој посочи дека под спорниот анекс-договор стои потписот на тогашниот министер за финансии, Никола Груевски, вчера го предизвика на реплика премиерот. „Немам потпишано никаков анекс-договор за ОКТА. Тоа е дел од валканата игра на СДСМ“, изјави премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашното одбележување во МАНУ на десетгодишнината од упокојувањето на Мајка Тереза.
„Единаесет години ги чувствувам на себе луѓето од СДСМ и нивните приврзаници, криминални групации, платеници и слично, така што тоа не е ни прво ни последно. Утре да ме обвинат дека сум го убил Кенеди, нема да ме изненади. Во овие единаесет години тие покажаа дека кога се на власт, не работат ништо, а кога се во опозиција, работат само на оцрнување на противникот, наместо енергијата да ја насочат кон нешто креативно и добра идеја, нешто што ќе им помогне на Македонија и на народот“, рече Груевски.
А Љупчо ама Шврговски подзаборавил што треба да каже и онака во транс вели:
„Мора да се има предвид дека станува збор за исклучително сложен и обемен предмет кој бара големо ангажирање. Но, сакам да потенцирам дека на добивањето на купопродажниот договор за ОКТА чекавме цели три години“, додава Шврговски. На прашањето дали ги добиле и сите анекси, тој одговара - „дел од нив“.
Oстанува да се види дали ќе имаме завршница во некаков одбрамбен стил на Б.Ц. или на Гвујо доколку се покажат точни обвинувањата како овие:
„Груевски со својот потпис предизвикал директна штета на Македонија од 20 милиони долари. Тој самиот како министер во Владата на Љупчо Георгиевски го бранеше договорот со ОКТА како ’најдобрата инвестиција во Македонија‘“, рече Шекеринска. Таа истакна дека пратеничката група на СДСМ веќе има поднесено барање за закажување седница на која ќе се расправа за случајот со ОКТА, но дека досега од претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, таква седница не е закажана.
Mмм, лаже пак, по којзнае кој пат. Арбитражата во Париз тогаш врз основа на што донела решение? Или он лаже или Шврговски и арбитрите во Париз халуцинираат. :) Му се стега обрачот на премиерот дефинитивно.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Темпирана местенка од криминалците на сдсбјрм...класика.

На неполна година решија да си го легализираат шверцот со нафта лицето БЦ, газда штерјо, Мите „брилијант“ и останатите тиквари кои маста и ја извадија на државава од крадење, со тоа што го раскинаа договорот со ОКТА на неполна година пред истекот на истиот...Со кое образложение?!

Договорот де факто не беш штетен за Македонија затоа што пазарот си остана либерален т.е. Макпетрол сеуште си увезуваше нафта како и порано, приватниците купуваа од ОКТА...Приватниците на кои 80% е газда неФершпед и газда штерјо со тајфата - пулените на лицето БЦ!

Со кое образложение го раскинаа договорот?! Повеќе штета направија тие за да си ги заштитат прљавите пари отколку потпишувањето на тој договор...Зошто лицето БЦ избегнува јавна дебата во врска со ОКТА? Се запрашал некој?? Затоа што во фаца ќе му се плеснат цистерните кои наместо масло за јадење, носеа „црно злато“...и тоа нецаринето и неоданочено - класичен шверц! Ама БЦ свесно не би си дозволил таков дебакл...

Подобро би и било на оваа трула опозиција да си ќути за да не почнат и така распашените владини шерифи да ги гонат структурите кои го опустошија овој народ со „Југореклам“, „ТАТ“, „Фиком“, „Фени“, „Ауди“, „Железарница“, „Македонија Табак“...и мнооогу многу други случаи за кои сдсбјрм ќутат како деца покакани...

Му се стегал обрачот на премиерот...:tapp: Ве стега вас господа черепот од што си немате акал...

П.С. Ова е мој став во однос на случајот „ОКТА“, народот не го интересираат повеќе небулозите на сдсбјрм, го интересираат економскиот развој и реформите, да излезе од тоа сивило во кое го стави токму таа удбашка структура сдсбјрм, бродот плови понатаму, ако сдсбјрм не сакаат да пловат со него, подобро нека се удават! Ајт.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Mислам дека грешката на Груевски е во тоа што за да им се допадне на неколкумина свои сопартијци,кој со тешко срце го напуштија ЛуБчо атакува кон диференцијација од обичните граѓани или неопределениот лекторат со тоа што ќе се закара со опозицијата дури и за работи за кој и самиот е свесен дека никогаш нема некој во оваа држава да може да ги докаже и прикаже во право светло колку тие да се криминални.Голем пропуст прави што ги слуша своите советници кој пак појма немаат од одредени проблематики за кој се одговорни ама се прават како да се ептен едуцирани и способни за функцијата која им е дадена.На тој начин започна со навреда кон Албанскиот неизоставен сега опозиционен блок па да продолжи со Македонската опозиција без разлика дали учествувала во грабежи или не,без да го слушне и гласот на оние кој чесно и поштено застапуваат идеи на СДСМ без притоа да украдат едно денарче од она што некогаш се сметало за заедничка сопственост.Со ова не го бранам СДСМ или ДУИ,со ова сакам да укажам на фактот дека за да бидеш успешен политичар во стварност треба барем да го респектираш противникот и да го казнуваш исклучиво за навистина докажаните неправилности во неговиот мандат.Никако не смееш некого да го осудиш само затоа што не е член на твојата партија или коалиција.Големината на еден политичар се мери и во признавање на грешките јавно и одговорно без разлика дали ги направил денес или во минатото со изразена спремност тие грешки да се поправат што е можно побезболно а не да се лаже јавноста дека такви грешки ти импутираат само непријателите иако се гледаат и "од авион".
Само што има јас да го учам како треба да работи човекот кој сака да ми го одземе денарот со кој ја одржувам мојата фамилија кога ми отвара нелојална конкуренција пред мојот нос,сигурно сум забегал малку.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Si zabegal.....MNOOGU...,no toa ne e vazno.....STRASNO e sto nekoj ko nasevo Trnce od toa BALVANOT vo okoto ne ja gleda sumata..:)
Dali nekoj drug ima sloj od puter na nego , ic ne mi e gajle....toa, ako go ima GO RESAVA SUDOT.
Gruevski nesto mnogu , mnogu , onaka skakutavo boxerski ESKIVIRA, namesto jasno i glasno da ja rascisti situacijata okolu nego.
Ima li bre ovde politicar so INTEGRITET koj nema da kazuva gacki kako.... : PA I VIE KRADEVTE , ILI STO , AKO IMASE KRIVICA NE MI JA DOKAZAVTE DODEKA BEVTE NA VLAST...... tuku jasno i glasno KE OBJASNI STO SE SLUCUVALO,.......bidejki od avion se gleda deka SE SLUCUVALO....NESTO....
I dajte dosta : STRIZENA BILA, BRICENA BILA...neka se rascisti veke ednas koj e toa DELIKVENTOT VO OVAA DRZAVA ...pa da prodolzime ponataka......ili se nema takva zelba...se ceka na nekoj GUBERNATOR od strana..da gi rascistuva rabotite..?????
 
Така е.

Премиерот наш, чист како солза, уште не свикува (добро ај, Љубиша Георгиевски не свикува) седница за ОКТА, ќе видиме дали ќе го прифати повикот на Љубчо за ТВ дебата (не ми се верува дека ќе прифати - он не прифати најобичен предизборен дуел со Бучко, а не па сега :pos2: ), како ќе се извади за анексите... Интересно ќе биде во секој случај.
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Pa se ceka concreten ... ja koa ke stanam premier za 10 godini sve ke bide ok

Inaku sve sto kaza e bas taka
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Pa se ceka concreten ... ja koa ke stanam premier za 10 godini sve ke bide ok

Inaku sve sto kaza e bas taka
Ama za da stanes premier treba prvo na baci raka kaj nekoi...
Eve sto stori NG.
1 den Sterjo si rece ,abe ima li nekoj kaj Vmro da me stiti,pa preku Barzovi,Naumovi i Mijalkovi se dojde do NG.Pa go kladoa minister,pa za finansii,sega i premier.Pa,pa...
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Si zabegal.....MNOOGU...,no toa ne e vazno.....STRASNO e sto nekoj ko nasevo Trnce od toa BALVANOT vo okoto ne ja gleda sumata..:)
Dali nekoj drug ima sloj od puter na nego , ic ne mi e gajle....toa, ako go ima GO RESAVA SUDOT.
Gruevski nesto mnogu , mnogu , onaka skakutavo boxerski ESKIVIRA, namesto jasno i glasno da ja rascisti situacijata okolu nego.
Ima li bre ovde politicar so INTEGRITET koj nema da kazuva gacki kako.... : PA I VIE KRADEVTE , ILI STO , AKO IMASE KRIVICA NE MI JA DOKAZAVTE DODEKA BEVTE NA VLAST...... tuku jasno i glasno KE OBJASNI STO SE SLUCUVALO,.......bidejki od avion se gleda deka SE SLUCUVALO....NESTO....
I dajte dosta : STRIZENA BILA, BRICENA BILA...neka se rascisti veke ednas koj e toa DELIKVENTOT VO OVAA DRZAVA ...pa da prodolzime ponataka......ili se nema takva zelba...se ceka na nekoj GUBERNATOR od strana..da gi rascistuva rabotite..?????
Ako taka mislis, ne si fer, tvoeto e dupli arsin.

Trodupli sloevi puter i mast ima liceto B.C. koj ja sozdade atmosferata vo koja sega pliva Gruevski i site nie. Sudot toa ne go resava i ne moze zasto e na B.C. Ne deka na toj nacin treba da se brani Gruevski, kako sto praese Ljupco, so okrivuenje na drugata strana za da si go legitimizira sopstveniot kriminal, tuku kolku da se znae kontekstot. A kontekstot e mnogu biten vo prikaznava. Kontekstot e deka OKTA e nacinot da se rusi Gruevski zosto trgnaa rabotite napred.

Delikventot se znae. Ne mi kazuj deka ne znaes koj e?
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Kontekstot e deka OKTA e nacinot da se rusi Gruevski zosto trgnaa rabotite napred.

Delikventot se znae.
Прв паметен пост на темава после 8 страни....

И една погоре се заебала...БЦ избегнува дуел со ЉГ, а не Груевски...ама што знае она...уште важи кај нив она „ако Папата каже дека 2+2=5, тогаш така е, и никако поинаку“

Како и да е, ако сакаат сдсбјрм да си го исчистат газот за штетата што ја направија, нека соберат пари од тоа ОЛИГАРСИТЕ нивни што ја украдоа оваа држава и нека ја платат сметката на атињаните!

И пак го избегнавте моето прашање...
Со кое образложение го раскинаа договорот?! Повеќе штета направија тие за да си ги заштитат прљавите пари отколку потпишувањето на тој договор...Зошто лицето БЦ избегнува јавна дебата во врска со ОКТА? Се запрашал некој?? Затоа што во фаца ќе му се плеснат цистерните кои наместо масло за јадење, носеа „црно злато“...и тоа нецаринето и неоданочено - класичен шверц! Ама БЦ свесно не би си дозволил таков дебакл...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ako taka mislis, ne si fer, tvoeto e dupli arsin.

Delikventot se znae. Ne mi kazuj deka ne znaes koj e?
Ne znam bre Katunec...jas sum ti , toa site ovde go znaat mnooogu glup.
Koj e DELIKVENTOT....???? So ime i prezime i so ZLODELATA DELIKVENTSKI....
Zatoa go Imame Gruevski "cist kako solza" sto bi rekol IP, koj treba ednas da go presece toa GORDIEVIOT CVOR, ako ne moze , nema muda za toa, ili ednostavno ne znae kako ,RIKVERC na nekoe brokersko stolce.....neka ne trosi pari za nekakvi LAZNI REJTINZI , koi nitu se jadat nitu se pijat. Dosta so USPESNI privatizacii , koi posle ne cinat kako na Sveti petar toa jajcata kajgana.....
A be Makedonija e lokalno mini pretprijatie...ne mi izveduvajte sega ovde deka e NORTEL ili ne daj Boze Argentina :):)!!! Za takvo i prviot pointelegenten piljar od Zeleno pazarce e odlicen za menadzer.....a ne ovaa kamarila lajprdi.....
Znaci Gruevski svikuva sednica i tamu tocka po tocka gi razjasnuva rabotite...pa posle odime ponataka. Se nadevam deka e onakov CIST KO SOLZA.....ili KE SE ISCISTI TOGAS NA TAA SEDNICA i da brka posle rabota...i nego polesno i na site JASNO... Toa e edinstveniot nacin da im se zatne usta na Sekernata,BC i drustvo...vo sprotivno site ke znaat dela DUVA so niv vo ista tikva.......
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па еве кој колку е "чист" окулу ОКТА:

Никола Груевски како министер за трговија во Владата на Љубчо Георгиевски испратил две писма до „Окта“, со кои им наложил да не го почитуваат договорот за набавка на нафта од „Мамидоил“, во согласност со договорот за купопродажба на скопската рафинерија на „Хеленик петролеум“. „Мамидоил“ ја тужеше „Окта“ за раскинување на договорот пред неговото исполнување, а „Окта“ пред судот во Лондон се вадеше на писмата на двајца министри. Кога го загуби спорот, грчките газди на „Окта“ бараа Македонија да ја плати отштетата бидејќи со договорот за продажба на рафинеријата државата треба да ги плаќа сите обврски што настанале пред продажбата. Писмо со слична содржина до „Окта“ испратил и тогашниот министер за економија Бесник Фетаи. На 17 јули 2003 година англискиот апелациски суд донесе пресуда, која накратко гласеше вака: „Судијата Ејкенс пресуди дека одлуката на ‘Окта‘да престане да набавува сурова нафта од ‘Мамидоил‘ не се должи на виша сила, односно на писмените барања на министрите набавка на нафта да се изврши од друга компанија. Апелацискиот суд едногласно се согласи дека писмата не можат да се земат предвид бидејќи ‘Хеленик петролеум‘, газдите на ‘Окта‘ најверојатно ги барале, што значи дека не станува збор за виша сила. Дури и ако навистина станува збор за барање на Владата за поништување на договорот, тоа не може да се земе како виша сила“. Целата одбрана на „Окта“ во постапката се сведуваше на повикување на наводно постоење на „виша сила“ предизвикана со три писма-барања испратени до „Окта“ од македонски владини органи. Првото писмо е од 16 ноември 1999 година, потпишано од тогашниот министер за трговија Никола Груевски, со кое се „инструира“ рафинеријата да се снабдува со сурова нафта од трет партнер, независно од договорот со „Мамидоил“. На 26 ноември истата година Груевски и испраќа на „Окта“ уште едно писмо со слична содржина. На 30 мај 2001 година тогашниот министер за економија Бесник Фетаи испраќа писмо до рафинеријата, кое се надоврзува на првите две каде уште подецидно се бара да не се почитува договорот со „Мамидоил“ потпишан во 1993 година. Судијата Лонгмор, кој исто така судеше во спорот на „Мамидоил“ со „Окта“, установил дека писмата што двајцата министри ги испратиле на рафинеријата се нарачани од грчките газди и дека Груевски згрешил во својата процена што ја дава во писмото во кое пишува дека поевтино е да се набави нафта од „Хеленик петролеум“ отколку од „Мамидоил“. Кога го загуби спорот „Е.Л.П.Е.Т. Балканике“, подружницата на „Хеленик петролеум“ испратила писмо до Министерството за финансии на 4 август 2003 година, каде што повикувајќи се на членот 6.2 од договорот за продажба побарала Македонија да ја плати отштетата, како дел од обврските на „Окта“ пред периодот на склучување на договорот. Сумата што требаше да ја плати „Окта“ изнесуваше околу 17 милиони долари, и тоа 13 милиони долари отштета плус судски трошоци и камати. Во 2004 година во медиумите беше презентирано дека „Окта“ се нафаќа да плати дел од сумата, меѓутоа ова тврдење беше оспорено од министерот Стевче Јакимовски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom