Го нема Сефир на мсн па вас да ви се жалам...
Имав проблеми со графичката HD 3850 256ката.
Вака иам матична ASRock 4CoreDual-VSTA со PCI-X x4 слот.
Направив на неа флеш за биосот специјално за оваа картица.
Потоа преинсталирав виндоус XP SP2 (значи скроз нов) сосе најнови драјвери и најнова ревизија за DirectX.
Вака ми е проблемот :
Во DirectX игри понекогаш се појавуваат триаголници црни,а менито редовно од кога ќе искочам од играта (пауза значи) се менува во некои психоделични бои.
Во Colin Mcrae Dirt понекогаш графиката е супер без никакви проблеми,а некогаш знаат да фалат текстури (сменети со психоделични бои).Ама затоа менито секогаш кога ќе се вратам во него од игра е со психоделични бои.
ВО Lost Planet скоро никогаш нема проблеми со графиката (ептен малку ако се појави некое црно триаголниче-едвај приметливо).Менито кога ќе се вратам во него секогаш му фали фонт (односно буквите). Значи првото влегување во играта менито е супер,а кога ќе искочам од in-game заебава.
На PES 2008 прво имав огромни триаголници (црни),па после тоа немаше никакви триаголници ама исчезнуваа дресовите на играчите,па вчера пак вечерта почнаа текстурите да пукаат со тоа што пак имаше триаголници ама не беа црни него од текстурите беа составени.
Менито секако од ингејм назад се правеше психоделично.
На GTA SA прво пуштање имаше цело време триаголници црни, а после сестра ми кога ја пуштила немало апсолутно ништо.
Во OpenGL игрите Counter Strike и Quake нема никаков проблем.
И во Ati overdrive GPU clock ми е фиксиран на 300 MHz а треба да е на 669 и не може да се мрдне (а мемори клокот може)
Прво мислев дека е софтверски проблем ама ова го прави на свежо инсталиран виндоус со флешуван биос на матична.
Значи или е матичната (зашто PCI-E x4 а графичката е x16) или како што рече сефирот фалична графичка.
Дајте совети...