Ми треба мала помош и воедно и совет!
Најверојатно сте ја виделе најновата понуда на АД Макед. телекомуникации за компјутер со лиценциран Microsoft софтвер и плус Max ADSl.
Ја сум веќе корисник на АДСЛ но сакам да го променам во новиот пакет што е за 10 гига, 2048/256 Kbps.
Е сега ме интересира дали се исплати да се земе и тој копјутерот што го нудат а конфигурацијата му е следнава:
Procesor: Intel Celeron D 2.53 GHz
Maticna ploca MSI PM8M3-V
Memorija RAM 256 MB DDR
Hard disk 80 GB
Opticki citac rezac LG DVD/RW 18x brzinski
Zvucna kariticka- vgradena na maticnata ploca
Mrezna karticka Enternet 10 Base-T/100Base-TX-RJ-45
Monitor 17" TFT
Zvucnici 2.0
Tastatura English
Gluvce- opticko
Podloga za gluvce- vklucena
Operativen sistem- Microsoft Windows XP Starter Edition - OEM
Малку не се разбирам сто како сака да казе со конфигурацијава, па барам совет ако може некој да ми објасни или едноставно да ми каже дали вреди да се зема ваков компјутер.
Инаку склучуваш договор на 2 години, плаќаш 1650 денари за 10 гига и компјутерот ти го даваат, а по истекот на тие 2 години треба да платиш 6200 денари за да компјутерот остане во твоја сопственост.
Вака мислам дека изгледа исплатливо но сепак сакам да чујам ваше мислење.
Однапред сум Ви благодарна:smir: