Верата во Бога е вродена човечка особина. Секој човек во своето детство верува во нешто натприродно,и сега што се случува понатаму. Многу пати по форумите се сретнува изразот перење мозок. Во минатиот политички систем се настојуваше верата да се уништи кај жителите во поголем број на држави почнувајќи од Русија, Албанија,Југославија...И сега последици од сето тоа имаме и ден денес. Но остана верата во луѓето(кај повеќето од нив) Верата е човечка особина,на оној што верува не му треба доказ,тој ја носи во себе како вградена особина. Христијаните велат,го има Бога како што го има и сонцето. Некој некогаш рекол:Само слепиот од раѓање може да рече ,,сонцето не постои,али само за себе,зошто тој и никогаш не го видел. Така и оној што верата ја изгубил може да рече Бог не постои,но и тој само за себе,зашто никогаш и не го осетил. Телесните здрави луѓе го гледаат и го чувствуваат сонцето,духовните или со вера луѓе го чувствуваат и го гледаат Бога.
Оние кој во Бога веруваат, Него и го гледаат во сите дела негови (творби)од најмалиот инсект до најголемата планета во вселената-и што е најважно оние кои веруваат Го чувствуваат Бога,го чувствуваат во своите срца како што се чувствуваат љубовта и пријателството. Верата не е објект за да се види туку се чувствува. Во целата вселена се чувствува дека Бог постои совршеното духовно постоење од КОГО Е; НИЗ КОГО Е; И ВО КОГО Е СЕ. Во кого и ние живееме и постоиме. И да кажеме дека терминот еволуција се спомнува како дел од науката но пак колку е точна кажува самиот назив теорија на еволуцијата.Ништо докажано само една од многуте идеи и затоа ќе си остане теорија.