2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.
Несфатливо е и чувството на љубов, несфатлива е и деструкцијата на Хитлер, несфатливо е која е вистинската цел на нашето постоење, а сепак љубиме, сепак и Хитлер уништил онолку колку што уништил и сепак постоиме.
Бог никој не го создал. Тој отсекогаш постои и е безвременски.
А, според светите списи тој не личи на човек. Да, не создал по Своето наличје, но не и исти на него. Токму и затоа според светите списи не треба да правиме ментални слики за него. Тој е неизмерно повеќе од она човечкото. Затоа, се додека не дојде часот за тоа, човековиот ум никогаш нема да може да има правилна претстава за Господ ниту вистински да Го сфати(слично на ова тврдат и многу познати филозофи низ историјата кои не биле теолози)
3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.
Како човекот знае дека нема ништо после смртта?Кој е тој толку уверлив доказ што го поткрепува тоа тврдење?Ако гледаме така, тогаш просечниот човек знае дека нема ништо после смртта исто колку и што знае дека има задгробен живот, т.е и двете се претпоставки и не знае со сигурност кој е фактичкиот одговор. Затоа прави избор во кое од двете претпоставки да верува.
А она со јаболкото..Бог не сакал да го измачува човека, туку да го ослободи. Да му даде слободна воља и можност на избор. Толку Го љубел Своето создание,човекот, што сакал истиот да му се приклони по слободна воља, а не по присила. И му дал можност да бира. И за истот тој прагрев Го пратил Својот Син, Исус Христос, да пострада и да не ослободи од гревот на Адам и Ева. Па, така секој човек со чинот на крштевање се ослободува од прагревот. Значи Господ толку не љуби што и тоа го прости.
4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...
Воопшто не е лесно. Како што вели Павле(а истото го прифаќа и филозофот Кјеркегор), страшно е да паднеш во рацете на живиот Бог.
За да добиеме вечност и прошка е потребно многу, многу. Затоа и толку луѓе го одбираат патот кој не е Божји. Затоа што им е навидум лесен.
Инаку би требале да се откажат од ниските страсти, од гордоста, од зависта, од егоизмот, од омразата, од одмаздата, од робувањето на нагоните, од алчноста, од сите земни нешта...И би требало да го љубат ближниот свој како што се љубат себе. А сето ова е далеку од едноставно или премногу лесно.
Но трудот се исплати. Нуди вечен живот. Се друго завршува како прав и пепел.
5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.
Догмите се правила кои не носат до вистинско ослободување. Бог ослободува. Ослободува од робувањето на парите, храната, егоизмот, зависта..Ослободува од се што ограничува, и што дури и конвенционалната етика и морал го сметаат за погрешно и штетно. Готово решение е да се оддадеш на неморалот, екцесот и сл. А религијата е долг процес и стрмовит пат.
Верниците не се поклонуваат за да се понижат. Се поклонуваат затоа што сакаат да ја покажат својата љубов, кон Оној што безгранично ги љуби, Господ.
Зарем ти се понижуваш кога силно љубиш некој, па забораваш на себе? Или пак кога осеќаш потреба да се заблагодариш од се срце за нечија укажана добрина? Не, тогаш не се понижуваш.Тогаш растеш како човек.
6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.
По не знам кој пат ќе речам дека религијата не е исто што и човековата девијација на таа тема.
Кога црквата нема да претставува Храм Божји и духовен пастор, туку средство за постигнување власт, моќ и други себични цели, тогаш веќе не е Божја црква, туку фалична човекова институција.
Средниот Век во глобала...Битка за власт и ништо суштински заедничко со религијата. Затоа не го давајте како пример.
Исто и фанатизмот...Убивањето или било што насилно и неетичко во име на религијата е огромен грев и неизмерно далеку од Бог и вербата во Него.
8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.
Некои луѓе и убиваат, па мислат дека живеат добро. Некои луѓе злоставуваат деца, па не гледаат ништо лошо во тоа, туку пронаоѓаат задоволство. Хероински зависници не сакаат да бидат спасени. И љубовта и сознанието и креацијата може да немаат практична примена. Може да бидат и непотребни за некој. Примери од овој тип колку сакаш.
Работата е во свесноста, сознанието и вербата. Кој ќе стане свесен за Господ, кој ќе посака да го осознае Господ и да верува во Него, ќе има и непресушна потреба од Него.
9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог)
Библијата и она што го проповеда, во себе го имаат собрано врвот на хуманоста и претставуваат најсовршени етички норми.
Верникот пред се треба да се грижи за својот ближен, за човештвото и за иднината на човештвото. Ако не ги љубиш своите ближни колку што се љубиш себе, ако не ги љубиш и непријателите, ако не му сакаш најдобро на секој, ако не му опростуваш на секој, тогаш не си на патот Божји.
Правило: Љуби за да и Бог те љуби тебе. Простувај за да и Бог ти прости тебе. Не суди, за да и Бог не ти суди тебе.
10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.
Само прочитан дел од Библијата, ќе те увери во одговорноста и тежината на вистинската верба и леснотијата на атеизмот.