Од една книга Раизел. Поточно од Библијата. За мене таа е аргумент повеќе. Ако може некој да ги наведе 11 глупости на атеизмот, зошто јас да не го кажам спортивното, и тоа барем нешто што е запишано.
ОК,пак повторувам,не судам ама се смеам.И самиот знаеш дека слободната волја е кучка.Во ниеден концепт на стадо немало спроведување на истиот во тотала.Секогаш постоеле кривини кои штрчеле во облик на креативци,уметници,луѓе кои ги гледале ѕвездите без некоја омнипотенција да им го попречува патот.Никогаш немој да ти излета такво нешто од типот дека таа е глобалната вистина која мора да дојде до секого.Ако како размислување те исполнува тоа дека еден ден сите ќе бидат јајце на јајце под покривот на крстот,ок,значи имаш една перверзна причина плус која те држи во живот и ти дава надеж.
А има многу запишани работи кои не се баш вистина.Хари Потер беше втората најпродавана книга по библијата,ама не почнаа луѓе да скокаат со метли од тераса.Секогаш имај резерва.Слепилото,па макар и она кое се должи на некое субјективно просветление,не помага на човек.
На крај,еден мал цитат од песна:
Mother mary miscarry
But we pray just like insects
The world is so ugly now
Because its a great big white world
And we are drained of our colors
Искрено сакаш ова да се случи?