Превенција? Ок..Тогаш те молам просветли ме како исклучително информиран наспрам мене простата, како човек од моето опкружение доби рак на белите дробови, кога во живот немаше запалено цигара, никогаш не злоупотребуваше алкохол и медикаменти, се хранеше и живееше умерено во секој поглед, и не беше запознаен со случај на канцер на бели дробови во својата блиска фамилија? Каде згреши тој во превенцијата и контролата на своето здравје?
Или пак кажи ми кој беше изборот на превенција кај мојот чичко, кој како дете(не се знае на каков начин) доби хепатит Б кој му го открија после многу години на рутинскиот здраствен преглед за прием во војска, па потоа разви цироза за на неполни четириесет години да почине од рак на јетра. Да не споменувам дека немаше буквално капка алкохол внесено поради хепатитот и со години живееше на строго контролиран режим на исхрана.
И уште еден пример...Мојот дедо кој е пример за умереност и златна средина во живеењето, човек секогаш физички активен, има рак на коските. Баш ме интерсира како тој можеше да одбере да не ја добие оваа болест?
Кога би ме познавал не би си дозволил да речеш дека не сум запознаена со медицината и биологијата. А верувај дека мојата анксиозност, во комбинација со мојот Рејнов синдром, реуматичен артрит, хронична уртикарија и можна брадикардија прави итекеко да се интересирам за функционирањето на човековиот организам.
И сето тоа ме убедува дека никој нема целосна контрола врз своето тело. Да, ја пројдов фазата на позитивистички литератури кај што на долго и широко се паламуди за моќта на човекот во кроењето на сопствениот живот, за да реалноста ме научи дека таа моќ е итеткако ограничена.