E што е де турбофолкот?

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Теоретски гледано, е музика.
И нека биде, не ми смета тоа.
Битно јас и голем број луѓе не наоѓаме музичко задоволство во тоа, не го доживуваме како вистинската уметност што би требало да биде музиката, и својствено на тоа ниту може да не допре ниту може да ни влијае на расположение. Така да, ни служи само кога ни треба инспирација за вадење дефиниции за патетика.
:toe:

А па најмалку се согласувам со тоа дека турбофолкот најлесно ги погодувал чувствата на луѓето...бре.
Дури и да сакам тажачки за скршено срце (еден крупен дел од палетата на турбофолкот), пуштам готик со врвни текстови и инструментална хармонија доведена до совршенство. Ако веќе ми тешко, ќе си поуживам у тоа на квалитетен начин.
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2
Во врска со темата...по дефиниција турбо фолкот е музика, која што според нејзината природа, и музикалност, нејзината еволуција личи повеќе на де-еволуција. Американска ствар која што е рамна на турбо фолкот е Бијонси, и компанија.

Вредности нула. Филозофија нула. Принципи нула. Почит кон другите музички праваци нула. Почит кон другите луѓе што слушаат друга музика нула.
Но музиката во не толку голем процент го потикнува се ова горенаведено. На крај се се сведува на луѓето.
Тоа се вика комерцијализација, она што носи профит. Површно е, лесно за пеење, лесно за памтење. Затоа и е краткотрајно, една песна која што е максимално искомерцијализирана нема долг животен век, ќе се врти на радио можда една година и сите ќе ја заборават после тоа и ќе ја заменат со друга. Сите стилови на музика имаат своја комерцијална страна, тие луѓе сакаат и да заработат нешто.
Турбофолкот е целосно искомерцијализиран и затоа нема вредности, философија, принципи. И јас не ја поштувам оваа музика, но кога ќе се свртиш околу себе ќе видиш дека многумина ја слушаат (не значи дека мораш и ти нормално), Цеца ќе дојде и ќе наполни стадион, колку луѓе одат на мајски оперски вечери на пример или на џез фестивал?
П.С. Не можеш да бараш еволуција или длабоко значење во нешто со толку краток животен век и кое е направено не заради развиток на културата туку заради чист профит. Иначе некој погоре напиша - зависно од расположението и друштвото - баш така, не се ограничувам ако сум во кафана и пуштаат турбо ќе гледам да се расположам, ако не ми оди станувам и си одам.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Моето размислување за турбо фолкот не е плукање.

Биди ти хардкор, затвори се во круг на 200-300 луѓе што слушаат иста музика, и види дали ке преживееш. Ипак сум ја човечен човек, и не се делам по групи.

Хм, фејкер...на колку начини и со колку примери и да ти објаснам дека не сум отишол таму за музиката, пак ке ми кажеш дека сум фејкер. So let it be, во твоите очи сум фејкер.
Aбе Гижо не ми праи вака сеа, не мислев на тебе кога го пишував постот. Малку беше ироничен (постот) затоа ќе појаснам.:)
Ме нервираат (во глобала) луѓе што турбофолкот го гледаат како најдолно гомно во гомнарската хиерархија, и самите се затвараат во тој ограничен круг што го спомна, НО сепак идат по кафани, па некои хеј! дури и пеат. Значи претерале со филмањето и аутоматски се фејкери.
Во никој случај не го реков тоа за тебе, да биде јасно. Го реков (пишав:)) за сите оние што самите се залажуваат. Зошто сакал нејќел, ако идеш у кафана слушаш турбофолк. Дали ти се допаѓа, е веќе прашање на вкус.

Јасна сум сега?:)

ПС.
Лесно ти е на тебе да кажеш, потшо 90 посто од луѓето искачаат на местата на кои што ти искачаш.
Малку е оф-топик, ама колку што идат луѓе покрај кеј, толку идат и по даркерските места. Значи, нема везе тоа.:)
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Не го слушам, кој го слуша нека му е со здравје. Каде го слушнам, само вртам глава и си пцуам во себе. Кој го сака, нека се весели, убаво за него....

Никогаш не сум инсистирал да не се пушта таква музика, иако некогаш навистина ми смета....
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
Музика длабоко навлезена во потсвеста на Балканецот. Невозможно е да избегаш од неа, каде и да мрднеш те преплавуваат со нивните глупи, текстови без смисла и лош ритам. Очигледно дека е општо прифатена насекаде поради нашата култура ( на свадби, веридби и сл. веселби е неизбежна ). Не може да се искорени во никој случај иако сите зборуваат колку не ја поднесуваат, колку ја мразат и колку се против предрасуди во врска со музиката. :)

Ви препорачувам да ја слушнете песнава, одлично се вклопува со темата. :wink:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А што очекуваш да ти пуштат во кафана освен турбофолк?
Македонски народни (не турбофолк) песни и ора,. Истото важи и за свадба.
Турбофолкот, и поголемиот дел од денешната српска, бугарска таканаречена популарна музика која повеќето ја генерализираат во турбофолк, со други зборови Пинк, Планета and Co. е музика која се коси и тотално ги крши сите принципи и правила на естетика, мелодичност, милозвучност и долговечност поставени од страна на блузот, џезот и рокот. Токму поради ова не ми се допаѓа оваа музика и ја слушам само за атер на другарите мои кога тие ја пуштаат.
Тоа што ме иритира мене а и Гижо е тоа што поголемиот дел од тие што слушаат турбофолк односно се што се генерализира под тој назив упорно тврдат дека тоа им е најубавата музика според нивниот вкус а никогаш не се обиделе да ги слушнат и другите жанрови, да ги почувствуваат и да разберат што убаво гледаат некои жубители на таа музика во неа.
Мене дополнително нешто што ме иритира е тоа што се слуша српски и бугарски турбо фолк, бидејќи тоа доказ дека турбофолкот не се слуша воглавно поради тоа што некому му се допаѓа таа музика туку предимствено поради југоносталчноста на родителите кои на тој начин му врежиле во глава на детето дека таа музика е најдобра.
Значи јас немам ништо против слушање турбофолк, но барем македонски турбофолк да се слушаше, бидејчи масовното слушање на српскиот е доказ за постоење на одреден општествен проблем.
На кратко, јас иако не ја почитувам таа музика иако несакам да ја слушам, сепак би бил многу посреќен кога би ја слушале Сузана Спасовска отколку Цеца and Co.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Музика длабоко навлезена во потсвеста на Балканецот. Невозможно е да избегаш од неа, каде и да мрднеш те преплавуваат со нивните глупи, текстови без смисла и лош ритам. Очигледно дека е општо прифатена насекаде поради нашата култура ( на свадби, веридби и сл. веселби е неизбежна ). Не може да се искорени во никој случај иако сите зборуваат колку не ја поднесуваат, колку ја мразат и колку се против предрасуди во врска со музиката. :)

Ви препорачувам да ја слушнете песнава, одлично се вклопува со темата. :wink:
Колку и да проба некој да ти ја наметне сепак ти избираш дали ке ја слушаш,е сеа тоа дека сите слушаат и се вадат дека наметната била тоа е друго:)
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Aбе Гижо не ми праи вака сеа, не мислев на тебе кога го пишував постот. Малку беше ироничен (постот) затоа ќе појаснам.:)
Ме нервираат (во глобала) луѓе што турбофолкот го гледаат како најдолно гомно во гомнарската хиерархија, и самите се затвараат во тој ограничен круг што го спомна, НО сепак идат по кафани, па некои хеј! дури и пеат. Значи претерале со филмањето и аутоматски се фејкери.
Во никој случај не го реков тоа за тебе, да биде јасно. Го реков (пишав:)) за сите оние што самите се залажуваат. Зошто сакал нејќел, ако идеш у кафана слушаш турбофолк. Дали ти се допаѓа, е веќе прашање на вкус.

Јасна сум сега?:)
хаха ок. Онда исто размислуваме. И јас несакам кога некој металот ми го праи ко најлошо нешто у свет. Нашата кауза е иста .лол.

ПС. Малку е оф-топик, ама колку што идат луѓе покрај кеј, толку идат и по даркерските места. Значи, нема везе тоа.:)
Немааа врска ова. Нема никаква врска. Отиди на метал свирки ке видиш едни исти луѓе. Отиди у колосеум 50 посто што ке ги видиш се нови.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.213
Поени од реакции
935
Слушам поприлично турбо-фолк, во кој, како и во секој друг музички жанр, си има и добри и лоши песни. Е сега, ако се забега и се слушаат изведувачи од типот на Снежана Ѓуришиќ или не знам таму, Кеба, Миле Китич и така натаму, тоа веќе е екстремизам! Имаат селски текстови, пејачите изгледаат ужасно итн. Но пак затоа има некои, на пр. бугарите коишто држат до визија, спотови итн па се добива друга слика за фолкот! Инаку, сигурно не би се слушал воопшто од никого и кога не би се пуштал по радио/ТВ.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Колку и да се негира сепак е музика. Во последно време се повеќе се слуша турбофолкот и се зголемува бројот на оние кои одат по кафани. Сепак тоа е музика која ја слушаат повеќето.

Лично не ми смета, се прилагодувам на било каква музика. Ако не ми е нешто погодено знам и да си отидам. Го почитувам и изборот на другите, ама не ги ценам оние кои зборуваат едно а прават друго. Имам и конкретен пример.. Еден другар глумеше металец и ги понижуваше сите кои не ја слушаа таа музика. На една журка пуштија нешто српско и тој прв на маса, сите турбофолк текстови ги знае. Смешки, ама тоа е.
Она што највеќе ме смее е кога некој ќе каже дека се пронашол во некоја песна..е тоа е крај.

Сепак секој има право на свој избор и никој не треба да се осудува според музиката која ја слуша.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
Колку и да проба некој да ти ја наметне сепак ти избираш дали ке ја слушаш,е сеа тоа дека сите слушаат и се вадат дека наметната била тоа е друго:)
Фала Богу дека е така. Сами си избираме што ќе слушаме. Зборот ми беше дека не можеш да побегнеш од неа, ја има насекаде. Ја пуштаат по кафичи па дури и да не излегуваш таму поминувајќи по улицата ќе слушнеш некој „милозвучен стих“. :)
А во никој случај не може да ти ја наметнат ако органски не можеш да ја поднесеш. :)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
турбофолкот е ѓубрето во музиката!никаков квалитет!ужасни текстови!лигави изведувачи!чист сатанизам!поместување на нормалните критериуми со други зборови!
јас би го забранил или би го филтрирал прво!
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Мене дополнително нешто што ме иритира е тоа што се слуша српски и бугарски турбо фолк, бидејќи тоа доказ дека турбофолкот не се слуша воглавно поради тоа што некому му се допаѓа таа музика туку предимствено поради југоносталчноста на родителите кои на тој начин му врежиле во глава на детето дека таа музика е најдобра.
Значи јас немам ништо против слушање турбофолк, но барем македонски турбофолк да се слушаше, бидејчи масовното слушање на српскиот е доказ за постоење на одреден општествен проблем.
На кратко, јас иако не ја почитувам таа музика иако несакам да ја слушам, сепак би бил многу посреќен кога би ја слушале Сузана Спасовска отколку Цеца and Co.
Комшијата секогаш има поубаво. Македонскиот турбофолк би служел само за подбив, како тоа има глупави текстови, но тие истите текстови испеани на бугарски или српски... Абе, тоа ти е прашање на вкус, неможе да збориш така... Тоа се текстови со секојдневни теми, кои што можат да го погодат обичниот граѓанин.:drk:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Колку и да се негира сепак е музика. Во последно време се повеќе се слуша турбофолкот и се зголемува бројот на оние кои одат по кафани. Сепак тоа е музика која ја слушаат повеќето.

Лично не ми смета, се прилагодувам на било каква музика. Ако не ми е нешто погодено знам и да си отидам. Го почитувам и изборот на другите, ама не ги ценам оние кои зборуваат едно а прават друго. Имам и конкретен пример.. Еден другар глумеше металец и ги понижуваше сите кои не ја слушаа таа музика. На една журка пуштија нешто српско и тој прв на маса, сите турбофолк текстови ги знае. Смешки, ама тоа е.
Она што највеќе ме смее е кога некој ќе каже дека се пронашол во некоја песна..е тоа е крај.

Сепак секој има право на свој избор и никој не треба да се осудува според музиката која ја слуша.
Чим така напраил, не се осудувај да го викаш металец :) Нит заслужува, нит ке заслужи. Лупање у гради, а после две секунди глупирање.
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Епа.. како што кажуваат некои турбофолкот е болест, вирус... или кузнае си што.. потајно 90% а и повеќе на форумов го слушаат тој вид на музика... не дека се одредени само тоа да слушаат... туку зависи од расположение.. кажете ми кој жив човек на форумов.. коа сака да пие пушта некои си транс или техно или кузнае шо.. нема врска сите турбофолк песни се практички кафански што значи на кафански песни се пие.. така да сепак турбофолк е една од многуте видови музика што се слуша на балканов.. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom