igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Двете книги по кој е познат е Браќа Карамазови и Злосторство и Казна. Барем тие се пласираат повеќе.Па вака...Како прво секоја чест на огромната храброст вака негативно да се критикува Достоевски истоименувајќи го со некој потпросечен писател.
За вкус не треба да се дискутира. Мене може не ми се допаѓа неговиот стил и тоа е сосема во ред. Но вредноста на неговите дела која е оценета како извонредна од многу големи личности (како на пример Сигмунд Фројд, Фридрих Ниче кој воедно кажал за Достоевски дека е единствениот философ и психолог од кој научил нешто)не може да се негира. Исто така не може да се негира и теоријата на литература. Нејзините познавачи се компететни да го оценат значењето и вредноста на еден од најголемите писатели на сите времиња.
Тоа дека "имал две книги што му се познати" е нон-сенс. Јас лично не знам кои се тие. Дали се Записи од мртвиот дом, Понижени и навредени, Браќа Карамазови, Идиот, Злосторство и казна, Кротка, Бели ноќи, Момче, Зли души...навистина не знам.
Ова со сменувањето на погледот на неговите книги после Студената војна... Јас баш и не мислам дека се сменил, а и како може да се смени? Општопознато е дека американсите режисери од Холивуд користат негови заплети и сцени. Плус тоа, Достоевски има опишано многу психички состојби и болести на човекот со сите симптоми кои исто така се користат да се претстават на филмско платно.
Не знам уште колку време треба да помине да се види неговата вредност. Времето може само уште повеќе да го афирмира(меѓу оваа денешна плејада на катастрофални писатели, секоја чест на ретките исклучоци) како неповторлив гениј кој бил способен многу нешта да анализира и што е најважно да антиципира.
За вредноста на неговите дела веќе кажав дека е дискутабилна. Никогаш а особено не на почетокот неговите дела не биле прифатени. Истото важи за ден денес. Во претходните постови дадов доста работи. Во самата
Русија беше жестоко напданат за неговите дела. Што се однесува до Фрој или Ниче различни луѓе си наоѓаат различна инспирација во различни дела. Знаеш колку луѓе рекле дека Алхемичарот им дал инспирација за животно дела и општо за животот и начинот на кој го водат.
Само ме интересира кои се тие филмски заплети кои се крадени од неговите книги бидејќи не се сеќавам да сум видел некој холивудски филм со такви тематики. Сум видел сигурно над 20 филма шти имаат крадено од Carrie од Stephen King (и пак не би рекол дека е таа книга класика или слично).
А за психолошките аспекти му се најневеродостојниот дел од книгата. Освен злосторство и Казна му немам ништо друго читано ама знам од таа книга дека нема таков човек што размислува така како главниот карактер.
Таа е најдобра книга за мене според мене, за мој вкус.Ај Достоевски на страна, кој е овој Орсон Кард? И како е тоа најдобра книга? И како по ѓаволите една книга станува најдобра? Нема сине најдобра книга, воопшто и нема најдобра книга, бидејќи онаа девојка која тебе ти е грда, за мене е егзистенционално прашање.
http://en.wikipedia.org/wiki/Orson_Scott_Card