Дамари од Антони де Мело е книга која се чита многу брзо и е лесна да се разбере а сепак содржи толку големи вистини.Мене ме научи да верувам во чуда,да верувам во себе,и ми дава сила да одам напред,да давам добрина,и да се смејам во животот.откако ја прочитав,станав поблагодарна личност и научив повеке да се радувам на животот
Се сложувам со Ани, Дамари е закон! Многу поучни и духовити приказни, и јас брзо ги прочитав но згрешив. Некои од нив не ги сфатив и ги прескокнав а сега гледам дека тоа биле најмудрите, бар за мене лично.
Би сакал да ја прочитам и Мудрости од песокот (суфиски приказни) од Ошо.
Морепловци од Виктор Иго. Оние што читале од Иго веќе го познаваат неговиот стил и ќе бидат колку толку спремни за оваа книга, другите што ќе ја читаат поради моја препорака малку ќе ме пцујат бидејќи Иго е тежок за читање, забегува во своите размислувања и описи нашироко, но тоа е тој.
Се зборува за млад и добродушен човек, морнар, самотник, со име Жилијат, кој живее на островот Гернзи на почетокот на 19. век, несфатен и изолиран од луѓето поради разноразни суевериа дека е демон и којзнае што, затоа што е тивок, повлечен, избегнува дружење, а всушност тоа е самотијата со која тие го имаат обвиткано. Но и тој познавајќи ги какви слепци се, ги избегнува. Жилијат се заљубува, па таткото на девојката го губи паробродот со кој печали за леб, па Жилијат тргнува во невозможна мисија, сам насред море да од полупотонатиот брод го извади моторот (тоа е еден прекрасен опис) па кога се враќа со моторот како победник, сфаќа дека девојката не го сака, сака друг, и тој, следејќи го инстинктот, како повик од природата, влегува во морето и намерно се дави во плимата.
Оваа книга ме замисли околу тоа дека најдобрите луѓе често не ги приметуваме, самотници се, и ги сметаме за чудни, па и ги мешаме со манијаци понекогаш. А и околу самоубиството како повик на природата, а не како кукавичлук се замислив, иако сметам дека е симболички повеќе, како - вистинскиот живот престанува кога човек
целосно ќе се разочара и во љубов и во луѓе. Се друго е рутина.