Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Фикции - Хорхе Луис Борхес ... :zver: е човеков, му се клањам...
 
Нина Анастасова Шкрињариќ - Митски координати

За испит...
 
Зора зад аголот од Димитар Солев ја читам веќе долго време, а не мрдам со бројот на страници. This means... Интересни забелешки си дава авторот одвреме навреме, ама воглавно, сакам повеќе акција отколку опишување на секој божји човек.
 
Добро ја читам ама и ја употребувам практично пошто е прирачник, а се вика Самоанализа од Л.Рон Хабард.
 
Смислата на ноќта:Признанија од Мајкл Кокс, иако нешто затаив во последно време. еве од утре пак ќе се вратам на читање :)
 
Исповед од харемот-Бранко М.
Книгава ја почнав денес и ја дочитав сега пред 10тина минути.Значи импресијава ми е пресна.
Душава малку ми се стреси НО мислам дека треба да ја прочита секоја девојка секаде во светот за да не страда така како главниот лик.
Значи на девојката странци и ветуваат работа во бутик,стан,кола,убав живот во странство.Од желбата да избега од секојдневието ја прифаќа работата.
Да знаев што се ме очекува ќе му речев на таксистот да ме однеси на некое друго место,да го пропуштам состанокот со тие луѓе,состанокот на кој што прифатив да заминам во пекол а очекував подобар живот.-вели таа во книгата.
За сите нас е попримамливо и попривлечно новото и непознатото од она секојдневното и познатото,иако не знаеме каде не води тоа.Мене тоа животот ми го удри од нос-вели во интервјуто што е напишано во самата книга.
Вистинска животна приказна за личност што живее во Белград и ја раскажува под услов нејзиниот идентитет да биде заштитен.Можете да ја купите во книжарниците на Култура.
Оцена:10/10
 
Кодот на Да Винчи - Dan Brown
(али Ленка ми мења планчиња xD)
 
Проклета Алвија ќе почнам да ја читам денес:)
Ако има некој коментари во врска со книгава,слободно!:smir:
 
Почнав да ја читам Евгениј Онегин денес...Леле ја знам дека можеби стварно вреди али книгава е преглупа за да биде дел од програма за 3та година...мнооогу грд стил на пишување
 
Проклета Алвија ќе почнам да ја читам денес:)
Ако има некој коментари во врска со книгава,слободно!:smir:

Може ќе ти биде досадна малку додека ја читаш, ама ти советувам да ја прочиташ до крај. Знам дека се работеше нешто за затвор ама не се сеќавам баш добро како и што беше дека одамна ја читав.

Почнав да ја читам Евгениј Онегин денес...Леле ја знам дека можеби стварно вреди али книгава е преглупа за да биде дел од програма за 3та година...мнооогу грд стил на пишување

Евгениј Онегин глупава книга? :nesvest: Ако вистинската уметност се нарекува глупавост тогаш океј, се согласувам.
 
Евгениј Онегин глупава книга? :nesvest: Ако вистинската уметност се нарекува глупавост тогаш океј, се согласувам.
Како што кажав можеби навистина вреди ама римата што е употребувана во книгата за мене е крш...А има многу други книги кои за мене се вистинска уметност, но ова не спаѓа во тие најсветли точки од времето на романтизмот.
 
Back
На врв Bottom