За оние кои се загорени по:
-Научна фантастика:
1)Дина.Борба помеѓу неколку моќни царства за тоа кој ќе ја има власта врз една пустинска планета која е извор на зачинот меланж(кој пак може да се користи како храна,гориво за вселенски бродови,оружје итн).
2)Хиперион.Една од најдобрите вселенски опери на сите времиња.
3)Дали андроидите сонуваат електрични овци? по која е снимен Блејд Ранер.
-Хорор:
1)Игра на проклетството.Нешто како Фауст на 20 век.
2)Некрономикон.Збирка кратки раскази на Хауард Филипс Лавкрафт.
-Мистерии:
1)Американски богови.
2)Коралина.
Игра на проклетство од Баркер беше?
Да се надоврзам моментално ја читам и сум на самиот крај на првиот дел од трилогијата Хрониките на Томас Ковенант од Стивен Доналдсон, топло ја препорачувам ова дело, сосема е различно од останатите high-fantasy (чиј главнен лик е детенце од некое село што се бори против злите сили). Главниот лик е лепрозен кој е никој и ништо, воопшто нема контатк со луѓе од "реалниот" свет, но откако ке се разбуди во сосема друго место тој постојано мисли дека сонува, неможејки да се помири со судбината ке бара излез од "сонот". Навистина одлична книга.
И јас исто го препорачувам Ловкрафт иако немам се прочитано од него, но сум на добар пат, исто тако би го препорачал Кларк Ештон Смит(има доста заедничко со Ловкрафт). Иако Сер Артур Конан Дојл е најпознат по Шерлок Холмс тој исто така има напишано дела во фантастичниот и научно-фантастичниот жанр, ги препорачувам неговите раскази за натприридното и неговиот роман Изгубениот Свет кој служел како инспирација за Џурасик Парк.
"Џонатан Стрејнџ и г-дин Норел" од Сузана Кларк е одличен роман- дејствието е сместено во периодот на Наполеонските војни, а главните ликови се двајца англиски магионичари. Навистина ми се допадна начинот на кој писателката го има обмислено целиот свет и како магијата претставува дел од тој свет веројатно тоа е доста под влијание на Ursula LeGuin т.е нејзиното дело Волшебникот од Земјоморија.
И не знам веќе по кај пат го препорачувам Горменгаст од Мервин Пик, нажалост не е преведено на македонски јазик, но може да се најде на српски по книжарнициве.
Веќе некое време се мислам да ја прочитам Интимна Историја на Човештвото мислам дека беше оф Теодор Зелдин, дали некој ја има прочитано и дали е добра?
--- надополнето ---
Заборавив да го споменам нашиот млад автор Милош Димковски, навистина е чудесно што се нафатил да напише книга само на 14 години, Мистергонија беше прилично добра книга за толку млад автор, со нетрпение чекам на продолжетокот. И биделќи Венко Андоновски му е ментор мислам дека Милош нема да разочара.
--- надополнето ---
Исто така се согласувам дека Американски Богови е одлично дело, ке треба да прочитам и нешто друго од овој автор.