ВО АНАЛИЗА НА „ФОКУС“ ОД МАЈ
СДСМ ќе подметнува пожари Мирка Велиновска, новинарка во неделникот „Фокус“, во анализа за политичката состојба објавена пред три месеци предупреди дека СДСМ подготвувала диверзии и подметнување пожари за да го симне рејтингот на власта. Во текстот наслове „Подземјето на Црвенковски подготвува диверзантски акции“, Велиновска нагласува дека единствено колективе шок за целата нација може да го сруши високиот рејтинг на Груевски. Таа пишува дека „СДСМ и Црвенковски биле ненадминливи мајстори за менаџирање на хаос“.
“Што е тоа што може радикално да го сруши високиот рејтинг на Груевски, и тоа во краток рок? Единствено некоја колективна шокова состојба за нацијата. Бидејќи дури ни СДСМ не може да предизвика поплави и земјотреси, остануваме на пожарите. Што гори најубаво? Со оглед дека сме пред лето, убаво горат шумите. Ако тргне масовно опожарување, а Владата не успее да го изменаџира – ете ти шокова состојба на населението. Јас ни малку не се сомневам дека во СДСМ и оние што гравитираат ко него, има капацитет за вакви фантазии“, пишува Велиновска во својата анализа.