Можна ли е независност за Косово?

Можна ли е Косово наскоро да добие независнот?


  • Вкупно гласачи
    106
Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, значи во склоп со последните случувања во однос на незавиност на Косово се решив да отворам тема, во која ние форумџиите ќе ги истакнеме своите ставови околу оваа тема.

Прашањето е дали според вас е реално да очекуваме наскоро незавност за Косово? или поинаку кажано дали е можно Косово наскоро да добие незавност?

И секако доколку Косово добие незавност како тоа може да се рефлектира врз Македонија?

И што доколку се случи втората варијанта, т.е. статус кво за Косово? Можна ли е војна на Косово? Можно ли е целата криза да се прелее во Македонија?

Темава ја отварам и очекувам добри анилизи од луѓе кои навистина ја следат надворешната политика, и кои своите ставови ќе ги поткрепат со факти а не се чувства кон одредени соседи. Значи размислуваме и гледаме реално, а не субјективно.
Затоа што кога станува збор за Косово, кое сеуште е “српска земја“, некако луѓево се субјективни и ги гледаат работите од аспект кој на нив им одговара т.е. аспект кој им одговара и на српското население и во Косово и во Србија.

А во меѓувреме еве ги последните натписи во дневниот печат:

Се чека реакцијата на Москва за новата нацрт-резолуција за Косово

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Тестирајќи го руското противење на плановите за иднината на Косово, Европејците и САД и официјално ја претставија новата нацрт-резолуција на ОН, но не донесоа одлука дали да бараат гласање. Москва, која има право на вето во Советот за безбедност на ОН, ја отфрли секоја акција што ќе доведе до независност на Косово од Србија, сојузникот на Русија, и соопшти дека резолуцијата има „нула“ шанси да биде усвоена. Претставувањето на нацрт-резолуцијата, што се случи во вторникот доцна попладнето, со незначителни корекции, значи дека гласање би можело да се свика по 24 часа, меѓутоа не мора да се случи. Авторите на текстот соопштија дека нема закажано гласање, навестувајќи дека ќе ја почекаат реакцијата на Москва, па потоа ќе одлучат дали ќе преземат акција. САД во петокот и ЕУ-комесарот за надворешна политика Хавиер Солана во вторникот, се заканија со решавање на косовското прашање надвор од Советот за безбедност ако Русија не се согласи.

Според нацрт-резолуцијата, двете страни ќе ги продолжат преговорите за 120 дена, по што ОН ќе ја предаде администрацијата на покраината на ЕУ. Силите на НАТО ќе останат.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, во понеделникот изјави дека ОН треба да ги поддржат, а преговорите да се продолжат додека не се најде решение. Тој додаде дека новите институционални спогодби во нацрт-резолуцијата изгледа го отвораат патот за независност на Косово на мала врата. „Ова е еден вид скриен автоматизам на планот на Ахтисари“, изјави Чуркин, Дел од неговиот план е и европското преземање на администрацијата од ОН на Косово.

Најновата нацрт-резолуција исто така, „ја поздравува“ помошта во 120-дневните преговори од ЕУ и од Контакт- групата, неформално советодавно тело формирано во средината на деведесеттите години за да ја надгледува балканската дипломатија. Во неа влегуваат САД, Британија, Франција, Германија, Италија и Русија, но ниту една земја нема право на вето. „Порано имавме кооперативен однос со Русите за Балканот преку Контакт-групата“, изјави заменик-британскиот амбасадор, Карен Пирс. (Ројтерс)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Гледам деновиве како и Кина да се подзаинтересира за Косово,па заедно со ставот на Русија шансите изгледаат се помали,ама изгледа некој како да им забрани на нашиве агенции да ја објават таа "споредно-важна" вест.:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Гледам деновиве како и Кина да се подзаинтересира за Косово,па заедно со ставот на Русија шансите изгледаат се помали,ама изгледа некој како да им забрани на нашиве агенции да ја објават таа "споредно-важна" вест.:)
На страната на МИА стоеше меѓудругото дека и кина застанала на страната на Русија по претходно неутралната позиција.

А и ако не ја објавеа во МИА тоа не го менува фактот дека кина застана зад ставот на русија. Освен тоа таа информација нес толку и не ни игра улога, бидејќи ние како држава го завземавме нашиот став, а тоа е побрзо решавање на статусот на што е можно помирен начин.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
Штом Американците решиле нешто така и ке биде,големи пари зимаат од браќата ни албанци,има големи лоби групи низ светов,пред некој година дојдоа во косово клинтон и олбрајт демек онака да видат како е косово,да напоменам дека не беа на функција тука беа пензионирани веќе,уствари дојдоа да ги земат парите што им следуваат поради тоа што го направија во 99 на србија.Дали некој слушнал дека некогаш да речеме се фатени толку и толку дрога на косово и така натаму како што слушаме стално за Македонија,Бугарија,Грција и други.................не! и зошто не сте слушнале,затоа што им одговара тоа што се случува на сите таму,се знае дека врие од дрога таму и дека е главно седиште моментално,а нели е како протекторат и вриеа од Странски сили за безбедност(и замижуваат повремено) и што не уште таму ама многу јаки фаци во ЕУ и од конгресот во Америка зимаат кеш од тоа и им одговара ова што се случува на Косово.А за Русија како секогаш се прави дека е на страна на србите и се сили и на крај секогаш попушта,многу се лигуши Русите,но овој Путин ми изгледа малку по саглам па ке видиме што ке се деси...............али тешко! Еј до пред некоја година табу тема беше независноста на Косово,никој не ни помислуваше дека може да се деси,полека пустија пробен балон,а еве денес скоро сите политичари се за тоа(да да го подржуваме планот на Антхисари),што е најстрашно ке не натераат ние меѓу првите да го признаеме и ке биде весело!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Русија пред 10 години се правеше дека се залага за Србија и за пет-пари го менуваше дијаметрално спротивно својот став,пред се затоа што 100$ беа поим за плата на еден инжинер а па камо ли работник во некоја фирма.Но со блискоисточната криза и нападот на Ирак од страна на САД работите тотално се изменија,нафтата енормно поскапува со што Русија станува можеби на чело од високоразвиените земји,особено што во последно време заработката порасна на 1500$ по вработен и Русија веќе не мора да ги менува своите ставови и интереси за мали пари како што тоа го правеше до пред некоја година.Пред некој ден Русија се откажа и од договорот за користење неконвенцијално оружје што беше знак дека заебанција со белата мечка веќе нема да има,особено кога и Кина е зад нејзиниот грб.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
Русија пред 10 години се правеше дека се залага за Србија и за пет-пари го менуваше дијаметрално спротивно својот став,пред се затоа што 100$ беа поим за плата на еден инжинер а па камо ли работник во некоја фирма.Но со блискоисточната криза и нападот на Ирак од страна на САД работите тотално се изменија,нафтата енормно поскапува со што Русија станува можеби на чело од високоразвиените земји,особено што во последно време заработката порасна на 1500$ по вработен и Русија веќе не мора да ги менува своите ставови и интереси за мали пари како што тоа го правеше до пред некоја година.Пред некој ден Русија се откажа и од договорот за користење неконвенцијално оружје што беше знак дека заебанција со белата мечка веќе нема да има,особено кога и Кина е зад нејзиниот грб.
Има и вистина и во ова,башка Русија обезбедува(уценува за )гас пола Европа!Читав пред некој ден дека за 10 година мислам Русија ќе била меѓу првите пет економски сили во Светот.Дефинитивно со доаѓање на власт на Путин ја среди Русија дури сакаат да го менуваат Рускиот устав само за да може он да биде претседател уште еден мандат.Ќе видиме што ќе се деси.............
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Za ova veke govorevme nekolku pati :)
Po odnos na Kosovo ne e prasanjeto dali? tuku koga i kako?
i toa samo poradi igrava na rusija vo posleden period. Sepak ima eden moment so post SSSR republikite sto Rusija saka da go iskoristi ako se dade nezavisnost na Kosovo. Zatoa i najverojatno ke ima malo odlaganje da se sozdade kima deka Kosovo e unikaten slucaj....
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Тешко...скоро и невозможно...иако е реално да се добие, ама сепак нема така лесно...
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Понекогаш изгледа дека е можно, но како што рече трнот без борба не се даваат србите. Гласав за да, но мислам дека уште е неизвесно.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Понекогаш изгледа дека е можно, но како што рече трнот без борба не се даваат србите. Гласав за да, но мислам дека уште е неизвесно.
Не се само србите во прашање, во прашање се и некои други многу повисоки политички интереси на светско ниво.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
На крај Косово ќе биде поделено токму онака како што сакаше Милошевиќ само со таа разлика што Србите сега ќе го добијат и делот со манастирите на Печката патријаршија.Инаку што се однесува до Митровица со Трепча изгледа дека е веќе договорена работа особено со фактот што и Кинезите вмешаа прсти.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ne kako sto sakase Milosevic tuku kako sto sakaat negovite gazdi amerikanci ( da ne gi poglednam od koja proviniencija ABC ke se iznervira ) koi go odjebaa pa odfrlija kako PREDMET ZA EDNA UPOTREBA....sega podolgo vreme nesto nas ne mestat vo zgodna pozicija, a toa kuburite ni se pak zaglavenu u pojas...:):)!!!
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
многу интерсно, како и да мислам дека ќе има уште една војна на балканот
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не верувам во војни на Балканот од пред 12 години тоа се само наместени конфликти со профитабилна содржина.:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
Nema da ima vojna,se nadevam deka ke bidam vo pravo!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom