Мамурлук - дали знаете како се лечи?

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
8. За да ја спречите дехидрацијата напијте се енергетски пијалак. А потоа излезете на свеж воздух и направете кратка прошетка.
Хел је. :icon_cool

Red Bull. Jе*еш и моронски реклами и крила и све, ова како шо ме има дигнато прошли пут... Ништо. Го нејќам, го нејќам, ама рака на срце... Едно вакво ме извади. Партал се имав сторено вечерта.

Oк, витамин Ц или б – комплекс може.

Немам лош мамурлук, генерално. Никогаш немам повратено, не ми се гади, максимум – расположење и клатење додека пијам, и главоболка следното сабајле. Толку.
Последново беше исклучок. :icon_lol:
4. Во текот на денот напијте се чај од нане, зачинет со цимет, или едноставно подгответе си напиток од топла вода со лажичка цимет. Циметот ќе ви помогне да ги победите нападите на повраќање.
Ова ми се лоши од шо го читам. Нане и цимет?! Забога...
:pop:
 
Член од
14 април 2006
Мислења
65
Поени од реакции
2
Незнам зошто, ама до сега ме нема фатено мамурлук... И напиен сум легнал, и неспан сум бил... Ама кога ке станам секогаш сум бил супер!
Ја незнам колку и што пиеш, ама не ми делува на алкохол.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Сабајлечки одма еден туш и после упсарин ако мозеш и две раствори ги и испи ги.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Мене најмногу ми помага ладен јогурт, ме освежува, а за главоболка се знае два аспирина :wink:. И многу вода ...
Леле не. Кај мене јогуртот делува максимално лошо. И да не било некое сериозно пијанство, ако се напијам јогурт, ми се преобраќа желудникот и ме тера на повраќање,
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Со пиво. Те тера на мочање и потење, а со тоа се намалува количеството на алкохол во крвта. Само пазете да не претерате, 0,5л. до 1 л. би требало да е доволно.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Mojot recept e sleden:

Oligogal Se, toa ti e A,C,E vitamini + Selen,
dupli B komplex i
Magnezium shumeci.

Kafe normalno, sto jace, to bolje.

Za pola saat ne samo sto si kukurek, tuku ako ti zamirisa horny zenka u bliska okolina, ke gori pod Vodno ! :coffee: :hump::icon_bigg
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Незнам више колку апчиња имам испиено и колку комбинации и ниту една непомага :( најнова ми беше два аналгина,две це,две бе и лажица шеќер вечерта и демек како нова наредниот ден,нема веза.
Ме убива денот после пиење,начисто ме убива,ништо не помага.Се молам побрзо да заврши и да дојде нов ден :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Пред се пиење студена вода во големи количества и континуирано.

Истовремено, туширање, масажа навратот и главата, дишење чист воздух (посебно во есенски-зимски услови), истегнување, вежби со раце.
 
Член од
3 декември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
1
МАТИЧЕН МЛЕЧ !!! ЗА ТИЕ ШТО НЕ САКААТ РАСОЛНИЦА :wink:
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Најмногу помага кога ќе си одите дома, веднаш да испиете што е можно повеќе млеко. ПРОВЕРЕНО!!!. А и НИКАКО, ана баш никако немојте алкохолот да го мешате со сок. Најпомодарската и најбедната работа е да се меша вино со сок или вотка со џус, шток со кока кола. Одете во Франција и помешајте вино со сок и ќе ве исфрлат од барот како куче да сте. Со тоа го навредувате виното и воопшто целиот алкохол а и си штетите на здравјето затоа што алкохол кога ќе се помеша со секаков шекер освен со фруктоза(а џусот обично е 20% овошје и 80% прашок), во организмот ствара слаб отров од кој доаѓа 90% од мамурлакот.Со конзумација на алкохол потребно е да се пие големо количество на вода затоа што алкохолот исто така го дехидрира организмот.Но никако сок.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Не се сложувам, млекото не помага за мамурлук, и нема ништо подобро од вода -- некогаш се неколку капки иломон--за да се исчисти организмот од алкохолното труење.

А во Франција традиционално се пие црвено вино измешано со кисела вода. За другите мешавини не спорам.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Не се сложувам, млекото не помага за мамурлук, и нема ништо подобро од вода -- некогаш се неколку капки иломон--за да се исчисти организмот од алкохолното труење.

А во Франција традиционално се пие црвено вино измешано со кисела вода. За другите мешавини не спорам.
Да, никако со сок.
 
Член од
19 октомври 2009
Мислења
15
Поени од реакции
1
јас во ваква ситуација само ги следам сигналите кои ми ги дава организмот...за различно пијанство (од различен алкохол),помагаат различни средства...некогаш ми бара душата само вода,некогаш само сок,некогаш ладен туш,некогаш добар сон...а богами и инфузија :)...некогаш само ми се повраќа и од кога ќе се исповраќам...плакнам добро уста и можам пак од почеток... но никогаш до сега во животов не сум пиел таблети за спас од мамурлук...
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Мушки си ќутам и си трпам гадна главоболка цел ден. Највеќе затоа што сум приметил дека не постои метод што делува постојано.

Нешто што еднаш помогнало следниот пат може воопшто да не помогне или да ми направи полошо.
 
S

StormRage

Гостин
цеден лимон и кисела вода(многу од ова) јас така лечам на пр денеска станав ко труба (сношти вино и после пиво:uvo:) и ми се превршташе по стомаков ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom