Кошаркарска репрезентација на Македонија

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Не е у потесен список де, види погоре постот на вац. Перо го ставиле :tv:
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Врбица Стефанов, Владо Илиевски, Јане Петровски, Димитар Мираковски, Ристе Стефанов, Александар Димитровски, Дарко Соколов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Диме Тасовски, Перо Блажевски, Перо Антиќ, Џеремаја Мејси, Тодор Гечевски, Предраг Самарџиски и Бојан Трајковски.
Еве кои останале...
:tapp: Голема грешка:nesvest::tapp:треба поискусните да останат а и оние што се во форма
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Подготовките на екипата и изјавата на Арсиќ:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јовица Арсиќ, на денешната прес-конференција го претстави планот за текот на подготовките пред настапот на Европското првенство во Полска во септември годинава.

По базичните подготовки во Скопје и Златибор, репрезентацијата на почетокот на август ќе замине за Крањска Гора, Словенија, каде што се планирани по два пријателски натпревара со домашните селекции и со репрезентацијата на Бугарија. Германија е следната дестинација за нашите репрезентативци каде што ќе одиграат турнир со домаќинот, со Полска и со Хрватска.

Последниот тест за формата на македонските кошаркари ќе биде Ефес Купот во Анкара на кој освен Македонија ќе играат Турција, Хрватска, Германија, Летонија и Велика Британија.

„Најмногу ќе се фокусирам на враќање во ритам на играчите кои од различни причини не играа во изминатиов период. Врбица Стефанов ја испушти цела сезона, бидејќи беше без клуб, Перо Антиќ имаше повреда подолго време, а и тие што играа немаа баш сјајна натпреварувачка сезона. Квалитетот што го поседуваме не е спорен, но треба многу работа за да дојдеме до посакуваната форма“, истакна селекторот Антиќ.

Тој додаде дека на подготовките се повикани и неколку млади играчи во кои ги гледа наследниците на поискусните кои се пред завршување на кариерата.

„Ги повикав Дарко Соколов, Дамјан и Војдан Стојановски и Бојан Трајковски кои мислам дека со искуството кое што ќе го стекнат низ подготвителниот период и низ натпреварите и со напорна работа во иднина треба да станат носители на играта на репрезентацијата“, рече Антиќ.

За очекувањата на ЕП, вели дека е рано да се зборува и оти се ќе зависи од тоа како ќе се подготви репрезентацијата и каков ќе биде здравствениот билтен на играчите, но шансата за победа ја гледа во Израел.

„Групата во која е Македонија е многу силна. За Грција и Хрватска не треба многу да се зборува и знаеме кои се тие во кошарката и нивните амбиции се освојување медал на ова првенство. Шансата за пласман во вториот круг ја гледам во репрезентацијата на Израел која мислам дека е со сличен квалитет како нашиот, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме и на другите две средби“, вели Антиќ.

Директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски изјави дека од сите повикани играчи добил потврда дека ќе пристигнат во закажаниот термин за старт на подготовките, а тоа е 15 јули.

Повикани играчи се: Врбица Стефанов, Влатко Илиевски, Јане Петровски, Димитар Мираковски, Ристе Стефанов, Александар Димитровски, Дарко Соколов, Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Диме Тасовски, Перо Блажевски, Перо Антиќ, Џеремаја Мејси, Тодор Гечевски, Предраг Самарџиски и Бојан Трајковски.
а1

Интересни подготвителни утакмици, ќе ни требат силни протвиници, чисто сумљам дека формата на репрезентацијата моментално е блиску до оптимална.
 

Алексич

I'm LeGenD!
Член од
13 јули 2008
Мислења
567
Поени од реакции
23



Добра позадина, со распоредот на натпревари.
:vozbud:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Мислам дека во моментот , Ѓуров би можел да даде многу повеќе за репрезентациајта отколку Димитровски , но тоа е кога нашот селектор нема изгледено 1 утакмица од нашето првенство.Не дека Ѓуров е во некоја добра форма , но Димитровски нема изигрени 2 утакмици за 2 години , таков играч неможе да игра на ЕП.:toe:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
16 играчи има...Треба да испаднат уште 4, не зборете за Мачка пошо се гледа дека Арсиќ сака да му даде шанса...Стои тоа дека нема изиграно ништо, ама исто стои и дека неаме бољи шутер од него на таа позиција, па вреди ваљда се проба барем на припреми како ќе биде...Ако биде лош, логично е дека ќе биде избацен, ама ако се насети барем малце дека може да биде оној стариот Мачка тогаш сигурно е дека ќе влезе во конечниот список...
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
16 играчи има...Треба да испаднат уште 4, не зборете за Мачка пошо се гледа дека Арсиќ сака да му даде шанса...Стои тоа дека нема изиграно ништо, ама исто стои и дека неаме бољи шутер од него на таа позиција, па вреди ваљда се проба барем на припреми како ќе биде...Ако биде лош, логично е дека ќе биде избацен, ама ако се насети барем малце дека може да биде оној стариот Мачка тогаш сигурно е дека ќе влезе во конечниот список...
?Диме Тасовски !:pipi:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ах Мачка , Мачка .... го гледам на кеј со Перо нешто пробуваат да се вратат во форма кондиционо :pos2::pos2: Ама не им иде баш :))
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Најважен ни е Израел, а не Грција

Мечот против Израел, а не тој против Грција, ќе биде клучен за Македонија во фазата по групи на Европското кошаркарско првенство во Полска, смета македонскиот селектор Јовица Арсиќ. Македонија во септември втор пат ќе биде дел од завршницата на едно кошаркарско ЕП. Подготовките на репрезентацијата ќе почнат на 15 јули и ќе бидат се' до почетокот на првенството на 7 септември. Покрај Израел и Грција, во група со Македонија е и Хрватска. Место во следната фаза ќе нема само за последнопласираниот во групата, што значи дека и една победа треба да биде доволно да се помине групата. Арсиќ смета дека во групата сите три репрезентации се многу силни, но дека Израел е нашата шанса за триумф.

- Ако резултатите бидат реални, нема што многу да очекуваме. Меѓутоа на вакви натпреварувања секогаш има изненадувања. Верувам дека ние ќе бидеме позитивно изненадување на ЕП. Хрватска и Грција се фаворити за медал. Наша шанса ќе биде дуелот против Израел - вели Арсиќ, за шансите на Македонија да се помине групата.Македонија почнува против Грција, меч со кој се отвора и првенството. Потоа играме против Израел, а Хрватска е трет противник. Арсиќ смета дека треба да се размислува на резултат и дека најважно ќе биде да се победи Израел. Знае дека дуелот против Грција ќе биде посебна мотивација за сите играчи, но селекторот не обрнува многу внимание на тоа.

- Сакам да славиме и против Грција, но какво фајде ќе биде ако ги победиме Грците со два разлика, а потоа загубиме со 10 разлика од Израел. Тогаш и со една победа може да извисиме. Затоа сметам дека клучен меч ќе биде тој против Израел. Дуелот против Грција за мене ќе биде како и секој друг меч. Македонија долго време го очекуваше враќањето на ЕП. Сите играчи се мотивирани - објаснува Арсиќ.

ИЗРАЕЛ НИ Е ГОЛЕМ ДОЛЖНИК

Израел е голем должник на Македонија. Пред две години нашите загубија од таа репрезентација со 87-92, во баражот за ЕП во Шпанија. Тогаш Израел отиде на завршницата, а ние се вративме дома. Израел беше кобен за Македонија и на ЕП во Франција пред 10 години, кога „црвено-жолтите“ дебитираа на едно големо натпреварување. Во клучниот меч за поминување на групата, Израел победи тесно со 64-62.

Селекторот Арсиќ вели дека најважно ќе биде Македонија добро да се подготви за првенството и нема многу да се грижи за играта на противникот. - Најважно е ние добро да се подготвиме и сите да бидеме здрави за првенството. Играта на противниците ќе ја анализираме во последните 15-ина дена. Само Грција го има променето тренерот и тие може да имаат промена во играта и стратегијата. Хрватска и Израел се со старите селектори, а ретко кој тренер ја менува тактиката - вели Арсиќ.

ПОДГОТВИТЕЛНИ МЕЧЕВИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА

Вкупно 16 репрезентативци треба да се појават на првиот собир закажан за 15 јули во Скопје. Селекторот направи план според кој репрезентацијата во текот на подготовките ќе одигра голем број тест-мечеви. Базичните подготовки во Скопје ќе бидат до 24 јули, а потоа се патува во Златибор во Србија. Подготвителните мечеви ќе почнат во почетокот на август во Крањска Гора: два меча против Словенија и еден против Русија. Подготовките од 8 август ќе продолжат во Охрид, каде што покрај тренажниот процес ќе се одиграат по два пријателски меча против Словачка и против Бугарија. По Охрид подготовките неколку дена ќе продолжат во Скопје, а на 20 август репрезентацијата ќе оди на турнир во Германија каде покрај домаќинот ќе учествуваат уште и Полска и Хрватска. До крајот на август е закажан и турнир во Анкара на кој ќе учествуваат и Турција, Велика Британија, Хрватска, Летонија и Германија. Завршните подготовки ќе бидат во Скопје, а на 5 септември репрезентацијата веќе треба да биде во Ползан каде ќе ги одигра трите меча од својата група.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Mислам имаат шанси во сите натпревари и нема што да се предаваат од почеток велејќи дека во овој натпревар немаме шанси, треба да ја победиме Грција а најголем ќеф Хрватска, колку ги мрзам Хрватите и верувам дека секогаш со нив сме играле одлично.Треба да се игра до крај, но прво да се доведе репрезентацијата во одлично ниво, со одлични подготовки...
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
342
Поени од реакции
63
уште не можам да поверуам дека перо блажевски е земен е ѓуров не е.абе кај перо ке играе???виа не се салам.поарно петар наумоски пак да го земеа повеќе работа ке врше отколку блажевки!!!
воа е срамота незнам шо друго да кажам
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Ах Мачка , Мачка .... го гледам на кеј со Перо нешто пробуваат да се вратат во форма кондиционо :pos2::pos2: Ама не им иде баш :))
што им фали бе оди гледај ги како играат баскет на Ѓорѓи топ се
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Перо Блажевски ???
Косата му падна умот не му дојде.
И не сме дефицитарни на двојка тројка како што изгледа.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
уште не можам да поверуам дека перо блажевски е земен е ѓуров не е.абе кај перо ке играе???виа не се салам.поарно петар наумоски пак да го земеа повеќе работа ке врше отколку блажевки!!!
воа е срамота незнам шо друго да кажам
Па Ѓуров не знам со што би можел да помогне у репрезентацијата...Игра добра одбрана на играчи од наше првенство па дури и они последнава година го правеа мајмун у многу ситуации, а во нападот е благо речено неискористлив ... Дреме во ќош чекајќи некој да му додаде топка или пак да се одбие некоја топка...

Од друга страна го имаш Перо Блажевски...Легенда, играч на кого можеш во секоја ситуација да се потпреш ...Последниве 15 години ги игра во иста форма, а тоа што годинава беше повреден некој период не е знак дека он не е веќе стариот Перо...У секој случај може да биде повеќе вреден од Ѓуров кој во екипата само би пополнувал место...Перо покрива 2 позиции, а ако има некоја пенал-завршница не би требало да се двоуми на кого да му се даде топката за да биде фаулиран...

Да се разбереме...И јас сум за форсирање на млади играчи во репрезентацијата, ама Ѓуров не е млад и надежен играч него играч кој за некоја сезона ќе го снема...Не мислам дека вреди повеќе да игра он него Перо само затоа што е 6,7 години помлад...

И впрочем ќе има доста млади во Полска...Јане,Соколов би го земал,Дамјан Стојановски,Самарџиски , плус поискусните Тоше,Диме,Мачка,Мејси , и ветераните Перо и Врба тоа може да биде фина екипа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom