Кошаркарите ја бараат салата „Борис Трајковски“
Кошаркарската федерација на Македонија испрати јавен апел до државните институции со кој моли на сениорската машка репрезентација да и' биде дозволено да игра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. „Последните случувања околу одлуките за користење на спортската сала „Борис Трајковски“, сериозно го потресоа кошаркарскиот спорт во Македонија. Откако пред точно 10 дена официјално беше презентиран ценовникот за користење на салата, кошаркарите и кошаркарските работници во Македонија претрпеа сериозен удар кој веќе направи ненадоместлива штета на угледот, не само на нашата кошарка туку и на нашата држава. На само два дена пред почетокот, беше доведено во прашање одржувањето на ЕП за јуниорки во Скопје, за кое КФМ конкурираше и ја доби организацијата, најмногу заради новата сала (но не се играше во неа н.з.).
Понижувањата ќе продолжат и по првенството, на „Трофејот Македонија“ за сениори од 16 до 18 август, кошаркарски турнир од највисок ранг, на кој првпат во историјата на Македонија ќе настапат актуелни НБА-ѕвезди, а ние нема да бидеме во можност да им овозможиме да тренираат и да играат во единствената „нормална“ сала во Македонија, туку повторно ќе импровизираме во сала во која најелементарните услови се проблем. Таа сала е „Јане Сандански“, која единствено ја имаме на располагање. Кошаркарската репрезентација на Македонија е пред сличен испит, трите септемвриски квалификациски натпревари во Скопје треба да не' однесат на ЕП, се вели меѓу другото во апелот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7EA66D483DBA604ABE1F23787056DA39
И после викајте дека вмро било за македонија и дека биле патриоти