Кошаркарска репрезентација на Македонија

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Видлива невоиграност, без скок, слаб шут, тоа се проблемите кои стручниот штаб на нашиот национален тим треба да ги решава во овие десетина дена до почетокот на дополнителните квалификации.

Не оди, па не оди. Или најдобро кажано тешко им оди на Јовица Арсиќ и оние кошаркари кои останаа во најтесниот избор за дресот на сениорската репрезентација во овој подготвителен период.

Прво пречеа отсуствата, потоа повредите, пред некој ден се јави и нервоза, а како капак на с$, нема резултати.

Време е кога резултатите и не се толку битни. Но, очигледно е дека "црвено-жолтите" на десетина дена до почетокот на дополнителните квалификации, кога резултатите ќе се во преден план, се далеку од посакувањата.

Последните две проверки секако му послужија на селекторот да се увери во моменталните можности на селекцијата.

Но и ги прикажаа големиот број слабости и тоа како видливи во играта на нашиот национален тим, макар видени и низ ТВ преносите за ограничен број љубители на кошарката кои поседуваат "домашно кино".

Се чини дека главен проблем на Арсиќ, кој ќе биде најтешко да се реши, е невоиграноста. Јасно е и зошто е тоа така ако се знае дека во оваа селекција има голем број нови играчи кои досега не може да се пофалат со којзнае колкаво искуство.

А и оние кои важат за такви со репрезентативни игри "во нозете", се далеку од формата (како Димитровски), некои подоцна се вклучија (Илиевски), или се или беа повредени (Ѓуров) и некои (барем засега) не се во селекцијата (случајот Антиќ).

Ќе треба време, само дали ќе го има доволно, Арсиќ да "ги спои" Врбица Стефанов и Владо Илиевски на кои овие две средби им беа први по подолга пауза (онаа на Илиевски). Пред с$ затоа што тоа треба да е нашиот ударен тандем во квалификациите, на кој веројатно помош ќе му дава Ефтим Богоев.

Чкрипи и кај крилата, но најмногу се чини дека има "провев" кога се работи за центарската линија.

Крила немаме некој голем избор ако се знае дека на располагање се само Тасовски и Ѓуров,кои важат за таков профил на играчи. И тоа не е некоја новост кога се работи за националниот тим.

И онаму каде што досега бевме можеби и најаки, останавме со недоволно искуство.

Колку и да се добри Гоцевски, Аврамовски, Самарџиски, па и Вилкинсон, видливо е дека недостига играч од типот на Гечевски, да не зборуваме што како играч може Перо Антиќ.

Како прво и основно, одлично да ги пополнува двете позиции, да игра во тандем со Гечевски, кој денеска конечно треба да се појави на тренинг, и тоа оној вечерниот во салата " Јане Сандански".

Се чини с$ ќе биде поинаку доколку Арсиќ го спои овој тандем, заедно со оној бековскиот, најискусниот во една ваква поставка на работите.

Тоа би било и решение за главниот недостаток дефиниран во Опава, скок-играта.

Недозволиво слаби бевме во тој дел од статистиката против не баш високите Чеси, кои н$ натскокаа, и тоа двојно.

Што би било кога би ги имале Гечевски и Антиќ, останува да се види, но и да се решава, можеби уште денеска

Не е тајна дека имаше "краток спој" на релација Арсиќ-Антиќ. Не е веќе тајна и тоа дека високото крило јавно се извини за она што го направи во Опава.

Затоа во недостиг на вистински квалитет, би можело уште еднаш, условно кажано "двете страни", со помош на челниците на КФМ, да стават крај на таа лоша епизода или случка.

Пред с$ затоа што Македонија не е некој извозник на квалитет во европски рамки. Мора да се искористи секој потенцијал, а таков несомнено со себе го носи Антиќ.

И не би било добро кога с$ се сведува на "Арсиќ-Антиќ" иако, нели, добро се римува?

Петорка Стефанов-Илиевски-Тасовски-Антиќ-Гечевски е нешто сосема друго од оние кои "ги проба" нашиот селектор низ овие осум проверки во кои имаме негативен скор, три победи и пет порази.

Но и тоа ќе го заборавиме, само да се надминат ови веќе видливи слабости, и они решавачки дуели со Естонија и со Шведска да ги почнеме "како еден"..

www.sport.com.mk
 

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
kazete sto ima novo vo makedonija ja uste sum na odmor radikal cat pat ke me informira ali ne e toa toa (se salam)

pozzzzz do site
 
П

Паспарту

Гостин
kazete sto ima novo vo makedonija ja uste sum na odmor radikal cat pat ke me informira ali ne e toa toa (se salam)

pozzzzz do site
подобро да не знаеш што е ново во кошаркава кај нас, а уште подобро е да не ги знаеш и резултатите на репрезентацијата, така барем нема да си го расипеш одморот :)
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
подобро да не знаеш што е ново во кошаркава кај нас, а уште подобро е да не ги знаеш и резултатите на репрезентацијата, така барем нема да си го расипеш одморот :)
Се согласувам со Доолрокс:)....Седи си таму и уживајhehe
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Суспензија на неодредено време за Антиќ!

Перо Антиќ и дефинитивно нема да биде дел од нашата сениорска репрезентција во овој квалификациски циклус и, се разбира, ЕП, доколку стигнеме до еден таков резултат во дополнителниот турнир.

Ова доаѓа откако челниците на нашата федерација останаа на одлуката на селекторот Јовица Арсиќ, Антиќ да биде отстранет од подготовките на националниот тим

Согласно тоа, и пропозициите, репрезентативниот крилен центар е под суспензија. А дали ќе биде дополнително казнет, за тоа ќе одлучи Дисциплинската комисија на КФМ која треба да се собере во најскоро време.

Тоа значи дека "тројката" од комисијата, во состав Петар Денковски, Дејан Лекиќ и Марио Трифуновски, ќе одлучи дали и колку треба да се казни репрезентативецот за инцидентот во Опава кога го удри репрезентативниот колега Синиша Аврамовски.
КАПИТЕНОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ СО СВОЈ СТАВ

Ни треба секој квалитетет играч, значи и Перо Антиќ

"Перо Антиќ не треба да биде суспендиран и треба да се врати во репрезентацијата"- смета капитенот на нашиот национален тим, Врбица Стефанов.

Според предводникот на нашата селекција, Антиќ е и тоа како корисен играч, со големо меѓународно искство и пред с$ одиграни голем број европски натпревари, од сите нивоа.

"Пред с$ тој е корисен играч на позициите на кои игра, да не зборувам за искуството кое го има собрано во овие неколку години играјќи во силни лиги. Момент кој и тоа како ќе биде добредојден пред почетокот на овие дополнителни квалификации"- смета нашиот најдобар кошаркар.

Момент кој оди во прилог на констатацијата дека со и без Перо Антиќ, секако и Тодор Гечевски, оваа селекција со доста дебитанти не е иста.

Момент особено видлив по оние два последни порази на гостувањето во Чешка каде се забележани два убедливи порази во лоша игра, особено под кошевите каде беше евидентен недостигот на квалитет и пред с$ искуство кое со себе го носат Антиќ и Гечевски.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=1C3503F61F61114A9D70BC89A4539929
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Не ни треба Антиќ, никогаш не играл со срце за македонија а тоа стегачот од Ѕвезда никогаш нема да му го простам
 

Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА КОМПЛЕТИРАНА

Конечно, Гечевски!

Тодор Гечевски присутен на утринскиот тренинг во " Јане Сандански". Тој е последниот на кој смета селекторот Јовица Арсиќ за дополнителните квалификации.

Едно големо олеснување, еден голем товар му "падна" на селекторот Јовица Арсиќ во овие финални денови од подготовките за дополнителните квалификации.

Арсиќ го дочека доаѓањето на Тодор Гечевски, играч од кој зависат многу работи во играта на "црвено-жолтите" и тоа со години наназад. А особено битни во она што н$ чека во овој август.

Првиот центар на нашиот национален тим вчера наутро дел од тренингот на "црвено-жолтите" во салата " Јане Сандански". Се чини на задоволство на сите, најмногу на стручниот штаб, кој во изминатите денови имаше проблеми да ја формира одбраната.

"Па добро, Тоше одработи еден тренинг по кој не може да се зборува многу освен да се каже дека физички не е подготвен максимално и дека ќе му треба време. Но, за нас е најважно што е тука, што е подготвен да помогне, што и не било никогаш спорно"- вели селекторот Арсиќ."Нема дилеми околу Гечевски. Ќе ги одработи овие неколку тренинзи до поаѓањето за Талин. Нема да форсираме ништо, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата"

Ситуацијата не е баш идеална кога се зборува за здравствениот билтен?

"Не е идеална, ама во секој случај е подобра. Капитенот Стефанов има проблеми со тетивите, му треба време добро да се загрее. Но верувам дека по овој ден одмор кој следи, с$ ќе биде в ред.

Тони Грнчаров ми кажа дека ќе проба да се врати. Истото важи и за Пеџа Самарџиски. Но, тоа не се повреди од сериозен карактер. Се надевам дека до тргнувањето с$ ќе биде во најдобар ред.

Ристе Стефанов тренираше, и тука не е ништо сериозно, како и во случајот на Диме Тасовски, кој нормално го одработи последниот тренинг.

До сабота попладне, за кога е закажан летот за Естонија (преку Прага), "црвено-жолтите" ќе одработат три тренинзи. Веројатно уште толку ги чека и по доаѓањето во Талин.

"Имаше некои недоразбирања со домаќинот. Но се надевам дека се надминати или ќе бидат надминати до моментот кога ќе дојдеме во Талин. Дотогаш ќе работиме, се надевам комплетни. Ќе ја погледнеме заедно онаа прва средба во групата меѓу Шведска и Естонија, Ќе извлечеме некои заклучоци и дека и покрај с$, ќе бидеме подготвени за 13 август кога ги отвораме квалификациите"- заклучува Арсиќ.

http://www.sport.com.mk
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Кошаркарските репрезентативци на Македонија вчера имаа слободен ден, барем во однос на тренинзите. Сепак, не така мал дел од нив имаа активности, но во лекарските ординации, каде што бараа решение за проблемите со повредите. Некако најлоша е ситуацијата со Ристе Стефанов, кој чувствува болки во коленото, а поради повреди неделава надвор од тренажната активност се и Тони Грнчаров и Предраг Самарџиски.
- Ристе тренира, но поради болки во пределот на коленото не може целосно да се фокусира на работата. Ситуацијата воопшто не е наивна, но се прават напори проблемот да се реши. Вчерашната лекарска контрола покажа дека всушност станува збор за истакнување на мускул во близина на коленото, поради што Стефанов треба неколку дена да биде под рехабилитациски третман. Се надевам дека проблемот брзо ќе се реши и дека Ристе ќе биде стоотстотно подготвен за средбата со Естонија в понеделник во Талин - вели селекторот на репрезентацијата на Македонија, Јовица Арсиќ.
Ситуацијата со Грнчаров и со Самарџиски е нешто подобра.
- Грне и Пеџа полека влегуваат во ритам и очекувам од денеска веќе да почнат да тренираат со полна пареа. Станува збор за големи борци кои верувам дека ќе дадат се од себе за да влезат во максималниот ритам за претстојниот квалификациски циклус - дополнува Арсиќ.
Според селекторот, проблемите со повредите не го нарушуваат темпото со кое се тренира.
- Се надевам дека во Талин ќе ги имам сите кошаркари максимално подготвени за надигрување. Простор за импровизација нема. Ќе играат само оние најподготвените - е ставот на селекторот.
Тодор Гечевски, кој во средата првпат се појави на тренинзите на репрезентацијата, ќе патува во Талин, а на самата средба ќе се реши колкава ќе биде неговата минутажа.
- Тоше се уште е далеку од максималното ниво на подготвеност, поради што со него ќе бидам крајно претпазлив за да не го изложиме на преголем напор. Тој ќе биде во составот со Естонија, но колку ќе игра во моментов ниту јас не знам. Ќе се приспособиме на ситуацијата. Секоја минута што ќе ја мине на теренот ќе биде драгоцена - завршува Арсиќ.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1174&ArticleID=75485
 
П

Паспарту

Гостин
абе колку заврши шведска - естонија знае некој?
 
П

Паспарту

Гостин
Eстонија победи, не ми текнува на резултатот ама увртено ми е нешто 50:59 или 60:69
ајдееее значи го е*авме ежот изгледа а? :) како што сме тргнале најверојатно и двете во гости ќе ги изгубиме. три четвртини водиме, а во една губиме 20 разлика тоа е веќе стандард за овој наш менталитет и репрезентација
 

iLe

Prototype
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.399
Поени од реакции
29
Шведска - Естонија 50 - 57 точниот резултат .
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Доколу во наредните два-три дена нема подобрување, извесно е дека на средбата со Естонија ќе бидеме ослабени со неиграњето на одличниот бек-шутер.

Слободниот ден, последен за време на подготовките на нашата сениорска селекција, се чини дека најмногу ќе му користи на Ристе Стефанов.

Еден од кандидатите за шутерската позиција во репрезентацијата не ги издржа напорите на тренингот во средата попладне.

Причината е стара, повреда на коленото која го "држи" искусниот бек веќе извесно време, поради која Стефанов не ги одигра оние две последни "контроли" во Опава и тренираше со намален интензитет на последните тренинзи во "Јане Сандански".

"Не оди како што очекував. И навистина во моментов не знам што ќе биде. Не е добро и не оди на добро. Ќе тренирам добро два-три тренинга, а потоа повторно болки во коленото, појава на оток. И с$ така се повторува. Само не знам до кога"- констатира разочарано Стефанов по напуштањето на последниот тренинг.

Се чини дека ништо подобро не беше ни во оние "слободни" 24 часа кои им ги даде селекторот Арсиќ.

"Вчера почнав со терапија кај д-р Здравко Тројачанец. Се надевам дека во овие два-три дена ситуацијата ќе биде подобра и дека ќе може да му се ставам на располагање на селекторот"- додава Стефанов.

Тоа не е и единствениот проблем за селекторот Арсиќ во пресрет на заминувањето за Талин закажано за сабота попладне.

На последниот тренинг пред еднодневниот одмор, одвоено од екипата тренираа и Тони Грнчаров и Предраг Самарџиски.

Сепак, ситуацијата со нивните повреди е далеку подобра, особено кај Грнчаров, кој подоцна стана "активен".

Со оглед на доаѓањето на Гечевски, Самарџиски доби поштеда од посилни напори и продолжи да работи под надзор на лекарскиот тим во кој се докторот Виктор Тефчев и физиотерапевтот Михаило Маноилов.

Добра вест е што такви проблеми нема ниту капитенот Врбица Стефанов, кој претходно се пожали на "затегање на тетивите".

Б. Радуловиќ
Денеска (12.30 часот), прес-конференција во КФМ

Арсиќ пред новинарите

Денеска попладне, селекторот Јовица Арсиќ ќе го има своевидното "деби " пред новинарите, посебно ако се знае дека дека средбата е закажана во просториите на КФМ.

Претходно Арсиќ ја имаше првата средба со мак-медиумите како нов селектор на Македонија при она претставување во Агенцијата за спорт и млади, и тоа во друштво на "повратникот" во репрезентацијата, Владо Илиевски.

Овој пат "тема на разговор" ќе биде претставувањето на Македонија во дополнителните квалификации за ЕП во Шпанија. Почнувајќи од досегашниот тек на подготовките, па с$ до очекувањата и резултатот од оние четири средби во групата со Естонија и Шведска и евентуален пласман на квалификацискиот турнир во Менорка.
www.sport.com.mk ни се *ба мајката ако биде вака
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Без Петровски во Естонија

Последните тренинзи, како и вчерашната посета на Амбасадата на Шведска во Скопје даде одговор околу конечниот список на 12-те играчи на кои Арсиќ ќе смета за првиот квалификациски дуели.

Најавено е дека во Талин ќе патуваат 13, а место во авионот кој денеска тргнува за Прага некаде по 14 часот ќе нема единствено за Јане Петровски.

"Петровски ќе остане во Скопје и по враќањето од Талин од среда ќе се приклучи на подготовките за наредните натпревари"- потврди Арсиќ.

Условите ги диктира здравствениот билтен кој вели дека има неколку спорни играчи.

Во прв ред Ристе Стефанов, кој мачи мака со коленото. Нешто подобра е ситуацијата со Предраг Самарџиски па и со Тони Грнчаров.

Иако во последно време го "затегаат" тетивите, капитенот Стефанов не е под знака прашалник.
Естонија на "дланка"

Неколкуте снумки од игрите на " Панонија Купот" во Унгарија се единсвените кои селекторот Арсиќ и неговите асистент лазовски и Тодоров ги имаат на располагање.

Иако беа направени доста напори да "се симне" и последниот дуел, оној квалификацискиот во Стокхолм, каде Естонија ја совлада Шведска (57:50), засега оди тешко обезбедувањењто на касетата.

Но и без тоа, Арсиќ знае доста за нашиот прв противник

"Во секој случај не смее да се потценат воопшто. Доказ за тоа е нивната победа во Шведска. Имаат искусен тим, не претерано висок. Се чини дека искусниот Мурсеп ги држи сите конци во нивната игра. Физички се добро подготвени и се снажни, згора на тоа имаат и добар скок. Сепак, сметм дека можеме да им парираме адекватно и да дојдем до посакуваната цел"- вели Арсиќ.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=EE6D4B4FDF8B87438152E849249BA4F8
 

Kajgana Shop

На врв Bottom