Закопани работи

Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Кога бев мала, живеев кај баба и на село. Со другарките секој ден си игравме во дворот на селската амбуланта. Еднаш, не знам што ни текна, откопавме едно дрво од кај реката и го посадивме во дворот на амбулантата. Околу 2-3 години секој ден го полевавме и многу го сакавме. Ни беше нашето свето место. Потоа се вратив да живеам во градот. По неколку години дрвото вече порасна и беше доста големко. Одма до амбулантата имаше една многу стара куќа. Постарите ни се караа да не влегуваме в неа и не лажеа дека во неа има духови. Еден човек по потекло од тоа село што живееше во Србија беше сосптвеник на таа куќа.
По долги години се врати во селото и беше таков барач на злато, со апарат. Ја пребарал куќата, дворот ама не нашол ништо. И што го натерал ѓаволот со апаратот да бара под нашето дрво и овај прититкал. Зел да копа ама многу корени имало дрвото и го пресекол. Кога го извадил дрвото малку подлабоко биле закопани неколку златника.

По две недели загина во сообраќајка заедно со целата фамилија
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.494
Поени од реакции
84.989
Тетка ми сонувала некој глас кој и' опишал место, под некое дрво. И' било речено таму да оди, во точно определено време од денот т.е. приквечер и да тропне по корењата од дрвото (делумно излезени на површина). Кога ќе слушнала тап звук, таму да копа и ќе најде богатство. По некој ден, го нашла местото кое го видела на сон и отишла таму (во назначеното време) со тетин ми. Тоа било некое место во природа близу нива некоја or somethin' и тропнала по дрвото. Уште веднаш се слушнал тап звук. Во тој момент почнало да се слуша некое гласно завивање од кое се исплашиле и веднаш си отишле. Тетка ми рече дека тој звук што го слушнале не бил налик на волчјо или кучешко завивање.
Никогаш не се вратиле.
Тетин ми после некое време почина, ама мислам дека тоа немаше врска со настанов.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Ма нека писка шо сака...ја вадам багерот зимам 2 хектара земја со се дрво и одам...
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.345
Поени од реакции
75
Lelele,so da rabotam,nokeska sonuvav kako vo dvorot e zakopano naseto prvo kuce (pikinejzer)i nekoj mi vikase da otkopam oti ako ne go otkopam kuceto ke pratelo nesreka po nas,a ako go otkopam ke najam bogatstvo.So da rabotam da otkopuvam ili?

Ма нека писка шо сака...ја вадам багерот зимам 2 хектара земја со се дрво и одам...
Druz e car si,aj zaedno da odime da izvadime nekoe parice:tv:

Тајната на закопаното благо
Oд градот Кратово со коњите на Стојче Трајков по римската патека се искачивме во селото Горно Кратово кое лежи на една од падините на Осоговските Планини на надморска височина од 1100м. Таму живее и твори вајарот Златан Трајков. Тој во родното огниште во маалото Дуп ја довршуваше скулптурата Тешкото. - Македонското оро Тешкото ни вели Трајков, отсекогаш побудувало низа од позитивни емоции кај секој Македонец. Побудувало полет и вдахновение кои секогаш резултирале со дела. Фрагментов од орото што го вајам е кулминацијата од играта кога ороводецот се качува на тапанот што ја симболизира победата над сите тешкотии и неправди. Досегашните согледувања од поединци, државници и дипломати дека ни недостасува културен производ со кој на достоен начин ќе биде прикажан духовниот идентитет на нашата држава е токму ова дело.
Во непосредна близина на куќата на вајарот е карпата Пештер. Во неа има пештера со голем отвор и две нивоа во внатрешноста. При удари по подот се слуша подземен ек што наведува дека во длабочината постојат неиспитани пештерски окна.
- Додека беше жив чичко ми, продолжи да раскажува Златан ми кажуваше дека пештерата крие тајна на закопано злато.
До закопаното злато можело да се дојде ако во време на изгрејсонцето се застане на врвот на карпата точно на исклесаното калениче. Правецот каде што паѓа сенката треба да се следи се додека се пронаоѓаат знаци во облик на крстови. Таму каде што ќе завршат знаците треба да биде местото на закопаното благо. Меѓутоа да се пронајдат знаците во правец на сенката не е можно бидејќи просторот со текот на времето обраснал со шума која и понатаму ќе ја крие тајната на закопаното злато. Но, пределов чува уште една тајна - тајната за локацијата на римскиот град Транупара. Споед истражувањата на м-р Стефан Коцески во неговиот труд Кратово низ вековите, во Кратово и неговата околина во повеќевековното минато интензивно е експлоатирно рудното богатство за што укажуваат многуте локалитети со откриени рударски окна како и повеќето отворени складишта на преработена руда - згура. Кратовската област богата со наоѓалишта на олово, цинк, сребро, бакар и злато била рударско средиште во североисточна Македонија во текот на римското владеење.

По мапата Поинтингер се претпоставува дека градот Транупара се наоѓал на трасата од некогашниот антички и римски пат Стобис - (Стоби) - Астибо (Штип) - Пауталија (Ќустендил) - Сердика (Софија). Мапата Поинтингеријана е изработена од римскиот картограф Касториус (340 - 350 година) во Константинопол за потребите на римската држава. Многу подоцна во 1500 година е откриена од Келтес а откупена од германскиот хуманист Конард Поинтингер според кого мапата го добила името. Таа била отпечатена дури во 1753 година. Подоцна во 1918 година германскиот картограф Корнард Милер којшто се занимавал со античка картографија започнал да ја анализира и истражува мапата и тие свои проучувања ги внел во своето познато дело Итинерара Романа каде што извршил реконструкција и прецизна локација на одреден број на антички градови во поинтингеровата мапа. Тој проучувајќи ја нелогичната разлика во растојанието помеѓу градовите Стоби - Астибо - Транупара внесени во мапата на Поинтингер констатирал дека реалното растојание од 20 римски милји одговара на растојанието за градовите Стоби - Астибо а потоа доаѓа градот Транупара, што одговара на реалното растојание од 30 римски милји (1,480 км) со што го изменил редоследот на станиците. Наместо Стоби - Транупара- Астибо - Пауталија внесол Стоби - Астибо - Транупара - Пауталија, и дошол до заклучок дека на местото на денешното Кратово се наоѓал стариот рударски град Транупара. Меѓутоа дали Транупара се наоѓа на местото на денешниот град Кратово, во селото Горно Кратово или пак во селото Коњух прашањето е сеуште отворено. Во делото Историја на кратовската област од 1910 година од професорот Стефан Симиќ е наведено: - За ова би можело да ни послужат старите римски остатоци - ископини кои во Кратово се малку или воопшто ги нема, но затоа се наоѓаат во големи количини во Горно Кратово. Готово по целиот селски атар се ископуваат ќерамиди, гробници, големи ќупови, врчми и пари. Потоа постои поток што се вика Латишница и големи количини згура. Освен тоа преку оваа населба поминува стариот пат или џаде со кои се извршувал сообраќајот помеѓу Штип - Ќустендил и Софија. Постои и предание дека римскиот град се наоѓал на половина час од градот Кратово што одговара на местото на сегашното село Горно Кратово. Во поткрепа на овие наводи истакнуваме дека во археолошката карта на Република Македонија за локалитетот на селото Горно Кратово е наведено дека во нивата на Н.Трајков се откопани три питоса, а во нивата на М.Танев е најдена минијатурна статуетка од бронза со претстава на богот Меркур. Статутката се чува во музејот на Македонија во Скопје. Во римската религија Меркур бил бог зашитиник на трговците а подоцна и на патниците. Неговиот култ со извесни измени се одржал во одделни европски држави се до 20 век. Од височината на месноста Пештер го набљудувавме просторот што не опкружуваше, посебно долината со двете полноводни рекички каде што е сместено селото Горно Кратово. Сите фактори што ги изнесол професорот Симиќ одат во прилог на претпоставката дека тука бил лоциран римскиот рударски град Транупара.НЕ Е МОЕ ОВОА-ИЗВОР МАЕКО КРАЛЕ
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Imam eden prijatel,aka cesto po planini so detektor za metal i bara bog go znae sto...
Mi kazuvase za edna slucka so mu se desila pred nekoe vreme.
Pod drvo nekoe toa detektorot pocnal da pokazuva deka ima nesto ali demek pravilo bilo pred da se iskopuva da se posipelo brasno i da se ostavi da prenoki taka.Rano po sabajle trebalo da se proveri mestoto i trebalo da ima nekoja traga na brasnoto,demek sto trebalo da se dade za da moze bezbedno da se izvadi so i da e vnatre.Najcesto imalo tragi od kokoska ili nekoe drugo domasno zivotno.Arno ama koga otisol zemzeljov na mestoto u brasnoto imalo traga od covecka noga(baralo covecka zrtva za da moze da kopa).
Normalno fatil maliov gz preku glava i fitilj doma,vise ne se vratil na toa mesto.E sea,mozda nekoj mu prael dubara ali aj bidi muz pa idi i proveri:)))
Во Македонија има доста интересни закопани работи. Миленко обработи ваква тема во една од неговите емисии. Ме интересира дали држават ќе дозволи таква експедиција и истражување да се види на кои места што има. Зошто кружат разни теории за Македонија. И што се било тука, и што се е закопано. Малку кој знае за ова, освен ако нема доста стар дедо за да му каже некои работи. :icon_roll
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ископавме цела Македонија, маски, монети, гробници, ланци - тракатанци се најдоа а ниеден археолог не умре (ваљда некој пред тоа оставал курбан пред да се копа или археолозите се имуни на тавки клети блага).

Мисетерија и пол.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ископавме цела Македонија, маски, монети, гробници, ланци - тракатанци се најдоа а ниеден археолог не умре (ваљда некој пред тоа оставал курбан пред да се копа или археолозите се имуни на тавки клети блага).

Мисетерија и пол.
Не се согласувам, има толку многу региони кои се уште треба да се истражат. Повеќето од нив криијат интересни работи. Можеби ќе најдеме и нешто што ќе го искористиме против грчкава политика (читај фашизам).
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не се согласувам, има толку многу региони кои се уште треба да се истражат. Повеќето од нив криијат интересни работи. Можеби ќе најдеме и нешто што ќе го искористиме против грчкава политика (читај фашизам).

Не ми кажувај ти каде треба да се копа убаво си знам.

Темата е како демек некои злата проколнати и ѓаволи и троглави змејови!

значи сите што копаат (археолози, диви копачи, градежни работници, земјоделци, копачи од срце, од мука итн ) е во опасност.
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Имам слушано за работи што се закопани и проколнати,ама уште не сум слушнал некој да ги нашол тие работи.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не ми кажувај ти каде треба да се копа убаво си знам.

Темата е како демек некои злата проколнати и ѓаволи и троглави змејови!

значи сите што копаат (археолози, диви копачи, градежни работници, земјоделци, копачи од срце, од мука итн ) е во опасност.
Ау, навитина? Океј експерту, кажи ми на кои места си копал и што си нашол? Да знам дали секаде си истражил, или само збориш напразно...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Без остри тонови... можете да бидете и покултурни, сериозен сум. Нема потреба од такво обраќање, може Лорд Драгон е археолог или помагал при ископувања. И никогаш во никој случај неможе 100% да се испита целата територија.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Без остри тонови... можете да бидете и покултурни, сериозен сум. Нема потреба од такво обраќање, може Лорд Драгон е археолог или помагал при ископувања. И никогаш во никој случај неможе 100% да се испита целата територија.
Се извинувам .... Инаку не мислев 100% но сигурно има места кои се се уште непипнати од археолози и ископувачи, барем мое мислење ...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ау, навитина? Океј експерту, кажи ми на кои места си копал и што си нашол? Да знам дали секаде си истражил, или само збориш напразно...
Оди слободно на Кале потоа во Музеј на Македонија па ќе си видиш.

Темата не е за археолошки откритија, туку за некои "проколнати" злата, затоа ги поврзав двете работи.

Ако е така до сега ќе немаше ниеден археолог жив а богами и рудари и професионален копач на септички јами (ако налета на злато секако)


Темата се вика Закопани работи - ваљда зборуваме за некои приказни или за индикации каде би можело да има некое богатство, клетви оно ово нели?:smir:

Се извинувам .... Инаку не мислев 100% но сигурно има места кои се се уште непипнати од археолози и ископувачи, барем мое мислење ...
Има брате и тоа бајаги, а уште има многу места кои не се заведени во археолошката карта на Македонија (како археолошки локалитети)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom