Lelele,so da rabotam,nokeska sonuvav kako vo dvorot e zakopano naseto prvo kuce (pikinejzer)i nekoj mi vikase da otkopam oti ako ne go otkopam kuceto ke pratelo nesreka po nas,a ako go otkopam ke najam bogatstvo.So da rabotam da otkopuvam ili?
Ма нека писка шо сака...ја вадам багерот зимам 2 хектара земја со се дрво и одам...
Druz e car si,aj zaedno da odime da izvadime nekoe parice:tv:
Тајната на закопаното благо
Oд градот Кратово со коњите на Стојче Трајков по римската патека се искачивме во селото Горно Кратово кое лежи на една од падините на Осоговските Планини на надморска височина од 1100м. Таму живее и твори вајарот Златан Трајков. Тој во родното огниште во маалото Дуп ја довршуваше скулптурата Тешкото. - Македонското оро Тешкото ни вели Трајков, отсекогаш побудувало низа од позитивни емоции кај секој Македонец. Побудувало полет и вдахновение кои секогаш резултирале со дела. Фрагментов од орото што го вајам е кулминацијата од играта кога ороводецот се качува на тапанот што ја симболизира победата над сите тешкотии и неправди. Досегашните согледувања од поединци, државници и дипломати дека ни недостасува културен производ со кој на достоен начин ќе биде прикажан духовниот идентитет на нашата држава е токму ова дело.
Во непосредна близина на куќата на вајарот е карпата Пештер. Во неа има пештера со голем отвор и две нивоа во внатрешноста. При удари по подот се слуша подземен ек што наведува дека во длабочината постојат неиспитани пештерски окна.
- Додека беше жив чичко ми, продолжи да раскажува Златан ми кажуваше дека пештерата крие тајна на закопано злато.
До закопаното злато можело да се дојде ако во време на изгрејсонцето се застане на врвот на карпата точно на исклесаното калениче. Правецот каде што паѓа сенката треба да се следи се додека се пронаоѓаат знаци во облик на крстови. Таму каде што ќе завршат знаците треба да биде местото на закопаното благо. Меѓутоа да се пронајдат знаците во правец на сенката не е можно бидејќи просторот со текот на времето обраснал со шума која и понатаму ќе ја крие тајната на закопаното злато. Но, пределов чува уште една тајна - тајната за локацијата на римскиот град Транупара. Споед истражувањата на м-р Стефан Коцески во неговиот труд Кратово низ вековите, во Кратово и неговата околина во повеќевековното минато интензивно е експлоатирно рудното богатство за што укажуваат многуте локалитети со откриени рударски окна како и повеќето отворени складишта на преработена руда - згура. Кратовската област богата со наоѓалишта на олово, цинк, сребро, бакар и злато била рударско средиште во североисточна Македонија во текот на римското владеење.
По мапата Поинтингер се претпоставува дека градот Транупара се наоѓал на трасата од некогашниот антички и римски пат Стобис - (Стоби) - Астибо (Штип) - Пауталија (Ќустендил) - Сердика (Софија). Мапата Поинтингеријана е изработена од римскиот картограф Касториус (340 - 350 година) во Константинопол за потребите на римската држава. Многу подоцна во 1500 година е откриена од Келтес а откупена од германскиот хуманист Конард Поинтингер според кого мапата го добила името. Таа била отпечатена дури во 1753 година. Подоцна во 1918 година германскиот картограф Корнард Милер којшто се занимавал со античка картографија започнал да ја анализира и истражува мапата и тие свои проучувања ги внел во своето познато дело Итинерара Романа каде што извршил реконструкција и прецизна локација на одреден број на антички градови во поинтингеровата мапа. Тој проучувајќи ја нелогичната разлика во растојанието помеѓу градовите Стоби - Астибо - Транупара внесени во мапата на Поинтингер констатирал дека реалното растојание од 20 римски милји одговара на растојанието за градовите Стоби - Астибо а потоа доаѓа градот Транупара, што одговара на реалното растојание од 30 римски милји (1,480 км) со што го изменил редоследот на станиците. Наместо Стоби - Транупара- Астибо - Пауталија внесол Стоби - Астибо - Транупара - Пауталија, и дошол до заклучок дека на местото на денешното Кратово се наоѓал стариот рударски град Транупара. Меѓутоа дали Транупара се наоѓа на местото на денешниот град Кратово, во селото Горно Кратово или пак во селото Коњух прашањето е сеуште отворено. Во делото Историја на кратовската област од 1910 година од професорот Стефан Симиќ е наведено: - За ова би можело да ни послужат старите римски остатоци - ископини кои во Кратово се малку или воопшто ги нема, но затоа се наоѓаат во големи количини во Горно Кратово. Готово по целиот селски атар се ископуваат ќерамиди, гробници, големи ќупови, врчми и пари. Потоа постои поток што се вика Латишница и големи количини згура. Освен тоа преку оваа населба поминува стариот пат или џаде со кои се извршувал сообраќајот помеѓу Штип - Ќустендил и Софија. Постои и предание дека римскиот град се наоѓал на половина час од градот Кратово што одговара на местото на сегашното село Горно Кратово. Во поткрепа на овие наводи истакнуваме дека во археолошката карта на Република Македонија за локалитетот на селото Горно Кратово е наведено дека во нивата на Н.Трајков се откопани три питоса, а во нивата на М.Танев е најдена минијатурна статуетка од бронза со претстава на богот Меркур. Статутката се чува во музејот на Македонија во Скопје. Во римската религија Меркур бил бог зашитиник на трговците а подоцна и на патниците. Неговиот култ со извесни измени се одржал во одделни европски држави се до 20 век. Од височината на месноста Пештер го набљудувавме просторот што не опкружуваше, посебно долината со двете полноводни рекички каде што е сместено селото Горно Кратово. Сите фактори што ги изнесол професорот Симиќ одат во прилог на претпоставката дека тука бил лоциран римскиот рударски град Транупара.НЕ Е МОЕ ОВОА-ИЗВОР МАЕКО КРАЛЕ