Македонски специјални единици (полициски и воени)

С

Спенсер

Гостин
Дајте бе нешто и за rangerite....пишете ако знаете неш повеќе..
РЕНЏЕРИ-СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ НА АРМ

Секогаш еден чекор пред сите!

Одлучни да скокнат од хеликоптер во лет со полна воена опрема, вооружени до заби спремни за воздушен десант, но истовремено и совладувачи на водени препреки, подготвени за сите временски услови и зиме и лете на секаков терен, тоа се Ренџерите - единица за специјални операции, дел од составот на полкот за специјални операции во АРМ.

Одлучни да скокнат од хеликоптер во лет со полна воена опрема, вооружени до заби спремни за воздушен десант, но истовремено и совладувачи на водени препреки, подготвени за сите временски услови и зиме и лете на секаков терен, тоа се Ренџерите - единица за специјални операции, дел од полкот за специјални операции во АРМ.
Водени од мотото "Секогаш еден чекор пред сите", мисијата на Ренџерите е да го поддржува баталјонот за специјални намени. Тие се оспособени за изведување операции за поддршка на надворешната безбедносна политика на Македонија и другите редовни задачи во насока на зголемена ефикасност на армијата.

Совладуваат секаков терен, снежни, водени и планински препреки. Изработуваат привремени живеалиша на територија на непријателот во воени услови без да бидат забележани, притоа преживуваат хранејќи се со продуктите што ги нуди природата.

Единицата е формирана на 8 декември 2003 година и е составена од припадници на бившиот извидувачки баталјон, 501 падобрански одред како и дел од "волците". Составот е мешовит - Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и Роми. Бројот на овие високостручни припадници на македонската војска е строго доверлива тајна. Меѓу овие неколкумина без идентитет кои секојдневно живеат во сенка на обичните смртници, составен дел се и три девојки. Паралелно со момците, девојките рамо до рамо ги извршуваат зададените работни задачи со огромен успех.

Синџирот на командата во хиерархијата на оваа воена формација е составен од врвни стручни лица со соодветна експертиза секој во своето поле. Тие се грижат сите зададени наредби од претпоставените на генералштабот да бидат извршени глатко и беспрекорно. Секој од раководните кадри е со соодветно индивидуално искуство и образование стекнато во земјата и со учество на мноштвото курсеви, вежби и воени академии на земјите-сојузнички од Нато пактот.
"Следејќи го развојот на Нато армиите, а пред се армијата на САД и користејќи ги нивните искуства, се наметна потребата за поинаква организациска структура и способност на полкот за специјални операции. Така се формирани "Ренџерите" како составен дел од ПСО - појасни Марјан Јачевски, командант на Ренџерите.

Што е Ренџер?
Ренџер може да биде војник на АРМ со чин подофицер и офицер до максимално наполнети 29 години. Исто така и секој оној цивил кој сака да биде составен дел на оваа специјална единица на АРМ треба да има најмногу 26 години. Што се однесува за цивилите, треба да се има најмалку средно образование со завршен четврти степен, и висока психофизичка подготвеност. Покрај лекарските прегледи и безбедносната проверка, идниот ренџер треба да освои 206 бодови, што значи да истрча 3.200 метри, да исплива дадена цел со препреки и други кондициони задачи, објасни Марјан Јачевски, командант на Ренџерите. Командантот објаснува дека најважен услов да се биде Ренџер е кандидатот успешно да го помине 24- дневниот селективен курс.

наскоро ке има уште^^:violent1::violent1:
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
РЕНЏЕРИ-СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ НА АРМ

Секогаш еден чекор пред сите!

Командантот објаснува дека најважен услов да се биде Ренџер е кандидатот успешно да го помине 24- дневниот селективен курс.

уф дечко ми е во ренџерите и тој го минеше овој селективен..навистина тешко ...сеуште има трауми, навечер кога спие зборува во сон , клоца, бутка...
фала за постов....
 
С

Спенсер

Гостин
уф дечко ми е во ренџерите и тој го минеше овој селективен..навистина тешко ...сеуште има трауми, навечер кога спие зборува во сон , клоца, бутка...
фала за постов....
зарем до толку??? пуууу мајката... можеби не е многу јак психички...зависи од војникот тоа..некој само што држел пушка и полнел шаржери има трауми,а некој пак кој бил во најопасни акции и куржуми му летале над глава не му е ништо...зависи од карактерот...

сега уште е во Ренџери??? имав ја календар од Ренџерите...ако има нешто амблеми такви работи нека каже...
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Да уште е... и е многу психички спремен сега го унапредија ...го ставија во шпиуни таму у тој тим.. го бива многу...се пријавил на мисија да оди без мое знаењe...има се и сешто дома и календар и маици...
 
хехехе...мора во мисии...да земе поголем ЧИН и со тоа поголема плата...ако има за шиткање такви работи нека пише... (зачлени го на форумов...хехехехе)
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Добро бе па и вие тоа преку ПП воени тајни се тоа :)
 
DARK3R

Македонец
Член од
14 јули 2007
Мислења
99
Поени од реакции
0
Уф многу желба имам да идам во волци или ренџери или во било која специјална единица.. Ама ќе мора да почекам уште некоја година:icon_conf
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Уф многу желба имам да идам во волци или ренџери или во било која специјална единица.. Ама ќе мора да почекам уште некоја година:icon_conf
зш да почекаш колку години имаш?
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
е да треба да имаш и служено во војска ама и многу спремање ти треба во физички план ти зборувам а за психички да не збориме...
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
64
Поени од реакции
2
Гледам дека нешто расудувате слаба психичка спремност... Кога ќе пројдеш на обука тогаш зборувај колко си добар психички, вака преку форуми само губење време... Тоа време користете го за други работи, чим имате толкава желба...
 
аууу човече...негативец...:pos2::pos2:

ние не се фалиме дека сме јаки...само дискутираме...за желби и идни намери... ти ке идеш на конкурс некој?
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
64
Поени од реакции
2
Зборот ми беше тоа што некој рече дека таму дечко има имал зборувал во сон после обуката... а вие враќате во стил како нешто дека е неспремен. Сепак јас мислам дека било кој тука 15-16тогодишник не би можел тоа да го издржи психички ни 12 часа а камоли 24 дневна селекција... Штом некој влезе таму значи дека вреди... И исто така сакав да кажам дека тоа време што го трошите по форуми и глупости, подобро на некоја физичка активност за да сите тие што имате голема желба после 18 години да можете без проблем да си поднесете за отслужување на воен рок, ако ништо повеќе!!! Не мислев да навредам некого со претходниот пост...

Иначе слушнав пак нешто за враќање на служење обавезен воен рок, мада сумњам...
 
HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154

3 дена, т.е. 72 часа сум седел во болница без око да склоппам баба ми кога имаше мозочен удар, мајка ми и татко ми беа на одмор, и да, 15 години сум...
 
С

Спенсер

Гостин
Сепак јас мислам дека било кој тука 15-16тогодишник не би можел тоа да го издржи психички ни 12 часа а камоли 24 дневна селекција... Не мислев да навредам некого со претходниот пост...

Иначе слушнав пак нешто за враќање на служење обавезен воен рок, мада сумњам...
јас па мислам спротивно...дека ке издржам и неколку дена... можеби нема да правам исто толку вежби како другите бидејќи сум помал али ке издржам... да можам да се пријавам,би отишол...мала авантура...

нормално,без навреди...само што не вратив дека е неспремен,туку дека до толку ли многу е штетно тоа...

за војската и јас слушнав...можно е да се врати...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom