Скулгрл
Queen of the superficial::..
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 5.059
- Поени од реакции
- 70
- Возраст
- 36
Крај не може да дојде се додека има квалитетни членови, дискусија на ниво, за што нормално е потребна и добра администрација.
Коректни админи/модератори кои брзо реагираат, ја усмеруваат (ако е потребно) дискусијата во вистинскиот правец и го превземаат сето она што е неопходно за се да тече во нормален тек. Тоа е една од најважните работи.
Содржајни постови. Нормално дека не може секој да напише некој апла содржаен пост (од било која причина), но добро е ако се каже збор-два повеќе за некоја тема, да се контрира (на ниво) и слично. Постови од типот „Да,“, „Не“, дефинитивно би убиле секаква дискусија, бидејќи нема што да те пецне во постот за да му реплицираш.
Креативност. Исто ја категоризирам во една од најважните работи кои одржуваат еден форум жив. Ако нема креативни членови кои имаат идеи за интересни теми, дискусијата полека ќе замира. А материјал за нови теми ќе има секогаш, сепак се дискутира за скоро сите сфери од животот (освен на стручните форуми).
Ако сите овие работи се составен дел од еден форум, тој сигурно нема да замре.