Веројатно можам сега да се убацам у темава и да си побарам толкување на нешто што ми се случува веќе три години... Еве ја последната ситуација, од пред два дена...
Се наоѓам во римско време, се движам по дрвен мост. Од мојата лева страна - војник, кој ме води на мојата венчавка. Под мостот еден куп војници, а истиот е соединет со една огромна палата. Спуштам поглед надолу и гледам дека ја немам десната нога - него некој железен уметок. Тоа е првата аномалија по која сваќам дека сум во луциден сон, па се обидувам да превземам контрола и да креирам нова ситуација, но не успевам, па единствено решение ми е да се разбудам. Креирам дупки во мостот и намерно рипам од едната. (Рипање секогаш ми резултира со будење ).
Еве го чудното: Добивам неверојатно реално чувство дека сум будна. Си велам ок, будна си. Кога се обидувам да ги отворам очите, тоа е невозможно, толку многу ми се тешки. Се обидувам да викам, но немам глас, тоа го правам со некој внатрешен. Добивам чувство на вкочанетост, тотална парализа на телото, како некој да стои над мене, болка во градите, забрзано дишење, страв дека умирам, немир, тежина. Слушам се што се зборува околу мене, будна сум, а не сум, а будењето е невозможно. Најневообичаено од се, е тоа што некој или нешто како да извлекува дел од мене, на надвор.
.